Сами на ручек во ресторан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
па обично не ми е во пракса да јадам сам, стално имам друштво, али ми се десило неколку пати да јадам сам и нишо страшно јадење ко јадење , ете преживеав :)
 
Ами ете друштвен народ сме па се дружиме во секоја можна прилика па и на јадење ако треба.Искрено и мене би ми било глупаво да седнам сама во ресторан.Не дека е страшно ама непријатно ќе се чуствувам. Досега не ми се случило да морам да седнам некаде сама,се надевам дека нема и понатаму:pipi:
 
Многу пати сум огладнел и сум ручал сам во ресторан. Воопшто не ми пречи. Не разбирам што има толку толку лошо во конзумација на прехранбени продукти без друштво? Секако дека е подобро да не си сам, ама и ако си не е ништо страшно.
 
А замислете кај нас што би се случило ако некој почне да чита книга навечер во кафич, како што прават во други земји!!! :pos:
Иначе, немам сама јадено ама додека сум чекала да нарачаат, ме имаат загледувано чудно, ама најчесто деца во McDonald's. Разбирам, на нив чудно им е. :)
 
А замислете кај нас што би се случило ако некој почне да чита книга навечер во кафич, како што прават во други земји!!! :pos:
Мене пак би ми биле искрено чудни во тие земји, кафич, кафуле, ресторан...доколку би читал книга, тоа секако не би го правел во ресторан или кафич, таму би уживал во друштво, добра музика и пијачка...може мезачка и јадачка, без разлика.

Прашање е зошто тие луѓе одат во кафич да читаат? :nesvest:
Тие се места за дружење...тоа би било како на утакмица да одиме и да читаме книга или во кафич да учиме...има многу веирд ситуации по тие земји...кои не мора да ги следиме.
 
Сама или со некој сеедно, ако ми се јаде одам и јадам...јесте да ретко одам на ручек по ресторани, обично тие ствари одат кај мене фамилијарно, сите на куп, али коа се работи за појадок или вечера во кризни ситуации во некоја сендвичара нема срам, одим, купувам, ако има место ке си седнам ко чоек да се најадам ако не пред врата секогаш има по некоја слободна скала или клупа па ќе си седнам, ако се прејадам знам и да си прилегнам :):) :pipi::pipi:
 
PA ne sum bila ako nema drustvo si zemam za doma ..a da sednam sama i ne sum razmislila:pipi:
 
Паа шознам не сум бил досега. Али може да се деси во иднина веќе кога ќе бидам семеен човек. Вака со 16 години не .. :wink:
 
Ми се има десено некоклку пати у Мекдоналс и нишо..жива здрава..:wink:обично сакам да сум секад у друштво али некогаш убаво е и да си сам!Само што кај нас те глеаат као фрик ако седиш сам у ресторан..
 
Да, во Дивино. Си земав тоа што ми се јадеше, и си седнав надвор. Имав пауза од факс, и за да не се враќам дома, каснав ручек сама.
Ништо чудно, имаше и други што си јадеа сами.
Во Седмица кога правам грев, еднаш месечно, одам сама! Си нарачувам сендвич, го јадам со се јазикот, и си одам тупан дома.
И прекрасно ми е.
Некогаш е многу прочистувачки кога сте сами со храната. :):pos2:
 
сум седнала да во Дивино и Градска кујна воглавно мензи но во некој убав и познат ресторан, кафана или пицерија не би седнала.
 
Сум била, малце е чудно што луѓето те загледуваат на страна ама на мене баш ми е гајле да ви кажам право.
 
Сум одел на ручек сам. Дома нема ништо по мој вкус, ме мрзи да готвам и не ми се прави муабет со никој во моментот и одам на ручек сам. Не гледам ништо чудно во тоа. На запад е нормална појава, кај нас муабетите кои ќе ти ги извадат може да стигнат и до тоа дека сте ретардиран или умоболен. Кој ги е*e. Правам што сакам со мојот живот.
 
Имам појдено многу пати се наручувам, пијам една пијачка и чао
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom