Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Nekoj recept za selska tava?:)
Селско тавиче со модри патлиџани

Се што ќе ти треба :)
1кг модри патлиџани;1главица кромид ситно сецкан ;3 чешниња лук; ситно сецкан 1кг домати сецкани ;црн пипер ;сол ;Брашно 220мл ; зејтин и 125 гр бело сирење и земјена тава.

Модрите патлиџани се сечат на кругови, се посолуваат и се оставаат да одстојат 20 мин. да се исцедат од сокот. На 1 лажица зејтин се пржи кромидот, се додаваат доматите лукот и малку сол пипер. Се вари 30минути. После се пасираaт и повторно се вари да се згусти сосот. Потоа се исплакнуваат патлиџаните со ладна вода. Патлиџаните се брцкаат во брашно и се пржат на масло. Пржените патлиџани се редат во земјена тава, се става малку од сосот и сирење исечено на тенки парченца. Па вториот ред патлиџани, па сос и така додека се потрошат патлиџаните. Се прелива со сос и се завршува со рендано сирење ( ако сакаш може само со јајца да прелиеш или само со рендан кашкавал). Се става во рерна на 200 ºC да се пече 25минути :)
 
Дечки, мислам дека и тема имаше, ама ме интересира сосови за чипсови како да направам?
Лути, солени, благи.. колку поегзотично толку подобро.

Мојот наједоставен сос за чипсеви е, мешам јогурт со ленено семе (мелено),може и сусам мелен и се друго по желба :)
--- надополнето: 20 октомври 2013 во 16:11 ---
Кој може да ми даде рецепта за панцероти. Ми се меси нешто.. :)

Испробан и супер панцероти:
Панцероти
1 кгр.брашно
2 јајца
1 1/2 шоља(од кафе) зејтин
1 свеж квасец
1 лажица сол
1/2 л.млеко
Фил по желба,сирење со сецкана салам,кашкавал со кечап...
Јас ги правам со калапче, а може со чаша да се вадат кругови се става фил се преклопува и краевите се притискаат со вилушка,а може и како венче ивицата да се притиска...
Се пржат во врел зејтин :)
 
Сабајле направив баница со сирење , во тестото ставив топла вода и малце квасец и сол нормално сеа незнаев колку да чекам за кавсецот па од прилика едно 30 мин стоеше така ... корите ги пресукував двапати пошто ми се лепеа и на крај се испокинаа а и многу брашно ставав а не ставив масло скоро ич ...ја печев на 220 степени и стана тврда камен и не личеше на ништо , па сакам да прашам некој што се разбира како да ги добијам онака убави корите рофки како бурекот што е .
 
Пробај со готови кори кои ќе ги премачкуваш со четче со смеса од кисела вода , масло ,малку квасец .
 
Пробај со готови кори кои ќе ги премачкуваш со четче со смеса од кисела вода , масло ,малку квасец .

Не е финтата со готови кори , него зш стврднаа кориве мои кога ги испеков ај што беа искинати ама па и тенки беа доволно да бидат ко за бурек ....
 
Не е финтата со готови кори , него зш стврднаа кориве мои кога ги испеков ај што беа искинати ама па и тенки беа доволно да бидат ко за бурек ....

Како успеа толку тенки да ги исучиш?
Инаку штом масло не си ставил , си добил таков резултат.

Ај види овде рецептов дали може да ти помогне овде е убаво опишано.
 
Како успеа толку тенки да ги исучиш?
Инаку штом масло не си ставил , си добил таков резултат.

Ај види овде рецептов дали може да ти помогне овде е убаво опишано.

искрено јас само знам и живците мои како ги исукав:D , на двапати ки пресукував се лепеа па им ставав брашно и на крајот им ја најдов цаката ги влечев со раце а за она си во право мене ич не ми падна на памет за маслото , шпоретот ми гореше овие не се правеа паника ме фати хахах и само го премачкав тавчето а на нив ни капка нестаив ...фалати за линкот иначе отприлика вака изгледаа
75275515d810b9fe35244286af0febdf_view_l.jpg
 
Ооо па ти си бил мајстор :D , инаку маснотија е најважна за бурек/баница , може сало , масло или маргарин.
 
Сеа доаѓа логиката на виделина , сепак ова ми беше прво сукање :D за друг пат маслоооооооооооооооооо у изобилије
 
Action, Друг пат во квасецот кога ќе го кисниш, ќе му ставиш пола лажиче шеќер и пола лажиче брашно. И на топло да го чуваш, побрзо ќе фтаса. Секоја кора посебно ја премачкуваш со масло и и ставаш внатре сирење, спанаќ, тиква, па ја моташ и ја редиш во подмачкана тава. И пак на топло остави ја тепсијата која си ја наполнил со корите. Околу 20 - 30 минути пред да ја печеш. Не претерувај со зејтинот следниот пат. ;)
 
Домашен путер има некој правено ? Да ми даде испробан добар рецепт ми треба..
 
Сакам да зготвам соленки, имам прашање за квасецот колку време му треба да стои во вода?
Второ прашање сарма како се прави?
И трето прашање освен руска салата, која друга салата ја правите за празнициве?
 
Второ прашање сарма како се прави?
И трето прашање освен руска салата, која друга салата ја правите за празнициве?
Се знае како се прави сарма, со најновата кошула од дечкото/мажот.:icon_lol:
Шо се однесува до салатата, јас ја обожавам и правам оваа, име не знам викај ја како сакаш.:)
Потребни состојки се варени компири, варени јајца, сирење,мајонез и сол.Количината е по желба.Рендаш ред компири, па ред јајца, па ред сирење и потоа ставаш мајонез и така сè дури не ги потрошиш состојките..На крај премачкуваш со мајонез, си декорираш како знаеш и умееш и си уживаш во вкусот.Мммм, мх, мх, мх.:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom