Самоанализа - Кој сум јас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dark Angel
  • Време на започнување Време на започнување
е јас никако не можам да видам каков сум, но вистински да се откријам, не само површно

дали не знам да бидам искрен со себе, или всушност не сакам да ја дознаам вистината, не знам, но едно од овие двете е
 
Не да е тешка работа туку премногу е тешка.
Јас не можам да се самоанализирам зашто не можам ни да се сфатам себеси.
Премногу комплицираност иницијализирана на едноставност и сето тоа собрано на едно единствено место т.е. во едно човечко суштество едноставно не бива.
Правам работи за кои не знам зашто ги правам и за кои се чудам самата на себе, а упорно продолжувам напред. Ако земам да се самоанализирам, ќе ја изложам само позитивната страна зашто негативната не ја ни гледам или пак можеби замижано ја одминувам. На крај сепак пристрасноста ќе надвладее и нема ништо да испадне.
 
Често некои кога се самоанализираат мислат дека се над сите и дека само тие се идеални,а не ги здогледуваат нивните мани..

ако зборувам лично за мене единствено нешто што би го кажала е дека на моменти сум толку многу тврдоглава и да не сум во право нема да сакам да признам..ама подоцна кога ќе се смири конфликтот го признавам
 
Си го познавам карактерот доволно па знам што можам да направам во одредени моменти... Само ме загрижува тоа што знам дека ја избирам погрешната опција но сепак ја избирам и си велам... Така требало да биде ЛОЛ... :pos2: Али тоа ти е јебига...

Ги глеам и маните што ги имам ама тешко дека ке можам да променам нешто .. иако работам на случајот :toe:
 
Kolku poveke se analiziram,tolku poveke se fakam sebesi deka ne se poznavam ,i tolku mnogu gledam deka gresam so sekoj izminat den.I podobro mi e da ne trgnuvam od taa tocka na samo analiza .
 
Кој сум јас?

Прашање кое отсекогаш ме терало длабоко да размислам.
Кој сум јас?

Дали сум јас младо момче, кое обожава музика, сака добри комедии, обожава сонце, но сака и дожд?
Не. Тоа не сум јас. Тоа се само еден мал дел моите желби и моите омилени работи.

Дали сум јас човек кој е вреден, упорен, духовит, искрен?
Не. Повторно тоа не сум јас. Тоа се моите особини кои ме прават она што сум.

И повторно сето ова ме навраќа на едно, едноставно прашање.
Кој сум јас?
Навидум едноставно прашање, на кое е многу тешко да му се најде правилниот одговор...

П.с. Јас мислам дека го најдов... Јас сум оној кој сум, и се надевам дека ќе бидам она што треба да бидам.:smir:

Што мислите кои сте вие? Како се доживувате себе си?
 
м.. Едно доста кратко и навидум едноставно прашање, но многу тешко се наоѓа и одговор на истото..
Браво за темата гладиус..
Па вака..
Што знам.. Во првиот пост е наведено како дека карактерните особини, омилените нешта, интересите не се одговор на ова прашање али не се согласувам баш со тоа.. Сепак.. Тоа ЈАС е голем збор. Тоа ЈАС е се што не прави и изградува, се што проживуваме, помислуваме, посакуваме.. Се што не опкружува.. Се тоа од интереси, до карактер се работи што го градат тоа ЈАС и го прават уникатно и посебно..
Секој си е уникатен баш поради тоа јас.. Поради тоа што колку и да си сличен со некој во нешто.. Тоа јас е изградено како што кажав од се што те опкружува.. А тоа СЕ е толку многу.. Што секогаш ќе има нешто во твојот живот или карактер или интереси што тој другиот колку и да наликува на тебе го нема.
Е сега.. Која сум јас?
Јас сум мала, бунтовна, искрена, амбициозна, конфузна..
Јас сум девојка што го промашила патот во животот и се труди да се врати во колосек.
Јас сум борец.
Јас сум онаа горчлива реалност.. Плод на нејзиниот погрешен избор.. Падот на нејзиниот морал.
Јас сум слободен уметник, малечка со лажна насмевка..
Јас сум кловн со тажно лице, паднат херој со илјадници маски.
Јас сум она што јас сакам да бидам.
Јас сум она што го живеам.
Пропадната инвестиција.
 
Кој сум јас, кој сум јас а? Јас сум во дефект:pos2:. Суштински, никогаш не сум успеала да се дефинирам до крај, затоа што зависно од расположението, го доживувам моето постоење и моето јас, на различни начини. Се идентификувам со моите цели, а ги имам секакви - љубовни, работни, семејни... Сум се чувствувала многу понижена и повредена, та тогаш јас сум ,, никој и ништо", додека кога среќата ќе продре низ епидермалното ткиво станувам ,,способна и амбициозна". Вторава кожа повеќе ја сакам, ми прилега и добро се чувствувам во неа. Така што, јас сум еден човек со енергија за 3 животи, кои со исто темпо ги водам.
 
Не сум ништо од она што мислам дека сум.
 
Јас сум токму таков каков што досега сум се претставил на форумов...
 
Сеуште не сум онака како што се замислував, како што посакував да бидам.
Немам идоли, херои, примери во животов, сакам да бидам свој, најнесериозниот професионалец, кого малите нешта знаат многу да го направат среќен, а неретко и да ми го уништат денот.
До кога да се надевам на подобро...Каде е тоа подоброто...можеби и дошло, ама сепак сум човек ненаситен, никогаш доста, секогаш целиме кон подобро, така можеби и е најдобро, да нишанан во небото(потпис од некој член беше ова)...
На неколкупати сум се чувствувал дека сум на дното, за веднаш потоа да сум високо горе. Сега го чувствувам мирисот на земјата, влагата, лежам на мали камчиња кој полека ми оставаат траги на кожата...Се прашувам - зар е можно да одам и под земјата? Не, Не...САКАМ, МОЖАМ, ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВАМ, СЕ ИСПРАВАМ, ПОЧНУВАМ ДА ЛЕТАМ...
Вторник 10 март, е добар ден да почнеме малце поинаку да размислуваме, благодарение на кајгана можеби и да го смениме животниот пат...
Тоа сум јас сега и во блиска иднина(се надевам), малце задлабочен во темата, малце скршнав, но се надевам нема да ми замерите:wink:
 
Јас сум си јас, единствена забуна можи да настани кога ќе прашам кој сум јас?
Немам забуна кој сум јас туку зошто ги правам некои работи кои што ги правам, а не ми се јасни.
Јас сум волк во јагнешка кожа, кој што е мирен како јагне се додека не се разбуди волкот :icon_lol:.
Јас сум човек кој што се држи до зборот затоа што не давам лесно ветувања ама кога ќе дадам гледам да го исполнам :icon_lol:.
Јас сум добар човек кој што сака да живее, а не се плаши од сопствената смрт.
Јас сум витез во душата никогаш не сум повредил физички жена и послаб противник од мене.
Јас сум човек со националност Македонец, и се гордеам со двете нешта :pehar:.
 
ова беше од некоја психолошка книга....

јас имам тело, но јас не сум тело..... мето тело е само инструмент со кој јас делувам во надворешниот свет....

јас имам интелект, но јас не сум интелект....мојот интелект е средство со кое ги управувам постапките на моето тело....

јас имам волја, но јас не сум волја....мојата волја е средство со кое го насочувам мојот интелект и тело кон посакуваната состојба...

јас имам емоции, но јас не сум емоција!!!!

јас сум чисто, едноставно и непроменливо СЕБСТВО...центар на волјата, управител на интелектот и господар на телото.....

не сум сигурен дали точно ви го пренесов, ама на времето ми звучеше моќно....
 
Јас сум еден и единствен меѓу милијардите луѓе низ целиов свет, како и сите останати кои се едни и единствени.

Јас сум еден и единствен бидејќи моите размислувања и пристап кон животот, пријателите, љубовта, животните, учењето, спортот, нервозата, музиката, мрзливоста, тагата, тврдоглавоста итн. се едни и единствени.

Јас, сакам да бидам сакан, знам да бидам сакан, бидејќи знам да сакам.

Ги сакам пријателите, бидејќи тие ме прават среќен.
Го сакам спортот, бидејќи тој ме прави среќен, поздрав и полн со енергија.
Ја сакам љубовта, бидејќи ме исполнува, ме прави среќен но и тажен.
Хммм, ја сакам ли тагата? Се разбира дека не, но се сакам сакам самиот себеси бидејќи знам правилно да и изреагирам, да ја заборавам, и со “погледот нагоре“ да продолжам.

Јас сум човек којшто се обидува и успева со позитивна мисла да му пристапи на животот.

хехе, можеби претерав малце али нема веза :smir:
 
Секогаш судиме овој е таков, овој е онаков.. но навистина ако се запрашаме кој сме ние е уште потешко да се пронајдеме некако самите себе си.
Неможам точно да се дефинирам која сум јас.
Секогаш она што го пишувам тука е вистинска слика за мене.
Премногу сум срамежлива кога запознавам нови луѓе, се плашам од пораз, од многу психички повреди. И стварно темава навистина ме наведе да си размислам за себе.. и сфаќам дека навистина сум писхички многу слаба. Емоционална сум премногу.. голем песимиста.Се плашам од многу работи.. премногу сум слаба, навистина. На најмали проблеми ги замислувам којзнае колкави се, а ако погледнам околу себе некој со толку поголеми проблеми не се разочарува, го живее секој миг, иако знае дека тука некаде е и крајот.
Премногу си судам сама на себе, премногу се потценувам. Личност која сака секогаш да им угоди на другите. Премногу сум доверлива и премногу ги ценам личностите со кои се дружам.
Се на се ќе речам пак.. премногу сум психички слаба


за нигде сум:kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom