Се' се враќа, се' се плаќа

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
40
Претпоставувам многу пати сте слушнале:"Остави го/ја,сеуште не знае дека се' се враќа и се' се плаќа ".
Дали навистина се' се враќа и се' се плаќа?
Се плашите ли дека ќе платите за направените грешки или пак дека грешките ќе ги платат вашите идни генерации?Сметате ли дека направеното добро дело можеби нема да ви се врати на вас,туку на вашите деца?
 
Јас оставам.Знам дека ќе и се врати кога тогаш.:helou:
 
Не се закачам освен некоја мала клетва,која ќе фати некогаш.Кога тогаш ќе се врати како бумеранг.
 
Баш имам забележано многу такви случаи и верувам во тоа се' се враќа и се' се плаќа, некогаш некој потешко поминува отколку што самите ние сме му мислеле, така да внимавам што помалку да грешам.
 
Доброто со добро се враќа, лошото со лошо.
Со еден збор Карма.
 
Ништо не се плаќа ни пак враќа. Иднината зависи од рандом одлуки кои го донесуваме инстинктивно, па макар и разработени. Но, убаво е. Од големиот копнеж, од големата желба дека се' се враќа и плаќа сwатките маwи мозочиња сwaтко не лажат дека таков сплет на околности е возможен. На исти начин како што работи стравот. Страв ни е од смртта, па веруваме во Господ и се со него проследно. Иако е уште една идеализирана илузија.
 
Ех сеа,дека децата мој ќе платат нешто што јас сум го направила не верувам!Ама дека мене ќе ми се вратат многу работи како бумеранг,да.Верувам дека се е со причина,дека секоја причина има свој заплет,перипетија и расплет,на крајот ако се лошо заврши секој си ја бара вината во себе или во другите нема трето.Кога сме самите криви и кога тоа го сфаќаме и прифаќаме и искрено се покајуваме поради тоа се јавува тоа `еден ден се` ќе ми се врати` .Барем јас тоа си го викам во моментов...
 
Доколку сам не си вратиш и платиш нема некој да го направи тоа за тебе а најмалку Господ :nesvest:
Не се сите доволно среќни за да им се наместат така коцките па да им се врати доброто со добро или пак обратно.Тоа што на некој му се случило нешто лошо не е резултат на ,,Господ гледа,, а пак најмалку плаќа за претходните генерации:tapp:
Едноставно се случуваат работи,добри, лоши....е сега на кој до што му е дојдено да примети...
 
мора да има некој баланс, како што се физичките закони, за секоја акција-реакција...
верувам во карма...
 
потполно се согласувам со блекаут, ништо не се враќа ако само не го предизвикаш тоа. на мн малку луѓе им се насмевнува среќата и кога тогаш си ги наплаќаат старите долгови...а сите ние останати сме обични смртници
 
Не е се така едноставно. Верувам дека некои работи ни се удираат од глава, како бумеранг, а некои едноставно, не. Не верувам во карма, берем не од таков тип. Знам многу луѓе кои биле добри речиси во секоја смисла на зборот, а имале многу, многу гаден живот. И обратно.
Светот е полн со такви примери. Ама се памтат само исклучоците, нешто како американскиот сон, го памтиме она што ни дава надеж, не окуражува. А несреќата најчесто е скриена во мноштвото и се гледа главно низ статистички показатели.
Значи, мислам дека нешто се плаќа, нешто се враќа, а нешто добиваме гага,сакале или не.
 
Кармата не е ограничена само на една инкарнација. Односно, помеѓу инкарнации нема Reset button.
 
Кармата не е ограничена само на една инкарнација. Односно, помеѓу инкарнации нема Reset button.

Сето тоа е ок ако веруваш. Јас, како и многумина не можам без резерви да го прифатам тоа тврдење, кое е религиско. А кармата често се случува да ја спомнам во некоја преносна смисла, без обврзаност кон нејзиното буквално значење.
 
frazata ja razbiram kako demek sekoja odluka na nekoj nacin se odrazuva vrz tvojot zivot ako bila pravilna(povolna) so nesto ubavo a ako e obratno so nesto loso...ali sepak ... zivotot e trkalo koe postojano se vrti
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom