Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Да додадам за Ѓурѓа:
Даваат некоја нереална цена од 500 денари за книгиче - нормално прешкртана и подоцна ставена цена од 100-200 денари. Всушност се работи за истата (дури и малку покачена) цена како по факултетите.
Ми изгледа дека сите прават така.
Иначе ко шо глеам понудиве од флаерите за саемов - само на ТРИ книгите ми фаќаат око.
 
1.Џеј Конрад Левинстон- Маркетинг герила
2. Харви Меккеј- Како да пливате меѓу ајкули без да бидете изедени живи
3. Кен Бреј- Фудбал, како се победува?

Сега за сега ја читам онаа на Кен Бреј, добра е. Се надевам дека направив добар избор.
 
Малце оф-топик, ама ме изнервира насловот на книгата: Како да си го сакате сопственото дете... Па добро над 2 милениуми човечка цивилизација, и толку генерации деца, и некој му треба книга за да си го сака сопственото дете????
 
Оваа слободно искористи си ја место тоалетна, не ни пробувај да ја читаш.

Инаку, сега ми кажаа дека покрај “Анти-анти алкохочари“ се продавала и “Гол човек“ на Џамбазов. Знае некој на кој штанд и по која цена?

Незнам како се вика тој штанд, ама се наоѓа коа ке влезеш десно идеш на и право кај скалите и одма лево на тој штанд ке видиш таму треба да е. Цена не ми текниња , ама околу 300 денари беше најмалце мислам. Иначе ептен тапа саем све потапа од година во година.

250 денари на штандот од штипската книжарница
 
Магор ја имаат преведено и издадено, 200 денари е цената и ја имаше денес. Сосема сум сигурна дека и утре ќе ја најдеш.:)

Фала за одговорот, бев денес со цел да си купам книги на англиски, така да Надја ќе ја оставам за друг пат ако имам среќа да ја најдам во друго издание. Ги земав Emma-Jane Austen & The Europeans-Henry James.
 
Отидов спeцијално за “Дигитална тврдина“. Ја собрав и си заминав. До сега, ова ми беше најкраткиот престој на саем на книгата. И така си го комплетирав Ден Браун :)
 
Отидов спeцијално за “Дигитална тврдина“. Ја собрав и си заминав. До сега, ова ми беше најкраткиот престој на саем на книгата. И така си го комплетирав Ден Браун :)
Колку беше и на чиј штанд? Јас Кодот на Да Винчи ја земав, пристојна цена имаше.
 
Колку беше и на чиј штанд? Јас Кодот на Да Винчи ја земав, пристојна цена имаше.

На штандот на Магор, заедно со „Точка на измама“ по 300ден.
„Загубениот симбол“ е од Култура - 550 ден (беше 700 ако не се лажам)
„Кодот на Да Винчи“ -200 ден, книжара ТРИ (едиција најчитани или нешто слично)
„Ангели и Демони - 350 ден (мислам), книжара ТРИ.
 
700 денари за загубениот симбол? C`mon на англиски оригинал е исто толку.
 
700 денари за загубениот симбол? C`mon на англиски оригинал е исто толку.

Тоа беше цената кога искочи пред една година. Навистина го претераа... Видоа дека Кодот на Да Винчи имаше успех, па ги напумпаа цените на другите дела од Браун. Не верувам дека првите негови дела ја имале денешната цена пред `бумот` со Кодот.
 
Искрено, реална цена за Браун е 200ка како кај ТРИ. Сега поготово кога има повеќемина слични на него за пониска цена.
 
На крајот ја сепак не видов разлика меѓу идење на саем (брзање, еуфорија, гужва) и нормална, секојдневна шанса да се посети продавница за книги низ Скопје, ама буквално нема разлика. Исти цени, исти понуди, стварно ен знам за која цел праат саем, кога цените се исти ко и секој ден.
 
Мене лично саемот ми беше по ок од тој лани.
Некако традиционално сите се жалат дека секоја година е се по тапа па преминува во навика да се пише тоа. Ако не го пишеш значи не се разбираш у саеми.


Штандот на Ѓурѓа би го рипнала, поради тоа што се срање книгите ама и поради тоа што ги продаваат за 100 денари по факултетите а овде на саем креваат цена.
Криво ми е што за време на саемов сум во економска криза па морав оскудно да бирам што купувам. Инаку имаше доста наслови што ме бендисаа :)

Не е до твојата економска криза или до традицијата, едноставно саемот не го бидува оваа година. Немаше ниту една нова книга освен книгите на Џамбазов секако, сите останати беа истите книги од лани, па ајде барем да беа поефтини со 50-100 денари тие истите цени си ги држат. Роберт Ладлам - Сигма протокол, лани 500, оваа година 500, Ден Браун лани исто, годинава исто.

Ѓурѓа и јас не ги коментирам. На плоштад, пред читалната Кирил и Методиј, на комплексот факултети, книгите секаде по 100че, на саем 150. А и книгите не се коментираат, “Степски Волк“, 100 страни нема. Срамота.

“Чекај ме“ од Пјеро Дејли Антони на саем на книга на Матица 250 денари ја земав, на саем сега 400 денари.
 
Бев, се препотив, купив и излегов. Ептен гужва као да е предновогодишен панаѓур. Не можеш асално да разгледаш книги од премногу луѓе кои дошле да го утепаат денот. Тоа највеќе ми пречеше. Ја земав „Гол човек“ (иако ја иам читано, за поклон ми требаше) и „Прирачникот...“ на Игор од причина што ми се допадна првата, па сакав и втората да ја имам. Ја земав и „Луѓе и момчиња“ од Тони Парсонс. По сижето ми делуваше највпечатливо. Сакав да земам и други, ама толкав ми беше буџетот.
 
Трае уште саемов? до кога? пишува до 17ти...? а денес?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom