Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да зготвам соленки, имам прашање за квасецот колку време му треба да стои во вода?
Второ прашање сарма како се прави?
И трето прашање освен руска салата, која друга салата ја правите за празнициве?
Како може да незнаеш како сарма се прави? Тоа е Македонско јадење :confused:

Ќе земеш од киселата зелка или зелка од зимница/буре.... листовите ќе ги извадиш еден по еден. Во друг сад ќе испржиш мелено месо, кромид и на крајот ќе додадеш ориз. Секој лист ќе го полниш со смесата и ќе го завиткаш како топче.
Во подлабоко тенџере ќе ставиш неколку листа зелка и потоа ќе ги редиш едно до и врз друго сармичињата и одозгора пак листови ќе ставиш. Земи водаи малку зејтин и наполни го тенџерето до пола и стави да се вари/врие.
Кога ќе видиш дека е при крај ќе ставиш запршка во сармата (зејтин, црвен пипер и брашно) и ќе причекаш уште малце да се довари ии ете ја сармата.
По твој вкус може да ставиш и сланина со меленото месо и оризот. :)




А за празнициве салата.............. руска.............. Туна салата (туна, мајонез, кисели краставички, јајце, варен компир)................. Компир салата ( варен компир, кромид, зејтин, сол, оцет)................. француска, пилешка (слични се како руската)............................. мој рецепт :love:........... Сунѓер салата (суви везени пиперки ќе ставиш во рерна со зејтин, ама да не изгорат...... кога ќе се оладат исечкај ги на ситни парчиња, додај му неколку капки лимон и измешај ги со урда, лажиче мајонез и сецкани маслинки). :)



Пријатно готвење :)
 
Се знае како се прави сарма, со најновата кошула од дечкото/мажот.:icon_lol:
Шо се однесува до салатата, јас ја обожавам и правам оваа, име не знам викај ја како сакаш.:)
Потребни состојки се варени компири, варени јајца, сирење,мајонез и сол.Количината е по желба.Рендаш ред компири, па ред јајца, па ред сирење и потоа ставаш мајонез и така сè дури не ги потрошиш состојките..На крај премачкуваш со мајонез, си декорираш како знаеш и умееш и си уживаш во вкусот.Мммм, мх, мх, мх.:D
Оваа салата мислам дека е прилепска, бидејќи само прилепчани ја прават. Бог да го прости дедо ми, оваа руска ја викаше. Така и ја знам, некој вид на руска салата :D

Шенка Колозова виткаше најубаи сарми на времето. Знам со кошула да виткам, за со зелка ми требаше да научам :D

Бобче фала за трудот, ќе ја почекам и КафеДелМар да се изјасни за сармата, знае она детално ми треба се пред да готвам :)

Уствари Џенка ќе ја почекам, од неа ми е уката за у кујна.
 
Сакам да зготвам соленки, имам прашање за квасецот колку време му треба да стои во вода?
Второ прашање сарма како се прави?
И трето прашање освен руска салата, која друга салата ја правите за празнициве?


1. За се кога стасува квасец препорачливо е барем 15 минути, ова е повеќе да не цркнеш од киселина инаку не прави разлика. Јас скоро во се го ставам без да стасува.

3. Салата од погоре што ти ја напишаа, веќе ја имаш пробано. :) Јас правам француска без лук и сенф. Мерките секогаш ми се од око, па и ти на вкус пробувај. Само внимавај: урдата, павлаката и мајонезот да не ти се премногу течни, зошто ако урдата пушти вода за 2 саати ќе треба како манџа да ја јадете. :)

2. Кнап ми е кога треба со мерки ама ај ќе се обидам:
Ќе ти треба ( за повеќе од 2 лица ):
1 глава ( кисела ) зелка
300-400 гр. мелено месо ( препорачливо мешано да е, не знам таму како какво го купуваш )
1 мала чаша ориз
3 чаши вода ( ја користеш истата со која имаш мерено ориз )
сланина по желба, околу 150 гр.
1 главица кромид
магдонос
црвен пипер
зачин, бибер, сол, зејтин

( на тивок оган ) Ставаш зејтин да се загрее ама малку, го ставаш кромидот да се пржи и кога ќе почне да омекнува го ставаш месото. Го зачинуваш по твоја желба, иако во овој случај треба да ставиш и бибер :icon_mrgr: и пржиш. Цело време мешај го за да не ти останат грутки во форма на ќофтиња, значи треба да е ситно испржено. Исклучи ја ринглата и тогаш додади го оризот и магдоносот и продолжи да пржеш уште минутка некаде.
На зелката и ги двоиш сите листови и првите ги ставаш настрана за на крај. На другите им го острануваш тврдиот дел со нож ( кочанот ) и во секој лист одприлика оди една голема лажица фил, пак од око ќе измериш. За да ти е полесно, листот нека ти стои на тврда подлога, стави го филот и првин едниот ( страничен ) крај свиткај го навнатре, после другата страна свиткај ја навнатре и дури тогаш почни да ја моташ сармата и да притискаш нежно со прстите. На овој начин нема да ти се направи растурена сарма. :icon_mrgr:
Е, редењето во тенџерето е исто битно. Не треба да имаш многу простор меѓу сармите за да не пливаат. Треба да бидат една до друга, со замотаниот дел надолу и плус не треба да ти бидат во повеќе од два реда ( значи да не трупаш една врз една многу зошто ќе останат живи и плус ќе ја сменат формата). Што значи ќе користиш пошироко, а пониско тенџере.

Кога ќе ги завиткаш сите, им редиш сланина ( ако сакаш, не е задолжително ) и на крај завршуваш со листовите зелка што ги тргна на почетокот. Кога се тоа ќе ти е готово, ги налеваш со 3 чаши врела вода. Во мало тенџерче спремаш врел зејтин со една лажична црвен пипер и попаруваш сосема на крај. ( за сол ќе го пробаш филот со месото и ќе треба да ти е доволно солен т.е треба да мислиш и на тоа дека и вода ќе ставиш )
Тенџерето поклопи го и стави го во загреана рерна на 150 степени. Или ако сакаш на рингла на тивко. Кој начин и да го користиш не треба да ги форсираш за да не ти се свари оризот, а зелката да ти крцка многу. Што потивко, помирна глава ( одприлика се прават околу 2 часа, во зависност од рерна/плоча и каков ориз ќе користеш). Готови се додека ќе снема вода внатре. Иако највкусни се кога барем еден прст течност ќе остане, за да бидат сочни.
И ти најдобро знаеш каков ориз ќе користиш, ако прима повеќе вода, стави и 4 чаши за најсигурно да не ти остане жив.

Опфатив се? :)
 
Сакам да зготвам соленки, имам прашање за квасецот колку време му треба да стои во вода?
Зошто во вода? Стави го во млако млеко, со малку шеќер и малку брашно. Нека стои на топло, до парно или до печка и побрзо ќе нарасне. Отприлика некои 30 минути, ама не мора да значи, зависи каков ти е квасецот и температурата по дома. Ќе си процениш самата. И пред да ги ставиш на печење соленките, пак остави ги нека отстојат на топло уште некои 20-30 минути...
 
Леандро, кај најде мор кисела зелка таму? Домаќинов ми изгоре за сарма. :(
 
Леандро, кај најде мор кисела зелка таму? Домаќинов ми изгоре за сарма. :(
А шо не си напрајш сама кисела зелка по дома? o_O Ич не е тешко.
 
Леандро, кај најде мор кисела зелка таму? Домаќинов ми изгоре за сарма. :(
Се продава по продавници, јадат многу кисела зелка.
Земи го дома, баба му да му направи сарма :)

Мајка ми сармата ја прави од вечер и цела ноќ се крчка на тивко. И бидејќи мене ми е шубе да оставам релна уклучена цела ноќ да не се направам и јас сарма, велам чекај некој побрз рецепт и ете имало :)

Фала Кафе :)
 
А шо не си напрајш сама кисела зелка по дома? o_O Ич не е тешко.
Чим толку сакаш сарма..... земи обична зелка и ставија во тенџере со вода и едно лажиче оцет или лимон на оган колку малку да омекне и после виткај:)
 
@Leandra,

Значи каква сакаш сарма мор, посна ил мрсна?

Бидејќи Дел мар ти пишала веќе рецепт за мрсна еве ти за посна:

Имај наум дека секат пред да почнеш да ја спремаш сармата листовите од зелка измиј ги еднаш, тоа што е тврдиот дел исечи го исецкај го и стави го како подлога на тенџерето каде што ќе ја крчкаш, оризот со зачини и праз малку ќе го пропржиш на тивко, вегета, црн пипер повеќе стави по ќе ти шмека сармата, и црвен пипер, земи мало лажиче за кафе со истото земаш од смесата ставаш на лист сарма, е сега ако сакаш помали да ти бидат исечиго листот на два дела, па потоа на средина стави од смесата прво врвот од листот преку, па од двете страни преклоп и моташ, при секое замотано сармиче го стиснуваш малку да не ти се растури, редиги во круг убаво подстисниги, на крај одозгора стави плус листови од зелка и едно ливче ловров лист, стави вода убаво да ја преклопи сарамата, и чинија врз неа, покри со капак и на тивко нека се крчка, значи треба да ја вариш минимум 4 саати да ти биде за мерак.


Ако не ти успее нешто викни па ти ќе дојдам ене кај си ќе ти смотам едно тенџере :icon_lol:
 
Во смесата за сарма обавезно црвен пипер , повкусно е.
Леандро, кај најде мор кисела зелка таму? Домаќинов ми изгоре за сарма. :(

Свари листови зелка со лимонска киселина , нема да биде ист вкус како кисела зелка но добра замена.
 
Помош јадев пред некое време на свадба крем салата со урда,сусум и со буковец може некој да ми напише рецепт Фала Однапред!!!
 
Помош јадев пред некое време на свадба крем салата со урда,сусум и со буковец може некој да ми напише рецепт Фала Однапред!!!
Незнам дали мислиш на оваа салата, но ако е оваа се вика Велигденска салата :)

Состојќи:
500гр. сирење
500гр. урда
50гр. пржен сусам
120гр. маргарин
100-150гр. ореви
150гр. шунка
3 лажици мајонез
1 лажица буковец
1-2 чешлиња лук
малку магдонос

Подготовка:
Маргаринот се мати со миксер и му се додава матејќи урдата, сирењето и мајонезот се додека не се соедини смесата. Смесата се дели на три дела.
Во едниот дел се додава буковецот и 50 гр ореви и сето тоа се меша. Во вториот дел се додава шунката со магдоносот, а во третиот дел истолчениот лук, останатите ореви и сусамот.
Земи некој калап и обложи го со најлон фолија и сите три смеси нареди ги една врз друга и стави го во фрижидер да стегне.

Пријатно јадење :)
 
Дечки,
Дајте бе некој интересен рецепт за салата со проќељ. Барав на нет ама се нешто шќљ состојќи стават американциве.
 
Дечки,
Дајте бе некој интересен рецепт за салата со проќељ. Барав на нет ама се нешто шќљ состојќи стават американциве.


1.
Го вариш прокељот само колку да омекне. Така сварениот проќел го сечкаш на покрупни парчиња и му додаваш оцет, зејтин сол и ако сакаш рузмарин. Промешај и готова е салатата.

2.
Свари компири и проќељ. Одкога ќе се сварат во длабок сад исечкај ги на крупни парчиња. Земи еден голем кромид исечкај го и стави го во садот со прокељот и компирите. Во садот додај оцет, зејтин сол и свеж сечкан магдонос....... доколку сакаш може да додадеш и лажичка црвен пипер.

3.
Го вариш прокељот и го ставаш во истата смеса за руска, пилешка, француска.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom