САД, Франција и Британија ја нападнаа Либија!

  • Креатор на темата Креатор на темата .:makedonec:.
  • Време на започнување Време на започнување
Нема гајле, Франција ќе тепа, америка ќе цица нафта и ние ќе мислиме дека САД го спасиле светот!
Како бе не им удри таму еден земјотрес да покоси све што е америчко и да се спасиме од нив еднаш веќе:devil1:
 
Сигурен си за ова со Јапан-РМ споредбата...
Поарно да го ставеше ДР Конго (екс-Заир)...тие имаат огромни ресурси.
Римската империја не била нација.
Следствено на тоа немала никакви национални интереси.
Од интересите на пропорционално занемарлив дел од граѓаните на Римската Република (царот/конзулот/аристократијата) или поданиците на Римско царство се воделе војните и економската политика.
По економската динамика, мал дел од ограбеното доаѓал во рацете на подолните ешалони на општеството.
Освен робовите, секако, главниот “ресурс“ на империјата.

Наполеон,генијалното човече од Корзика ја пласира причата за “национални интереси“ со цел да не плаќа за наемничка професионална армија туку да мобилизира раја за без пари,бидејќи...нели....тоа било во интерес на “нацијата“.
И замрзнатите лешеви од Москва до Вилњус со оние кои си би броеле цревата во Шпанија или цркнувале ко муви на Хиспаниола.
Тие ги собрале дивидендите на вложеното на име “National Interests Ltd.“
Или не...:vozbud:

Ја знаеш ли ти дефиницијата за нација или за народ? :tapp:
Дозволи да ти објаснам.
Американците се нација.
Македонците се народ.
 
Очигледно е дека не си убеден во национален и општествен интерес.
Сигурно си разочаран од нашите политичари и мозокот ти блокира секаква мисла за општествено добро.
Ти дадов доста примери и ти кажав дека внатрешното распределување на преземените ресурси е друго прашање.
Се додека тие ресурси влегуваат во државата/империјата.
Ќе ти дадам и последен и најпрост пример, се надевам дека ќе сфатиш.

Пиратски брод пљачка друг брод. Капетанот зема пола од богатсвото, останатото се распределува од екипажот.
Се додека има бродови се е во ред, сите се среќни, дури и куварот и чистачот на тој брод кои што не учествувале во акцијата.
Ќе си земат плата, ќе се најадат, малце рум...
Кога ќе снема, тогаш е проблем. Нема за јадење, за плата.
Сите империи работат на тој систем. Римска, Отоманска, Британска...
Тоа е и причината за распаѓање на Римската. Немало повеќе простор за територијална експанзија.

Се додека на обичниот американец бензинот му е поефтин отколку тебе, во Македонија, се е во ред.
Кога ќе скокне бензинот, тогаш имаш протести, немири итн.

И те молам крени го малце нивото на дискусија.

Ја напуштам дискусујата поради језивиот пример со пиратскиот брод во кој капетанот земал пола од ограбеното.
Затоа што во реалноста таква ситуација кај пиратите никогаш немало.
Распределбата на средствата била многу поинаква отколку што гледаш по филмчиња.
Твојата перцепција а не мојата е сведена на локалните состојби.

Треба да се отвори нова тема, бидејќи по морето на твои заблуди темава не е најсоодветна да плови (да не одиме оф-топик)...стварно бе, римската империја стигнала до крајот на светот кој го носеле на грб четири кита и немале каде да се шират...
И паднале.
Од работ.

Општествено добро и национални интереси....:tapp:
Фрази.
Мувлосани и тоа...
 
Ја знаеш ли ти дефиницијата за нација или за народ? :tapp:
Дозволи да ти објаснам.
Американците се нација.
Македонците се народ.
САД се држава-нација
додека Македонија е НАЦИЈА-држава!!
 
Знаат Германците, не се глупи. Алијансата нема долго да трае. It`s coming to end...
А тоа е добро. Постојат и други нации со чие сојузништво Германците може да имаат далеку поголем напредок.
Ова им е трета муслиманска земја што ја напаѓаат САД...

На која алијанса мислиш, на НАТО? Америка е 90% од НАТО, на Германците и другите членки НАТО им е поважна него на Американците што им е. Со кого ќе прави Германија сојуз? Сите обиди на Европска Армија пропаднаа и не гледам во блиска иднина тоа да се смени.

--- надополнето ---

Нема гајле, Франција ќе тепа, америка ќе цица нафта и ние ќе мислиме дека САД го спасиле светот!
Како бе не им удри таму еден земјотрес да покоси све што е америчко и да се спасиме од нив еднаш веќе:devil1:

Што ти се цивилите таму криви? Да посакуваш некому земјотрес после искуствава од Јапонија е грозно.
 
Во Италија се шпекулира дека и Германија и Турција ќе учествуваат на ова акција..
 
Во Италија се шпекулира дека и Германија и Турција ќе учествуваат на ова акција..
А Грција ја чуваат за подоцна ,ако влезат копнено да имаат задоволени сексуални потреби ,логистика од грчки газиња..
 
САД се држава-нација
додека Македонија е НАЦИЈА-држава!!

САД е држава(република)
Македонија е држава(република)

Американците се нација
Нацијата постои кога значителен број луѓе во една заедница се смета себе си за нација или се однесува како нација. Не е непходно сите да се чувствуваат или да се однесуваат така или да принадлежат на иста етничка заедница.
Македонците се етничка група или народ
Етничка група или народ е група од луѓе, коишто се идентификуваат еден со друг, врз основа на општо наследство - биолошко и генетско наследство, историја, роднински врски, религија, јазик или надворешен изглед.
 
А Грција ја чуваат за подоцна ,ако влезат копнено да имаат задоволени сексуални потреби ,логистика од грчки газиња..

Грција е нај паметна членка на НАТО, тиe ќе водат неултрална политика...
 
Во Италија се шпекулира дека и Германија и Турција ќе учествуваат на ова акција..

Германиците денес пофторно одбија да учествуваат во нападите. За Турција не знам.
 
"We will fight inch by inch" - Гадафи.
Изгледа ќе заврши како Садам.
 
Не тресете глупости како да не знаете кој е Гадафи.

До вчера ги пцуевте комунистите и со смрт ги колневте, а сега го поддржувате комунистот бр. 3 во светот (после Ким Јонг Ил и Чавез).
Гадафи ги финансира пола од милитантните и терористички организации во цела Африка.
Гадафи финансира радикален исламизам и самиот се фалеше дека Европа наскоро ќе стане исламско мнозинство.
Гадафи со години ја пцуеше и колнеше Швајцарија затоа што син му пијан беше уапсен во Цирих.
Гадафи со масивен непотизам успеа да обезбеди милијарди за него и неговата фамилија, оставајќи им трошки на неговиот народ.
Либискиот народ сам се крена на граѓанска војна против Гадафи, така да не јадете гомна дека Американците ја измислиле целава оваа ситуација. Гадафи самиот си го бомбардираше и убиваше сопствениот народ од крајот на Јануари до денеска. ТОЈ ЧОВЕК МОРА ДА ПАДНЕ.

За жал нема да падне како Хусеин, ќе си избега на време кај пријателчето Хуго Чавез и таму ќе си ги троши милијардите што ги украл од сопствениот народ.

--- надополнето ---

А што фајде од тоа ,ако можеш да објасниш ?

Ослободување на Либискиот народ.
Еден диктатор помалку во Африка.
 
САД е држава(република)
Македонија е држава(република)

Американците се нација

Македонците се етничка група или народ
ај размисли малку за тоа што го пишав;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom