Сe` се случува со причина

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Се се случува од чиста случајност. Нема судбина и слични писанија. Се е сведено на тоа каква одлука ќе донесеме во секој миг од нашите животи. Животот не е права линија, тоа го тврдат само оние на кои им е тешко да побараат мала уличка на среќата лево или десно од нив. или да се вратат малку назад.
 
Да.
Знате некогаш ако само размилите,зошто се случило тоа,па потоа размислите што ви се случило пред тоа да ви се случи,верувајте ке се уверите дека за се има причина.
како на пример ако се случило нешто лошо,тоа можеби било за добро,но кога ке се случи доброто,ние потполно го заборавуваме тоа.:smir:
 
Аристотел ја застапувал таа теза.
Јас се согласувам со неговите размисувања.
Заклучок-и јас сум за тоа дека се се случува со причина. (...малку од неговиот силогизам:smir:).

Само што може да се случи во тие самостојни анализи на настаните погрешно да се поврзат некои работи, за жал. Во природата постојат и мора да постојат некои закони со кои би се одржувала некоја рамнотежа. Инаку до сега светот би исчезнал.

Еве како размислува Аристотел- во природата се е создадено со причина. Растенијата се создадени за животните, а и тие и животните пак за човекот. Така да самото постоење на човекот е како некоја врвна причина на целокупната природа ( ова не е цитатот од Аристотел, но ако го најдам точно каде беше ќе го постирам).
 
se ima pricina
i se e posledica na nekoja pricina
i nisto ne mozelo da bide poinaku
oti se e samo posledica
na predhodnata sostojba...
 
Сите имаме предодредена улога,водени од коинциденциите ја градиме нашата иднина
 
Не оди секогаш рационализмот и реалноста. Сите сме сведоци на навистина необјасниви работи, нешта кои не можеме да ги разбереме, а уште помалку да им ја најдеме причината. Неправди кои компромитираат многу животи... Навистина е нејасно зошто мал милион снобови се раѓаат во семејства каде за 16 тиот роденден им купуваат најскап автомобил. А нивните другарчиња, не ги завртеле нозете ниту на велосипед... И зошто ние сме створени да бидеме себични и егоцентрични. Можеби некој ќе каже, природна селекција, демек, борба за опстанок... Но во свет каде 20 000 луѓе умираат од глад во една минута, а некој купува крзно за не знам си колку милијарди фунти таму, зарем немаме материјални добра во изобилие? Исто така не ја знаеме причината за создавањето на овој свет, ние само мислиме дека ја знаеме, затоа што сме окупирани со сопственото јас и сакаме да мислиме дека светот е настанат за да ние егзистираме на него... Генерално, верувам во коинциденции.
 
Значи секој сам си ја гради судбината значи како што сам ќе си пишеш така ќе ќе ти биде.Што ќе си надробиш тоа ќе си сркаш.
 
Spored mene sekogas nestata se slucuvaat so pricina,ne veruvam vo slucajnos ili sreka ili koincidencija no sekogas postoi odredena frakcija i lugje koi sto so ova mislenje ne se soglasuvaat...:toe:
 
Се се случува од чиста случајност. Нема судбина и слични писанија. Се е сведено на тоа каква одлука ќе донесеме во секој миг од нашите животи. Животот не е права линија, тоа го тврдат само оние на кои им е тешко да побараат мала уличка на среќата лево или десно од нив. или да се вратат малку назад.

А тие одлуки, во секој миг од нашите животи, ќе бидат правилно или лошо донесени поради некоја причина, којашто подоцна, ако добро размислиш, ќе сфатиш дека тоа навистина се случило со причина.:smir:
 
СЕ сложувам дека ништо не се случува без причина но се повеќе верувам дека дека токму ние ја креираме причината за нешто да се случи .се повеќе верувам во тоа дека само ние и никој друг не ја креира нашата судбина .Сегашниот живот е наша креација од минатото а како денес постапуваме ја кроиме судбината на иднината.
 
Беше пред некое време бев во охрид во еден ресторан и делеа тие како се викаат форчун кукис :) и погодете што ми пишуваше на ливчето : ништо не е случајно...
И точно е .. се ама баш се се случува со причина ...
 
Се се случува од чиста случајност. Нема судбина и слични писанија. Се е сведено на тоа каква одлука ќе донесеме во секој миг од нашите животи. Животот не е права линија, тоа го тврдат само оние на кои им е тешко да побараат мала уличка на среќата лево или десно од нив. или да се вратат малку назад.
malku kontradiktorno...
neli spomna ednas deka
covek ne ja bira svojata priroda
svoite sklonosti
vo taa prilika te poddrzuvav
ova nekako e kontradiktorno.
 
Нема случајности, има причина зошто нешто е вака, а не е така. Што се однесува на причината....неа треба да ја откриеме.... :)
 
Не постои судбина, значи се е случајност, искачаш надвор- те мава кола! Забораваш моб, искачаш 2 мин покасно- не те мава кола, веќе си поминала!
хехе, моја логика и верување :wink:
 
СЕ сложувам дека ништо не се случува без причина но се повеќе верувам дека дека токму ние ја креираме причината за нешто да се случи .се повеќе верувам во тоа дека само ние и никој друг не ја креира нашата судбина .Сегашниот живот е наша креација од минатото а како денес постапуваме ја кроиме судбината на иднината.

А дали некогаш си размислувала дека баш тоа што те прави да носиш одлуки сам за себе е причински поврзано .... дека постои причина за секоја твоја одлука , и дека постои причина за секој твој обид да си ја скроиш иднината и позади секој твој успех и неуспех.

(едноставно сите настани се причинско-последично поврзани меѓу себе, нема простор за нешто да се случи без причина , постои простор само за нас луѓето да бидеме неуки и да неможеме да го согледаме тоа , )

Иднината е одраз на минатото , а СЕГА го спроведуваме тоа.

Не постои судбина, значи се е случајност, искачаш надвор- те мава кола! Забораваш моб, искачаш 2 мин покасно- не те мава кола, веќе си поминала!
хехе, моја логика и верување :wink:

Верувам дека веруваш , дека светот е една голема плочка која ја носи една голема голема желка на својот грб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom