* Просечната цена за испукување еден Томахавк е 575.000 долари. Тоа значи дека основниот трошок за првиот ден на бомбрадирањето е 68 милиони и 425 илјади долари.
* Цена која не е толку битна: 48 загинати и преку 150 ранети во нападите на сојузниците.
* Нобеловецот за мир, Барак Обама, ја покрена машинеријата без сериозна јавна расправа и без гласање во Конгресот.
* Вашингтон: "САД не можат да стојат настрана додека се случуваат злосторства". За Бурма и Конго (и претходно Босна) можеше.
* Вашингтон: "Режимот на Гадафи е диктаторски и е усмерен против својот народ". Сличен модел на третирање на својот народ искористија и режимите во Бахреин и Јемен, сојузници во оваа акција. Се бараат авиони од диктаторите во Бахреин за да се бомбардира диктаторот во Либија?
* Не постои јасна и рационална перспектива како би требало да заврши војната во Либија. Бомбардирање, хаотична промена на режимот, оптимизам и надежи кои ќе стивнат кога ќе се формира нова власт која ќе се потпира на "државни службеници кои добро ги познаваат локалните прилики" или "реформирани коалициони партнери кои немаат ништо идеолошки заедничко со претходниот режим", т.е. на структури на кои одлично им одеше и со Гадафи?
* Во секој случај, Либијците ќе страдаат. Што од ослободителните ракети, што од Гадафи и неговите воени кучиња кои нема да се снебиваат за да ги искористат како живи штитови за да ги искористат цивилните жртви како доказ за неправедноста на акцијата.
* Цената на нафтата и златото расте.
извор