Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Со години преводот на насловот е “Игра во ‘ржта” и сега на Бужаровска и текнало, пошто она е најпаметна, да го менува насловот во “Чуварот во ‘ржта”… :(
И Ловец во 'ржта ја имам сретнато, а таа што ја имам дома е Игра во 'ржта.

Прејака едиција е оваа, ме нервира малку што некои книги веќе ги имам во други изданија а овие сега ми се многу поубави визуелно. :LOL:
Оваа новата од Осаму Дазаи може да ја земам следна прилика.
 
Точно две недели до саемот на книга. Се уште ни еден каталог нема објавено од ни една издавачка куќа. Што не е и изненадување, знаеме дека од година во година се повеќе и повеќе се чека.
 
Точно две недели до саемот на книга. Се уште ни еден каталог нема објавено од ни една издавачка куќа. Што не е и изненадување, знаеме дека од година во година се повеќе и повеќе се чека.
Генерално сѐ што сакав, сѐ купив последните 3-4 месеци. Сакам да ги земам уште класиците од Топер и нешто од Магор, сепак нив ги немам на тацна преку целата година, а имаат уште многу квалитетни наслови кои сакам да ги имам на моите полици. Тука се и Бегемот, другото ми е инцидентно.

Имаш нешто што сакаш да земеш?
 
Кои се тие класици од Топер?

Топер имаат свои книжарници, една има Буњаковец, една во ГТЦ, карши Соравија (под Три). А на Магор дирекцијата им функционира мислам уште, може да се појде до таму да се земе книга, плус и можеш да нарачаш преку фејсбук.

Јас не знам што би зел, моментално не ми работи мозокот. Сигурно ќе најдам нешто од екс ју просторите што е објавено годинава, пошто нели се запнав со нив овие 2 години. Плус - Македоника Литера е тука, од кај нив „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски би ја зел, обавезно, таа секако тешко дека може да се најде на друго место. Од Арс Ламина, ако има попуст би ја зел „Хамнет“. Некој од новите класици од Три, сигурно. Друго не знам, што ќе ми фати око.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom