Самоубиство!

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Значи на крајот ќе треба да се справиш со самиот себеси!?:cautious:
Да де, затоа е самоубиство, ама не е себично пошто ја чистиш земјата од ѓубре. Прво ги решаваш тие што заслужуваат - злото, не им дозлолуваш да заминат без да си го платат цехот, со тоа и стануваш зло, а потоа се решаваш себеси. Тоа се вика ставање на главата в торба и е заебан договор, не може ништо повеќе да ти земат затоа што се е веќе земено, ниту заплашат или уценат, а животот е даден во замена за смртта на непријателот. И нема повеќе зло, сите ќе си живеат среќно, или не - тој е концептот.

Гадна работа, ама и тоа постои:
https://en.wikipedia.org/wiki/Kamikaze
 
Последно уредено:
Не би можел многу да пишам во темава не сум начитан и подготвен ама да дадам мое мислење а тоа е дека самоубиство за мене е нешто најлошо па колку и да ти се проблемите до врвот дојдени и не можеш да се справиш со нив самиот. Нормално е да бараш решение како да излезеш од тој лавиринт на проблеми. Барате помош и совети од пријатели, одите кај психијатар на терапија доколку имате можност. Сепак се зависи и какви се проблемите.
Самоубиство не ги решава проблемите туку само остануваат некој и нерешени работи исто така болка во семејството дека згаснал живот.
 
Последно уредено:
Да де, затоа е самоубиство, ама не е себично пошто ја чистиш земјата од ѓубре. Прво ги решаваш тие што заслужуваат - злото, не им дозлолуваш да заминат без да си го платат цехот, со тоа и стануваш зло, а потоа се решаваш себеси. Тоа се вика ставање на главата в торба и е заебан договор, не може ништо повеќе да ти земат затоа што се е веќе земено, ниту заплашат или уценат, а животот е даден во замена за смртта на непријателот. И нема повеќе зло, сите ќе си живеат среќно, или не - тој е концептот.

Гадна работа, ама и тоа постои:
https://en.wikipedia.org/wiki/Kamikaze
Прелошо , воопшто не се согласувам со ова . Тој шо извршил самоубиство можеби ќе се ,,спаси " иако не знаеме што го чека горе . Ама дефинитивно ќе остави пред се гнев , а потоа болка за луѓето што го познавале . Коа се збори тема за самоубиство морам да го кажам следново што секогаш го напоменувам : Има луѓе болни од неизлечливи болести низ светот што сѐ би дале да бидат уште со најблиските но сепак им се одбројани деновите ,неделите , месеците. Ценете го животот и помислете дека некој би сакал да го има вашиот проблем ( финансиски * материјален * ) поради кој некој одбира самоубиство , а некој друг се бори да преживее уште некој ден повеќе .
 
Што би правеле кога би немале право на живот? Дали тогаш би помислиле на ова?
 
Дали убивте некого? Колку што разбрав - не.
Дали Вие бевте таа што некого малтретираше? Одговор - не.
Зошто немате право на живот? Затоа што некој Ве повредил во младоста?
Потрудете се лошото искуство да го потиснете. Мислете на добри работи и на иднината. Знам што значат трауми од младоста, не се забораваат лесно. Но ако не можеме да го смениме минатото, можеме да ја смениме иднината. Главата горе и само храбро напред.

ПС
Ако треба посетете психијатар. Знам дека на овие години тоа ви изгледа страшно, но не срамете се. Камо среќа и јас во млади години да соберев храброст па да го посетам. Сега ми е сосема нормална посетата на психијатриска клиника. Исто како и било која друга клиника.
 
Имам посетено но не ми помогна, беше во државна поликлиника во мк, и се утепав барање од психолози, или некој за разговор но не со апчиња.
Инаку немам малтретирано никој, немам убиено, ниту ми значел овој ниту ништо, едноставно такви беа безизлезни околностите.
 
Затоа Ви велам дека Вие не сте виновни за ништо. Животот е пред Вас, храбро во иднината. Ако добро разбрав имате сопруг, дете... Зарем тоа не е доволна причина за живот? Бидете лавица, борете се за својата среќа и за своето семејство. Еднаш сте покажале дека можете да се изборите со насилникот, сега покажете дека можете да се изборите со траумите од младоста.
 
Да да, имаме и дете што писка,се радува кога го зимаме од градинка, или кога доаѓаме од работа, од пат, што не сака и само ради нив собирам сили.
 
Зарем треба поголема причина за живот?
Зарем има поголема среќа отколку човек да го гледа своето дете?
 
Што би правеле кога би немале право на живот? Дали тогаш би помислиле на ова?
Извини друже ова не е Северна Кореја.
Колку толку функционираме.
Иначе, попрво би избегал ако би немал право на живот, него ли да бидам робија на некој си злобен владател.
Kim не е таков како што се прикажува, да видите у позадина каков е. Затоа доста луѓе бегаат.
 
Не е со робија моево, туку некој непријатни настани од минатото..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom