Се плашите ли од темнината? Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата ogi_bt
  • Време на започнување Време на започнување
и јас се плашев.....задкуќа...шупата...темна...ама еден ден решив да отидам таму,и одев чекор по чекор..СТРАВ:vozbud:
иии
на крајот застанав до врата.

состојбата се нормализираше,немаше бууу.

Оттогаш немам мака..забаваче бев ебаго..

Страв немам јас од темница.Сите оние што имаат значи дека се слаби со психата.Не мислете на тие лоши работи дека некој има позади вас,дека гледате сенки и такво работи.Пробајте да не мислите и ќе видите дека подобро ќе ви биде.

Грешка,не мора да значи дека се слаби.

црвеното=параноја

а последното е најлошо...да не мислиш=амеба.
 
Недостатокот на светлина, што би рекол Ајнштајн или темнина што би рекле ние, е состојба која постојано се зема во конотација кога сака да се предизвика страв или неизвесност. Оттука оправдано е честото плашење од истата кај поголемиот број на луѓе. Темнината како средство за заплашување кај луѓето се употребува уште од деца. Така што таа постепено прераснува во фобија која подоцна поголем дел од нас ја имаат цел живот. Колку побрзо успееме да се соочиме со овој проблем, толку побрзо ќе успееме и да го надминеме чуството на нелагодност, кога треба да помислиме дека треба да одиме или да поминеме некое време низ темнина. И јас, верувам како повеќето, помал имав страв од темнината, но успеав да ја надминам таа фобија многу рано приморан заради потребата да се враќам дома по улици кои секогаш беа темни дури и мрачни, а се заради добрите комшиски деца кои не дозволуваа ни една недела уличното осветлување да го покаже сиот свој сјај. Едноставно, многу добро гаѓаа во метата поставена на бандерата, која што патем ние останатите, ја викавме сијалица. Што разбираат деца.....:toe:
 
Се плашев. Not anymore. Дознав дека не е темнината причина за страв.
:):toe:
 
Мое мислење е дека стравот иде од нешто што не го познаваме ама не можеме да речеме дека тие што чувствуваат страв се слаби со психата затоа што на стравот може да се гледа и како на нагон кој те потстрекнува во одредени ситуации,без разлика дали е од темнина или од нешто друго,нормално кога е оправдан и во нормална доза
 
Човек се плаши од она што не го разбира.
Сите сме научени на сетилно познавање а во темнина не гледаме ништо... а прилична доза на страв ни додава и тишината во темнината.
 
Ма поише се плашам од светлина...темница,се е скриено не гледаш ништо. Пострашно е на светло коа гледаш што се те опкружува. Идам да спијам бе. Со изгасено светло, спуштени ролетни и веницијанки за секој случај.
 
Стравот од темнината не страв од недостатокот на светлина, туку страв од можни или замислени опасности скриени од темнината.
Јас искрено се плашам од темнината, не дека не можам да дејствувам нормално кога е темно, но секогаш посто онаа дополнителна претпазливост дека може нешто одзади да ми се прикраде и иииииии.
Инаку оваа мала доза на претпазливост - страв е нормална, физиолошка, природна. Кај човекот постојат повеќе вродени стравови како страв од изненадно пуштање на силен звук и губење на подлогата под нозете. Доколку стравот е нерационален и неразумен се нарекува фобија и тогаш се работи за патолошка појава.
 
Стравот од темнината е резултат на слаба психа.Самата помисла дека е темница и дека може "нешто" да ви излезе е доволно за да завладее паника и да се навлезе во бунило.
 
Нема потреба да се плашите од темнината ако имате фенер или знаете каде е дугмето за стуја.
 
Недостатокот на светлина, што би рекол Ајнштајн или темнина што би рекле ние, е состојба која постојано се зема во конотација кога сака да се предизвика страв или неизвесност. Оттука оправдано е честото плашење од истата кај поголемиот број на луѓе. Темнината како средство за заплашување кај луѓето се употребува уште од деца. Така што таа постепено прераснува во фобија која подоцна поголем дел од нас ја имаат цел живот. Колку побрзо успееме да се соочиме со овој проблем, толку побрзо ќе успееме и да го надминеме чуството на нелагодност, кога треба да помислиме дека треба да одиме или да поминеме некое време низ темнина. И јас, верувам како повеќето, помал имав страв од темнината, но успеав да ја надминам таа фобија многу рано приморан заради потребата да се враќам дома по улици кои секогаш беа темни дури и мрачни, а се заради добрите комшиски деца кои не дозволуваа ни една недела уличното осветлување да го покаже сиот свој сјај. Едноставно, многу добро гаѓаа во метата поставена на бандерата, која што патем ние останатите, ја викавме сијалица. Што разбираат деца.....:toe:
Кога ќе видиш од мноооогу одамна датира ова со темнинава. Не знам во која религија или некој пагански обичај whatever, кога ќе дојде темнината така надвор излегуваат чудовиштата и ѓаволите се додека не дојде пак утрото и доброто надвладеува. Константнен безконечен циклус. Темнина - лошо, светлина - добро... За се друго се заслужни нашите баби, дедовци, мајки, тетки итн итн со нивните страшни приказни да не легнат што побрзо во кревет и исто така холивудските режисери.
 
Покрај се има нешто мистериозно во темнината.
Не за џабе се рекло дека утрото е попамено од ноќта.
Ноќта, темнината е време за спиење, така предодредила природата. Кога е темно работниот капацитет на човекот е многукратно намален, на пр видот е значително ограничен и концентрацијата е намалена не само од умор туку и од неповолното дејство на непостоењето на директни сончеви зраци на кои е прилагодено телото да дејствува, па телото лачи соединение, хормон малатонин за да се одмора во текот на ноќта, т.е. за да спие и да ги прочисти синапсите помеѓу нервните клетки од наталожените невротрансмитери.
 
да бе многу се плашам
а зошто оти е темница :toe:
затоа сега не спијам седам на форумот чекам да се раздени :pos2:
господ да чува и да брани како можи да му е страв на љуѓето во темница има многу што познавам и се чудам баш е поубо ноќе помирно за поубај работи е ноќта :vozbud:
 
не се плашам од темнината, или можеби само малце
 
Како мал многу се плашев ...си правев филмови дека ке ми испадне нешто:uvo:

сега нормално не :toe:
 
И значи општа констатација е... дека ве плаши темнината или сепак не :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom