Не, едноставно тоа се луѓе кои што не можат повеќе да го носат своето бреме, она што наводно Бог на секој му го доделил како адекватно за него, изгледа кај некои луѓе сепак направил грешка или пак планирал да си го одземат животот за да може да казнува?
Траги-комична ситуација е колку и да се обидува некој да си ја разјасни, во моментите на суицидалност никогаш не размислуваш за она што Бог го наложил, или веројатно, не ни веруваш во неговото постоење, едноставно сакаш да заминеш.
Да те нема и тебе и проблемите и проклетата рамнодушност или анкциозност.
Јас лично, верувам во сопствен избор, тоа е твојот живот на крајот од денот и никој не заспива и не се буди во твојата кожа освен ти, ако не можеш да ја истрпиш и го гледаш излезот во убиството, сопствено, да.Тогаш тоа е твојата конечна одлука.
Се работи само и исклучиво за тебе.