Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе онаа златна мешавина или како и да се вика (замрзнат зеленчук) на кој начин го употребувате? И некоја комбинација за јадење со тоа, ама да биде лесно за готвење :oops:
Па најчесто прво ја варам па после го пржам со путер и зачини ама ептен малце
Ја употребувам за убава домашна супа
Во ориз некогаш и во омлет ако ми остане малку
И за салата со туна :)
 
Имам некои 3-4 кила свежи шампињони. Освен раздавање по пријатели, знае некој да ми даде совет што да направам барем со пола од нив? Еден дел ќе ги полнам денес со месо, моцарела... А што со другите?
 
Имам некои 3-4 кила свежи шампињони. Освен раздавање по пријатели, знае некој да ми даде совет што да направам барем со пола од нив? Еден дел ќе ги полнам денес со месо, моцарела... А што со другите?

Селско месо. :giggle:
 
Денес сакам да направам салата со компир, кромид, лук и магдонос! Ме интересира, ќе и додадам масло и црн пипер, но дали би била вкусна со лимонов сок?
 
Денес сакам да направам салата со компир, кромид, лук и магдонос! Ме интересира, ќе и додадам масло и црн пипер, но дали би била вкусна со лимонов сок?
Ако немаш оцет и така би била вкусна.
 
Ако немаш оцет и така би била вкусна.

Сега ќе ја правам, се заспав! :)
Иначе имам секаков оцет, ама купечки дека е, не ги употребувам многу, обично лимон секаде ставам наместо оцет! Затоа сега ќе ја направам со лимон, и ќе видиме резултат.... дали в канта или в стомак :P
Фала...(y)
 
Некој да знае како се прави сосот на Цезар салатата ? :)
3 лажици мајонез измешани со 2 лажици павлака, мало лажиче оцет и малку коњак или
2 лажици сенф, 2 лажици павлака, 1 лаж. мајонез, 1 лаж. оцет, сол, лимонов сок, неколку капки бело вино и малку масло
 
Ми се пријаде шпагети ... па сеа кажете ми прво водата да чекам да се загрее па да ги ставам или ... ? побрзајте гладен сум
 
Ми се пријаде шпагети ... па сеа кажете ми прво водата да чекам да се загрее па да ги ставам или ... ? побрзајте гладен сум

Стави сол во водата и чекај да зоврие. Тогаш стави ги шпагетите, и чекај да се сварат. Хахах, сори, сега гледам дека пред 30 минути си пишал, значи можеби си ги изел веќе :)
 
Ај тука... Како да исушам јаболка?

малку цимет
1 кг јаболки
1 лимон

Јаболката исечи ги на тенки парчиња, па потопи ги во 1 литар вода разредена со сок од еден лимон.

Стави ги на тепсија која си ја обложила со хартија за печење, посипи со цимет ( по желба) и суши ги во рерна на 50 до 60 степени околу 6 саати, а може и повеќе (тоа зависи од дебелината на исечените јаболка).

Се чуваат во добро затворени стаклени тегли.
 
Колку време да стојат во водата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom