Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Како е подобро да се користи Рузмаринот, сушен или свеж?


Се што е свежо е подобро. Настрана од тоа, рузмаринот е многу појак и автентичен кога е свеж. Мене ми е далеку поубав, но се е до вкус.
 
Има ли некој да ми предложи некоја нискокалорична салата или онака нешо без мајонези павлаки сиренје и хопла? :S:pov:
јас си праам една од компир зелка и јајце може комбинацијава изглеа немогуча ама топ ми е. Арно ама ми се стужи од неа веќе така да сакам нешо др ако знаете плс хелпнете :)
 
Сакам да направам Шпагети ! е сеа ме ентересира сосот од печурки+кромид како да го направам...?
 
Има ли некој да ми предложи некоја нискокалорична салата или онака нешо без мајонези павлаки сиренје и хопла? :S:pov:
јас си праам една од компир зелка и јајце може комбинацијава изглеа немогуча ама топ ми е. Арно ама ми се стужи од неа веќе така да сакам нешо др ако знаете плс хелпнете :)

Туна салата

Марула,туна и можеш да ставиш пченка колку за гарнир и шмек.
Едноставна е многу за спремање,најадува и не е многу калорична:smir:
 
фала фала ај ке пробам :)

--- надополнето ---

Сакам да направам Шпагети ! е сеа ме ентересира сосот од печурки+кромид како да го направам...?

Имаш погоре иначе секаков вид сос за шпагети и макарони.
 
Неколку рецепти од мојата кујна, пробани, инвентид бај ми

Салата од Модар патлиџан

Состојки:
1 модар патлиџан
3,4 чешниња лук
200 мл. кисело млеко
50 гр ситно дробени (не мелени) ореви
сол, црн бибер (уште подобро ако имате мешавина од зелен,бел и црн бибер, свежо сомелен)

подготовка:
модриот патлиџан излупен, се сече на тенки кругови се реди на поголема решетка и се посолува (ќе пушти вода, внимавајте каде ја ставате решетката, најдобро врз тенџере) и се остава 10-15 мин
пропржете ги на загреано масло и исцедете ги од маслото
исецкајте ги на парчиња, додарете бибер, сол, ситно исецканите чешниња лук, оревите и киселото млеко и измешајте.

--- надополнето ---

Крем супа од тиквица и компир

состојки:
1 тиквица средна големина
1 поголем компир или 2 помали
1 коцка за супа (од малечките)
половина главица кромид
3 чешниња лук
малку копар (внимавајте копарот има јак мирис и вкус, да не претерате)
оцет
масло за јадење
сол
црн (или мешан) бибер
магдонос

Подготовка:

литар вода или повеќе (ставете повеќе ке имате и за другиот ден :)) се става во тенџере да се вари со коцката супа, се додава малку масло за јадење
Излупете ги компирот и тиквичката и исечете ги на помали парчиња (коцки од 1,5-2цм, побргу да се свари), кромидот на поголеми парчиња
откако водата ке зоврие ставете ги компирот,тиквичката, кромидот и лукот
кога компирот ке биде варен (ќе пробате, обично 15 мин)
Тргнете го од оган (рингла) и сместата блендирајте ја или добро изгмечете
Вратете ја назад, додајте сол, црн пипер, копар по вкус уште неколку минути да се вари да се спојат состојките
додадете малку оцет и сецкан магдонос
 
Дали некој знае, рецепт за добра лимонада. Соодносот, на колку ломони колку литри вода, колку шеќер?

Јас знам обично колку имам лимони исцедам, ставам вода и шеќер колку што ми фаќа око и летно време со коцки мраз = најдобар пијалак.

Но, сега имам желба да направам права, вкусна лимонада, одлично е за овој период на настинки и воопшто е најдобар освежителен пијалок.
 
Денес ми текна да си направам грклани. Знам дека се прават со лиснато тесто и се полнат со салата или со нешто друго, ама не знам како се прави лиснатото. Ве молам, ако може некој рецепт што сте го погодиле :smir:
 
Луѓе дајте кажете нешо лесно за правење и лесно за јадење зашто јас сам живеам дома неам баш време да праам некои специјалитети, а од сендвичи ми е преку .....
 
Bum[B]lEbEE;3902091 напиша:
Луѓе дајте кажете нешо лесно за правење и лесно за јадење зашто јас сам живеам дома неам баш време да праам некои специјалитети, а од сендвичи ми е преку .....

Кажи ни што ти се јаде и ќе ти кажеме како да направиш! Направи си готова супа. Земи тенџере стави вода пола литар и кога ќе почне да врие водата додади ја супата. Доколку сакаш домашна супа со фиде сам да си ја направиш, згреј пола литар вода, 1 морков, малку магдонос, зачини и можеш да си изрендаш 1 компир за да ти биде ем погуста ем повкусна и вари ја на тивко, само внимавај на компирот и на фидето им треба малку подолго време да се сварат за разлика од готовата супа.
Направи пире. Земи 1 пире и свари го со пола литар млеко. Со пирето можеш да си спржиш и нешто мевце.
Кажувај што имаш у фрижидер подобро и ќе ти најдеме куп рецепти. Од каде да знаеме што јадеш, а што не јадеш.
 
за пилешко добар е кари сосот. земаш коцка за супа ја вариш, додаваш 2 супени лажици кари (или една зависи од вкус) ама ги додаваш во шоља во која предходно си ставил супа и мешаш. остатокот од супата го поливаш на пилешките копани и пржиш, а пред тоа на копаните додаваш мајчина душица, едно кафено лајче цимет, сол и пипер и така пропржваш па ја додаваш супата и чекаш да се редуцира. го тргаш пилешкото од тавчето и ставаш еднакисела павлака и ја додавваш шољата со суапа и кари и пак редицираш малку додека не згусне и со тој сос го поливаш пилешкото. позз
 
Дали ќе може да споделите со мене некој рецепт за тикварник? Многу ми се јаде, ама не знам некој интересен рецепт. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom