...каква бандера, не читаш, заедничко броило на ЗГРАДА, тоа е највероватно броило од куќен совет што се плаќа заедничка струја од осветлувањето, лифт ако имаат и хидрофор ако имаат,
...некој паметен да речеме (најчест случај) од станарите во подрум однел фрижидер и скришум се приклучил на осветлувањето во сопствениот подрум кој НЕ Е наменет за поголемо потрошувач како фрижидер, замрзнувач туку само за една сијалица, а троши од заедничка струја на станарите кои сите ја плаќаат подеднакво.
...ај што ќе им дојде многу повисока сметка зошто се пресметува и наплатува како индустриска струја без евтина во интервали како имаат станарите во своите домови, туку се во секојдневна опасност од краток спој поради преоптоварување и ако немаат добри бушони да избацат и прекинат електричниот довод може да дојде и до пожар, најчесто настанати пожари во згради поради крадење на струја од несоодветно место од поголемо потрошување.
...и затоа за да се провери, треба куќниот совет да ги отвори сите подрумски и други заеднички простори и да се провери дали има диво приклучени, а тоа најчесто не е можно зашто има станари што не се сложуваат со тоа, па затоа се пријавува во електродистрибуција за сомнеж за диво приклучување и тие токму со апарат кој покажува оптоварување и потрошувачка ќе кажат дали има и ќе го лоцираат местото на енормно трошење и таа услуга однапред се наплаќа од станарите.
...всушнот ова повеќе е за
@Lurtz да прочита, а не за тебе, ама ете не е лошо и ти да знаеш!