Се е ок, нели?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Избегавам да кријам.... Кријам само кога морам поради оправдани причини (некад и да се направам силна али тоа може само пред машко ако ме одбие или сл.), али најчесто си покажувам дека нешо не ми е ок.....
 
Неможам да кријам,ретко кога се десило тоа...секогаш покажувам знаци доколку сум тажна или пак не е нешто во ред
 
Да, случувало се. И пак зависи од ситуација ама речиси секогаш сум успевала да го прикријам тоа шо го осекам.И не е лицемерно туку нормално, зашто па да си ги покажуваме слабостите, како никој да не знае пак дека тоа се е случувало на секој..
 
Meka osoba sum retko pokazuvam hrabrost :kesa:no imalo momenti i koga znam da zastanam na zdrava noga i da kazam Mil moras hrabro i napred sepak zavisi od situacija
 
Меѓу многуте такви ситуации, имав и една кога (смешно или не) ми кажаа дека кучето ми умре, а јас бев на работа и почнав да плачам, не можев да си ги приберам солзите. По 10 минути ме викнаа за симултан превод и идеја немав како ќе се извлечам. Појдов во тоалетот и си се гледав во огледало и си реков нема да оплескам сега, работата ми зависи од ова, издржи и кога ќе заврши с ветувам да се изнаплачам:toe: Многу има, ама ми текна сега на ова.:tapp:
 
Кога сум со луѓе со кои не сум толку блиска не покажувам емоции.. Тогаш се е ОК.. немам никакви проблеми.. расположена, насмеана. Меѓутоа пред луѓето што многу добро ме знаат и да сакам не можам да одглумам..:toe:
 
Мене во принцип почесто ми се случува ова,не е од причина што сакам да докажам дека сум силна личност туку од причина што не сакам да ги замарам луѓето со моите проблеми.Има неколку што ме знаат како дишам кои и без јас да кажам било што знаат дека нешто не е во ред со мене и нешто ми се случува и кои во било кое време се тука да ми дадат корисни совети и колку толку да ме смират откако секако добро ке се изнаплачам:pipi:
 
Внатрешните превирања во таквите периоди ме исцрпуваат. Како да живеам со цела гарда луѓе во сопственото Јас, и на ниеден од нив не можам да му удоволам. Најизменично ми следат убави, па моменти во кои не е се` ок. Но, психата е моја сопственост, се` додека не почне да ме контролира. А моментално почнува. Сепак, се` поминало. Ќе поминат и овие отровно слатки забранети мисли за тебе... Се` е ОК.
 
Кога ми е најтешко, тогаш сум најцврста и најнепроѕирна, преферирам да си ги лижам раните во мракот на сопствената пештера, за да не ми ги наплујат муви!
 
Се ли е во ред?
Ви се случило ли, да се чувствувате катастрофално, светот ви се распаѓа, ама сепак за да докажете дека сте силна личност која може да поднесе се, едноставно не покажувате или одавате никакви знаци дека е така?
Да а дефинитивно постојат и такви луѓе пред кои не е препорачливо да се манифестираат такви симптоми:smir:
 
Се ли е во ред?
Ви се случило ли, да се чувствувате катастрофално, светот ви се распаѓа, ама сепак за да докажете дека сте силна личност која може да поднесе се, едноставно не покажувате или одавате никакви знаци дека е така?
Уф да, ама се е во начинот на размислување, ако човек е доволно уверен дека можи да го стори тоа, тогаш тоа е вистина.
 
Кога се чуствувам катастрофално плачам и не ги потиснувам емоциите, едноставно неможам да го избегнам тој дел :toe:
 
Се е ок?неее,кога нешто не е во ред одма кажувам не издржувам да го сокријам тоа. :)
 
Нормално.
Секогаш се е ОК.
Дури и кога си комплетно свесен дека се лажеш самиот себеси за тоа.
Дури и кога знаеш дека катастрофата чука на врата.
Последното што преостанува во такви случаи,е да си докажеш на самиот себеси дека можеш да го издржиш тоа.
Не поради некоја особена причина,не дека ќе имаш некоја корист,но сепак,си ја докажуваш својата сила на себеси и тоа прави да се осеќаш добро,дава барем малку светлина низ гомнариите што ти се случуваат во дотичниот период.
 
Нормално.
Секогаш се е ОК.
Дури и кога си комплетно свесен дека се лажеш самиот себеси за тоа.
Дури и кога знаеш дека катастрофата чука на врата.
Последното што преостанува во такви случаи,е да си докажеш на самиот себеси дека можеш да го издржиш тоа.
Не поради некоја особена причина,не дека ќе имаш некоја корист,но сепак,си ја докажуваш својата сила на себеси и тоа прави да се осеќаш добро,дава барем малку светлина низ гомнариите што ти се случуваат во дотичниот период.

Себе-докажувањето дека си добар глумец и покрај се` е таа светлина низ гомнариите што се случуваат во дотичниот период. Тешко е да се најде некој кој може да ислуша, сфати или почувствува како се чувствуваш, so why bother being honest? Секогаш надвор од дома се` е ОК, насмевката ме дружи стално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom