СДСМ - ШО НАПРАВИ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Serdarot
  • Време на започнување Време на започнување
да не беше реалност, ќе земев пуканки и ќе се топкав од смеење...

а бе ај, ко за спори... уште еднаш...

КО ЌЕ САКАМ ДА ЗНАМ КАКВИ ДАЛАВЕРИ И НЕДАЛАВЕРИ НАПРАЈ ВМРО (било кое од нив), Лигата за Демократија или партијата на Амди Бајрам, ЌЕ ОТВОРАМ ТАКВА ТЕМА

темава е ТОЛКУ УБАВО ДЕФИНИРАНА:

ШО НАПРАЈ СДСМ!

шо се факјате за тој на Љубчо и Љубчојца...

а ти , јинг, напрај си реалити чек, жити се..

како можиш да пишиш/помислиш дека луѓето - жртви на ТАТ си се сами криви? :zid:

па како да не и верувам на БИЗНИСМЕНКАТА НА ГОДИНАТА, КОЈА ШО ТОГАШНИОТ ПРЕМИЕР ТАКА СЕСРДНО ЈА ПОДДРЖУВАШЕ (дури не ни ги лапнаа парите...)

а бе ... дај пиши нешо реално, нешо шо НАВИСТИНА НАПРАВИЛЕ

не сакам да кудам само...

скоро 5 години не сум таму...


АМА ЗА ТАТ и далаверите пред 2000-та поарно остај...

ко шо реков, за линч никоаш не е касно, па да не будиме заспани ѓаоли...

нека спијат поарно...
 
Garfield напиша:
Ме праша и ќе ти одговорам.
Ниту една држава не се создала себеси, да ја почитуваат во светот, а да не израснала како феникс од пеплиштата на војната и мирисот на смрта на нејзините деца.
Така.
Но, кога се отиде на другата варијанта, в ред.
Не сум јас против рамковниот, нека им е на сите, налет.

Паркингот е приватен, на Рамстор е. Ако јас си купам плац, и дозволам да се паркираш за 50 денари, не ја прашувам општината. Плаќам данок. Но зошто она што вредеше повеќе се даде за бадијала.
6700 денари продавач.

Го парафразирав Чакала, кој беше командант (сите беа команданти ама ај) у ОНА, си кажа на македонска ТВ за војната. Или не прочита.

Уште сакаш?

А ќе заборавев, другарка ми Шечерче. ОК, паметна, умна, ја бива, ама добар студент, не лидер.
Учи, ќе научи подобро од даскалот, ама не знае да држи предавања и никогаш нема да моѓе. не е таква. Штета.

Инаку, велат дека ако до 30-та не си левичар или либерал, а по 30-тата десничар, нешто ти фали.

Колку годинки имаш? 13-16-19-22?


Многуууу добра порака... Дека војната е начин на освојување поени. алал да ти е. Ниедна војна не е добра. Без разлика кој ке ја почне и зошто.

Не знаев дека зборуваш за паркингот на Рамстор. Ама ако е на Рамстор и е дел од тој трговски нема зошто да не наплатува онолку колку му чини. Впрочем, не мора сите да одат со кола до сам центар.


Ако зема некој 6700 (да речеме дека толку зема, јас не знам) тоа е исто право кое го практицира работодавачот. И ти да имаш твоја фирма не може државата да ти каже колку да го плаќаш вработениот.


Чакала е од ДПА и затоа зборува против ДУИ. Затоа што го чека затвор. И затоа што ДПА ги изгуби 90% од гласовите на Албанците.


Шеќеринска одлично си ја работи работата. Баш ни требаат добри и умни луѓе.


Она со либерали и десничари не го коментирам оти е една огромна глупост.

а ти во Македонија живееш?
 
Garfield напиша:
Линк?? Хехехе, злато, јас лично го поставив прашањето во Брисел. особено кога како тебе се излетав дека ние имаме мала 2.3 % им=нфлација. не си свесна какви се примери ми покажаа зошто во развиените земји се препорачува контролирана инфлација од не повеќе од 3%, а во транзиција 4-9, а ако може и на почеток околу 12 %.

Хехехе. Линк? Излези, диши воздух, послушај поискусни. Ќе научиш. не трчкај како прле пред магаре.



Извини. Кој ти кажа баш ТЕБЕ?
 
Никаде не реков дека војната е начин на освојување поени.
реков, мое решение, иако болно, во тоа време:
општа мобилизација, воена состојба. All out clash! Сличен муабет инаку ми го сложи албанец, 78 години човек, избегал од Енвер Хоџа, преку планина со жена и дробно дете, пцуејќи го синот, кој отишол од оваа преубава земја, во странство, бидејќи тука нашол слобода, чест, искреност. Човекот имаше знаме со сонцето на вергина дома.
рече, зад ова се кријат македонци и албанци жедни за власт што ја немаат, со цел да се обогатуваат на нашиот чесен грб.
Го прераскажав.

Поднаучи дека ни албанците ни македонците не се криви.

Виновни се сите оние кои не се во уставот.
Во оваа змеја живеат многу малцински заедници, една мнозинка. Сите тие се во уставот, освен една: политичарите! Тие се најникаквата малцинска заедница, скоро да ја наречам етничка, си личат, ко исти пенис да ги правел. Со ист ум, исти пориви.
 
StormAngel напиша:
ејгиииидиии дејгиидиии, едно женско партал ве направи бе.

ахах!

Да не направи од себе партал?

Запрепастен сум со каква леснотија голта кнедли

Нема дискусија на темава

Чао чао :wink:
 
yin yang, а дали знаеш дека истиот тој Велија Рамковски (кој патем појма немам зошто го спомна во темава - а да, ми текна, бидејќи не ги гледаш неговите вести, ти гледаш Македонска Телевизија), всушност тие милиончињата ги има лапнато во тандем со Илија Филиповски, поранешен министер од СДСМ? А знаеш зошто ги имаат лапнато? Дали знаеш всушност во чија сопственост е правниот субјект "АКС-ТРА" (STRATUS)?
Lunabela влошки, стратус алва, покемон, дигимон и сите слични чипсчиња? Дали знаеш дека си ги имаат фузирано фирмите? :)
 
yin yang напиша:
Garfield напиша:
Линк?? Хехехе, злато, јас лично го поставив прашањето во Брисел. особено кога како тебе се излетав дека ние имаме мала 2.3 % им=нфлација. не си свесна какви се примери ми покажаа зошто во развиените земји се препорачува контролирана инфлација од не повеќе од 3%, а во транзиција 4-9, а ако може и на почеток околу 12 %.

Хехехе. Линк? Излези, диши воздух, послушај поискусни. Ќе научиш. не трчкај како прле пред магаре.



Извини. Кој ти кажа баш ТЕБЕ?

Во европарламентот и ЕК кога имав country presentation а потоа и general discussion, а што ти значи тоа тебе. Или мислиш дека сите сме со исцибрени и со испиени мозоци како тебе и не не бива да бидеме некој и нешто, ами мораме да бидеме заблудени партиски полтрончиња?

Благодарам. Се покажа колку ти сече.

I rest my case!

Y'all know who!!
 
другарче напиша:
yin yang друже некако матно гледаш на работите, биди малце објективен. пошто ја браниш оваа влада предпоставувам дека или нешто не е во ред со тебе или си активист на СДС. али сигурно е ова второто... е сеа да се подсетиме за некои работи

како прво рамковниот договор ќе заврши кога ќе се вратат раселените
децентрализацијата уште не е завршена
невработеноста не паѓа туку се променија методите како таа се пресметува
за инфлацијата одлучува НБМ а не владата
ако фабриките се под стечај треба да им се обезбеди услови да се рестартираат а не да се гледа начин да си го наполниш џебот
рамстор можеби си платил поштено ама да се каже јавно на кој се платиле
ај подсетиме колку се странските инвестиции кај нас (велиш без нив би биле под земја)
подсети ме како се организира меѓународен тендер (случај веро)

и престани да ветуваш (лажеш) што ќе се случува во иднина со земјава, друга е темата на дискусија


Се прашувам дали ако пранев Кинези во Македонија ке ме обвиневте дека сум Кинез?

Рамковниот е донесен како закон. Раселените кои сакаат се вратија. Куките и становите имс е реновирани. Тие кои не сакаат не може никој насила да ги врати. Посебно не оние раселени кои си ги продадоа куките и становите на Албанци за големи пари.


Децентрализацијата е завршена во општините каде има градоначалници кои ги бива. Кој каков градоначалник си избрал таков си добил.

Точно. Затоа што не е невработен оној кој работи на црно и вади 20000 месецот и плус зема социјално. Ке мора да си регистрира фирма секој кој работи на црно. Ах да... и пазарџии и земјоделци и ситни дилери со колонијални стоки и шверцери со гаки од Турција. Одличен систем.


Ако одлучува само НБМ за инфлацијата тогаш зошто за сите тие работи ММФ преговара со министерот за финансии? Монетарната политика ја води владата, а НБМ е супервизија.


Ако фабриката е под стечај тогаш тоа знаши дека се затвора и повеѓе не работи се додека (ако) се надминат трошоците и не се најде купувач кој сака да инвестира во веќе пропадната фирма. Сакаш ти да купиш фирма што е во загуба од, да речеме, 2 милиони евра? и ако разговараме за транспарентност, каде е договорт за ТЕЛЕКОМ?


Рамстор јавно е кажано како и кому плати. Го има одговорот во прашалниците кон ЕУ (во дополнителните одговори) и го има во медиумите.



годишно околу милијарда (нешто под милијарда) евра странски инвестиции.


Тендерот за Веро беше поништен и се објави нов тендер и доби оној кој понуди највише пари. А ти кажи ми каков беше тендерот за ОКТА?


Не ветувам ништо. Констатирам.
 
Оф мори мајко, па ти не си за СДСМ ти си партиски послушник на ДУИ!!!
Сега ми е јасно со кого си имаме работа. Одродник!!
 
Serdarot напиша:
па како да не и верувам на БИЗНИСМЕНКАТА НА ГОДИНАТА, КОЈА ШО ТОГАШНИОТ ПРЕМИЕР ТАКА СЕСРДНО ЈА ПОДДРЖУВАШЕ (дури не ни ги лапнаа парите..)


Објаснив за ТАТ како функционираше во соработка со Албанските банки. А ти прашај го оној што доби бинго 999 000 марки и си ја продаде кравата за да му се направат 1 000 000 и сите ги вложи во ТАТ.
:pos: :pos: :pos: :pos:
 
Garfield напиша:
Никаде не реков дека војната е начин на освојување поени.
реков, мое решение, иако болно, во тоа време:
општа мобилизација, воена состојба. All out clash! Сличен муабет инаку ми го сложи албанец, 78 години човек, избегал од Енвер Хоџа, преку планина со жена и дробно дете, пцуејќи го синот, кој отишол од оваа преубава земја, во странство, бидејќи тука нашол слобода, чест, искреност. Човекот имаше знаме со сонцето на вергина дома.
рече, зад ова се кријат македонци и албанци жедни за власт што ја немаат, со цел да се обогатуваат на нашиот чесен грб.
Го прераскажав.

Поднаучи дека ни албанците ни македонците не се криви.

Виновни се сите оние кои не се во уставот.
Во оваа змеја живеат многу малцински заедници, една мнозинка. Сите тие се во уставот, освен една: политичарите! Тие се најникаквата малцинска заедница, скоро да ја наречам етничка, си личат, ко исти пенис да ги правел. Со ист ум, исти пориви.


Едни тврдат дека тие политичари желни за власт се СДСМ и ДУИ. Јас тврдам дека се ВМРО и ДПА.

Може е и ТИТО, ама ние толку знаеме. :roll:
 
ај чупе појди до Тетово, Гостивари, Крчова итн.
имав и пост за рекетарењето во полошко
а дека пола држава не ни е контролирана
и дека со страв одиш на бит пазар
и оти градат џамија во тафталиџе
и оти ќе избркаат се Македонско

е некои прашања не заслужуваат одговор
ах тој 15 септември
 
Мистичен напиша:
yin yang, а дали знаеш дека истиот тој Велија Рамковски (кој патем појма немам зошто го спомна во темава - а да, ми текна, бидејќи не ги гледаш неговите вести, ти гледаш Македонска Телевизија), всушност тие милиончињата ги има лапнато во тандем со Илија Филиповски, поранешен министер од СДСМ? А знаеш зошто ги имаат лапнато? Дали знаеш всушност во чија сопственост е правниот субјект "АКС-ТРА" (STRATUS)?
Lunabela влошки, стратус алва, покемон, дигимон и сите слични чипсчиња? Дали знаеш дека си ги имаат фузирано фирмите? :)


ВМРО ДПМНЕ имаше 4 години да докаже дека Велија е крив. Не направи ништо. Сега СДСМ сака да го гони.

Парите беа американска инвестиција во телевизија А1 за опрема, а типот си купи копани и и ги продаде преку УНИ Проком- сестринската фирма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom