Се е ок, нели?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Јас правам така, затоа што колку повеќе луѓе знаат дека не е се ок-толку повеќе се зборува за тоа. Можеби ќе помогнат, но поубаво ми е да си преќутам, да помине периодот, сама со себе да се изборам и толку. И онака на никој не му е многу гајле дали е се ок:) Многу ретко кажувам кога не е нешто ок и тоа на луѓе кои ќе ме разберат и ќе бидат секогаш тука за мене. Ок, не секогаш, секогаш е преголем збор ама на луѓе кои очекувам да бидат тука подолго:)
 
DSC04349.jpg


Вака треба да се размислува...
 
Јас викам - "секое чудо за 3 дена"
Што и да биде ќе помине, потребно е само време да "легне" проблемот.
Се ќе биде добро, потребнa е само верба и позитивни мисли во нашите главчиња :)
 
Сум поминувала низ многу тешки периоди.
Тие периоди понекогаш траеле и по неколку месеци. Но, не сум дозволила никогаш да го покажам тоа пред другите.
Луѓето што ми знчат најмногу, знаат за повеќето од работите низ кои сум поминала. Секогаш сум ја имала најголема можна подршка од нив.
Но, има работи и некои периоди низ кои сум минала, за кои ни тие не знаат.
Бидејќи сум личност која повеќе е повлечена во себе, ретко да ги кажам работите што ме мачат. А тоа е затоа што увидов дека повеќето од луѓето гледаат само повеќе да ти чепкаат во раната која што најмногу те боли, за да се исполнат себе си.:toe:


 
I've been through more shit that you see on TV.
али life goes on. Кога не ми е нешо океј, не кријам. Зашто? Така се осеќам, зашо да се замарам да кријам и да ставам face smiles.
Некогаш и да сакаш, неможеш да ставиш во глава позитивни мисли. Ама најчесто таквите денови не завршуваат секогаш така, ме расположува друштвото, дури некогаш и мали ситници.
Многу е битно да имаш некој да те сослуша, секогаш колку лошо да се осеќам, после разговор со некоја сакана особа, може многу да направи да се чуствуваш подобро. Сега верувам во само една особа која знае како дишам, сродна душа ми е. Се ќе помине, кога имам лош ден, викам ај утре ќе биде подобро ;)
 
Па да, често кријам се под насмевка и си терам со животот. Не сакам на другите да им покажам кога сум ранлив за да не би можеле во следна прилика да го искористат тоа.
Природното право е да секој човек може да искористи се што му стои на располагање само за да полесно опстане.
Зошто јас да не го искористам правото да се прикажам како цврста личност дури и кога сите бродови ми тонат...
 
кога знам што ми е - ставам лажна насмевка
кога се осеќсм бедно без причина, најчесто се тргнам на страна, ако ме прашаат што ми е викам дека не ми е ништо ... а најмногу ме нервира тоа што во таквите моменти, се однесум не баш најкоректно ... малце сум избувлиива ... после ми е криво поради тоа,ама нема назад ...
кога гледам дека некој не лошо расположен, обично не пристапувам со "што ти е" ... поставувам индиректни прашања ... се обисувам да помогнам колку можам повеќе
 
Секогаш ја гледам посветлата страна на животот. Никогаш ништо не сфаќам сериозно или трагично.
 
Никогаш не сум глумела. Едноставно таква сум. Колку и да ми се дешаваат срања не покажувам слабост. Со тек на време ти станува скоро сеедно за било какво срање да ти се издешава.
 
Во некои ситуации кога ми се рушеше целиот свет што сум го изградила сум се смеела како нездрава и сите се чудеа како после нешто такво се однесував
како се да е ок.
А некогаш пак ми се има случено за нешто не толку лошо и битно да се расплакам пред луѓе :toe:
 
Ако е ОК значи дека е ОК! Можеш да се правиш нешто што не си пред другите но не и во душата да се лажеш. Не се тапкам по рамо, ако е ОК тогаш е ОК ако не е :tapp: јбг чекам да помине лошиот сон или се борам да биде подобро :toe: купи ден продај испадна :kesa:

п.с. не глумам пред никого, ако не ми е ОК нема да го гњавам никого со моите проблеми
 
Уф да,многу пати...а и сега во моментов.
Не е баш лесно да се правиш дека си добро пред другите а не си зошто болката која си ја имал во себе те издава.
Сепак секој си е различен.Некој успева да го прикрие тоа.
Кога сум таква сум многу избувлива,се карам за без причина,сите ми се криви.:uvo:
 
Не можам да сокријам, одма ми се познава по понашање.:toe:
 
Ej diridiridaridej smej se pej i se e okej.Така правам јас, и сокривам се.
 
тоа што нема да ме дотепа ке ме направи уште посилен!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom