Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
humanoid напиша:Благодарам на одговорите.
yin yang напиша:Што се однесува до расселените лица, вчера имаше прилог на вестите (заборавив на кој канал). Кажаа исто што и јас. Домовите им се средени, тие што сакаа да се вратат се вратија, останатите или ги продадоа домовите или стојат на ставот дека ке останат во привремените живеалишта.
Значи... не сакаат да се вратат, а услови за враќање имаат.
yin yang напиша:Јакимовски реагираше на тоа:
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=51804
„На обвинувањата на матејчани, министерот Јакимовски вели, дека работел според процедура. МВР заедно со Министерството за транспорт проверувале, дали раселените имаат каде да живеат. Врз основа на тие информации, Јакимовски ги испраќал решенијата за напуштање на колективните центри.“
Изгледа ке треба лично да отидам до Матејче и да видам кој лаже![]()
yin yang напиша:Го напишав ова на другата тема :
Нема војна. Албанците се интегрирани во државата.
Невработеноста опаѓа со 4-5%.
Индустрискиот раст, инвестициите растат со 4-5%.
За еден месец ке бидеме кандидат членка на ЕУ и ке започнат преговорите за членство во ЕУ, ке се олесни визниот режим и ке се отворат предпристапните фондови.
Инфлацијата е о,4%.
Во 2008 ке бидиме полноправна членка на НАТО.
До 2008 ке се укине задолжителното служење на воениот рок.
Рамковниот договр и децентрализацијата се завршени.
humanoid напиша:Ваков оптимизам немам видено![]()
Нема војна, но колку инциденти имаше во некои села и како се решија тие проблеми? Али Ахмети демек ги смируваше своите пајдаши. Дај ми потврда дали такви состојби се решаваат на таков начин во нормални држави?
Која невработеност опаѓа?Да не ти кажам кој се од моите најблиски остана без работа во последниве 2 години! И не, не сме членови на нити една партија.
Кандидати за членка во ЕУ?
Со 40% невработеност и со најмалку странски инвестиции во Европа, со највисока стапка на криминал и корумпираност!
Ова не се мои измислици, туку европски статистики и анализи!
Инфлација? Мислиш дека е природна таа инфлација што ја имаме? Какво покритие имаме? Поразговарај малку со економисти од некои развиени земји и прашај ги зошто сите моќни земји имаат повисока стапка на инфлација од нас а сепак се економски 10000 пати помоќни од Македонија.
НАТО...Некако постојано се одложува влегувањето...ќе ми објасниш ти зошто.
Укинувањето на редовното служење на војска не е примарен услов за влез во НАТО. Некои членки имаат задожително служење, но сепак се членки.
Која децентрализација завршена?![]()
Нема да коментирам овде![]()
Keep the good work :wink:
Мистичен напиша:Пред 2 години додека работев за Henkel, во неврзан муабет со Словенец (нивен менаџер) околу нашиот (македонски, државен, не на фирмата) економски пораст ми рече: "па тој процент што го имате вие и ништо да не работите ќе се направи сам од себе".
Мислам дека беше во право човекот.
напротив, да работиме! А не да мислиме дека овие цифри со кои се фали владата имаат некакво реално значење!yin yang напиша:Мистичен напиша:Пред 2 години додека работев за Henkel, во неврзан муабет со Словенец (нивен менаџер) околу нашиот (македонски, државен, не на фирмата) економски пораст ми рече: "па тој процент што го имате вие и ништо да не работите ќе се направи сам од себе".
Мислам дека беше во право човекот.
Ајде да не работиме.. штом така викаш
На пример, нека прекинат со работа сите текстилни фабрики во МКД со годишен прилив од половина милијарда долари, нека прекине со работа МАКстил и ќе чекаме од Бога росица ака самоодршувачки прираст, произведен од вакуум.![]()
Мистичен напиша:yin yang напиша:Мистичен напиша:Пред 2 години додека работев за Henkel, во неврзан муабет со Словенец (нивен менаџер) околу нашиот (македонски, државен, не на фирмата) економски пораст ми рече: "па тој процент што го имате вие и ништо да не работите ќе се направи сам од себе".
Мислам дека беше во право човекот.
Ајде да не работиме.. штом така викаш
На пример, нека прекинат со работа сите текстилни фабрики во МКД со годишен прилив од половина милијарда долари, нека прекине со работа МАКстил и ќе чекаме од Бога росица ака самоодршувачки прираст, произведен од вакуум.![]()
напротив, да работиме! А не да мислиме дека овие цифри со кои се фали владата имаат некакво реално значење!
Беда...
yin yang напиша:Не се рашаваат така во нормална држава................отколку тоа како ќе најдат средства за греење на тоа школо.