Sabbath - седмиот ден

Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
И за крај...тоа што се декларираш како Православен Христијанин...и тоа не е точно. Биди реален и коректен и признај дека си следбеник на Елена Вајт и нејзиниот култ наречен АДВЕНТИЗАМ и немој да не „дриблаш“ нас форумџииве. Понашањето те открива, дека си следбеник на култ.
Незнам зошто се срамиш да го признаеш она во кое веруваш и кое го исповедаш - а тоа е АДВЕНТИЗМОТ.

Со почит, Госпел.
Многу бе ти знаеш што е точно а што не. Од каде си зема за право да дадеш таков коментар. Не сум адвентист, појма немам која е Елена Вајт, а по моето "понашање" се гледа само дека не се придржувам слепо за она што го толкуваат поповите.

--- надополнето ---

Убаво ти нагласив дека Законот се дели на Морален и Церемонијален.
Саботата е церемонијален закон, додека сите останати 9 заповеди се Морален закон.

Убаво образложив дека моралниот закон е вечен, но церемонијалниот беше временски.
Ајдее и сега излегоа дека биле 9 Божјите заповеди. Од каде па ова излезе? И кој вели дека некои биле вечни некои не?

--- надополнето ---

И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно

Kaква бе церемонија какви бакрачи. То енешто новокомпоновано.
Саботата е спомената како во десетте божји заповеди (чије кршење е смртен грев и носи вечно проклетство) така и низ други места низ писмото како обврска и закон. СВЕТО писмо. Тка се вика книгата. СВЕТО. Секоја буква, збор е свет. Вечен. Од бога даден. Не е ова закон за овчарство или закон за планини и шуми па да може кој како сака да го толкува и менува. На судењето, кога Исус ќе слезе да му суди на народите, ќе се отвори пак ковчегот на заветот а таму, во камен се врежани заповедите божји и таму стои да се почитува Саботата како ден божји.
So True.

--- надополнето ---

gospel,

Претходно напишаниот одговор, оној подолгиот ќе го прочитам накнадно и ќе коментирам. Моментално немам време да го читам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.293
Многу бе ти знаеш што е точно а што не. Од каде си зема за право да дадеш таков коментар. Не сум адвентист, појма немам која е Елена Вајт, а по моето "понашање" се гледа само дека не се придржувам слепо за она што го толкуваат поповите.
Да претпоставиме една ситуација каде ќе успееш со свои аргументи да ги убедиш христијаните дека промената на денот е грешка и грев.
Се поставува логичко прашање - Што доколку хипотетички си во право, а христијаните не се?

Доколку твоето тврдење за саботата/неделата се докаже како исправно, а христијанските цркви останат на истиот став, дали би излегол од православната христијанска црква и би се приклонил кон некоја вера/секта (адвентисти, саботјани...) која ја слави саботата како ден Божји (т.е. како ден за одмор пошто сите денови се Божји). Што би сторил конкретно во тој случај.
 
Добро прашање. Јас како прво освен за Православието и католицизмот, за другите секти или вери знам многу малку. За адвентистите до денес незнаев скоро ништо, освен дека ја празнуваат саботата, сигурно не е само во тоа разликата. По коментарот на gospel разгледав малку за нив и гледам си имаат некоја Елен Вајт-нивни пророк која што напишала некое откровение? Види ги има многу и секоја се разликува меѓу нив, така да еве Православните не ја празнуваат Саботата но има некои други добри работи кај нив коишто другите ѓи отфрлаат. Чим ги има толку многу и толку различни ниедна неможе да биде баш 100% права. На крајот на краиштата не мора да си член на никој црква за да бидеш прав Христијанин. Кога ќе умреме Господ нема да ги прати сите Православни, на пр. во рајот а другите во пеколот. Во рајот ќе одат тие што ќе живеат по неговите правила и кои што ќе го сакаат Господа во срцата, а не по припадност на црква. А човек може да биде и Православен и саботјанин, во Сабота може да си седи дома и да си чита Библија и да не врши работа. Може човек да биде Православен, а да не бакнува икони, да им остава пари или да им се моли. Исус ни кажа како треба да се молиме. Не мора ни да одиме во црква за тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Посочи ми/ни, кој е начино за спасение на својата душа а притоа да се биде надвор од Црквата?

Православниот став е дека спасението се постигнува само со членување во Црквата, која е тело Христово, што значи, надвор од Црквата и надвор и без Христа, не можеш да се наречеш христијанин, а уште помалку да се спасиш.

Значи, како можам да се спасам, а притоа да седам дома, да бидам надвор од Црквата, да се надевам само на своите способности, и згора на све, самиот себе да се нарекувам христијанин?
 
Прочитај убаво што имам напишано. Не ми вади зборови од контекст.

Еве: Кога ќе умреме Господ нема да ги прати сите Православни, на пр. во рајот а другите во пеколот. Во рајот ќе одат тие што ќе живеат по неговите правила и кои што ќе го сакаат Господа во срцата, а не по припадност на црква. А човек може да биде и Православен и саботјанин, во Сабота може да си седи дома и да си чита Библија и да не врши работа. Може човек да биде Православен, а да не бакнува икони, да им остава пари или да им се моли. Исус ни кажа како треба да се молиме. Не мора ни да одиме во црква за тоа.

Реков не е битно дали си православен или католик или евреин или др. за да бидеш прав пред Господ.

А за седењето дома, епа нема служба во Сабота што да правам. Во Сабота дома ќе си седам, а во Недела сабајле на служба.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зарем Sabbath ,денот за одмор ,не е Сабота? Зошто кај христијаните овој свет ден е засменет со Недела? Не ли е најголем грев да се изменуваат, да не се почитуваат Божјите заповеди?
Христијаните не ја замениле Саботата со Неделата. Тоа не е точно. Тоа е бесрамна клевета на адвентистите. Христијаните воопшто не го слават старозаветниот Шабат во недела. Сите христијани слободно си подработуваат и во недела, слободно си готват и ручек во Недела, слободно си патуваат долги растојанија во Недела, слободно си носат и товар во Недела итн. Еверите ништо од ова не правеле во нивниот Шабат.

Едноставно христијаните го следат нивниот Учител и Господ - Христос. Христос работел во денот Шабат, а исто така му има заповедано и на еден човек да носи товар во Шабат. Затоа и христијаните кога имаат потреба си работат во Сабота.

„И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за САБОТИ. Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос. “ (Колошаните 2:16, Новиот Завет)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Помни го денот саботен, за да го празнуваш
Втората Мојсeева 20.8

9 Шест дена работи и сврши ги во нив сите работи свои

10 а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог, тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинаката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе
Втора Мојсееве 20

оти за шест дена го создаде Господ небото и земјата, морето и се шо е во нив, а во седмиот ден си отпочина. Заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети
Втора книга Мојсеева 20.11

Шест дена да се работи, и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа, секој што ќе работи на тој ден со смрт да се казни
Втората книга Мојсеева 35.2

Саботите мои пазете ги и бојте се од она што ми е свето. Јас сум Господ
Трета книга Мојсеева 19.30

На самиот Бог аботата му е света. Саботата е света и создадена пред да настане човечкиот грев. Во безгрешен свет. Немаше тогаш ни Евреи ни Германци ни Кинези..... На самиот бог тоа му е празник. Спомен на него и неговото творење, не спомен на човека. Самиот бог вели дека НЕМУ Саботата му е света дека тоа е ден на НЕГОВА почивка. Не е саботата белег на некоја човечка особина или човечко дело, туку на Бог и неговото дело.

Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5 17 - 19

Исус самиот не потсети на тие заповеди велејќи дека:
1. Не е дојден да ги поништи законите
2. Тие закони ќе важат додека постои небото и земјата и додека се не се исполни
3. Никој да не не научи или каже дека се укинати макар и најмалата од заповедите

Појасно од ова - здравје
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. Заповетта за држење на Шабатот е дадена во времето на Мојсеј, а не во врмето на Адам.

„Мојсеј го свика сиот Израел па им рече: „Чуј ги, Израеле, наредбите и заповедите што ви ги кажувам денес во вашите уши! Научете ги и пазете ги, и вршете ги. Господ, нашиот Бог, склучи со нас Завет на Хорив. Господ не го склучи тој Завет со нашите татковци, туку токму со сите нас, кои сме живи денес, тука. “ (Второзаконие 5:1-3, Стариот Завет)

2. Заповетта за држење на Шабатот е дадена на Израелците, а не на останатите народи.

„Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение,“ (Излез 31:31, Стариот Завет)

„Затоа Израелците нека ја пазат саботата“ (Излез 31:16, Стариот Завет)

4. Исус не ги поништил законите.
5. Исус ги исполнува законите. Некои од нив се исполнети (пасхата, жртвите, обрезувањето, шабатот итн) а некои допрва ќе се исполнат.
6. Тората не се менува, ниту има потреба да се смени. Заповедите нејзини си важат за секој што останува во стариот завет (договор) со Бог.
7. Бог склучи нов завет преку Исус Христос, завет под различно свештество (не по редот на Арон, туку по редот на Мелхиседек).

„Тогаш станаа некои од фарисејската следба, кои поверуваа, и рекоа, дека треба да бидат обрезани (неевреите) и да им се на...реди да го пазат Мојсеевиот Закон. Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа и бидејќи настана големо расправање, Петар стана и им рече:...
Зошто сега Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем (Мојсеевиот Закон), кого ни нашите татковци ни ние не можевме да го носиме?....
Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас НИКАКВО друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!”“ (Дела 15, Новиот Завет)

„Тогаш, зошто е Законот? Тој е определен со посредство на ангели, со рака на еден посредник, па е додаден заради престапите, ДОДЕКА не дојде Семето, Кому Му е дадено ветувањето....
Законот ни беше наш воспитач ДО Христа, за да се оправдаме преку верата. А сега дојде верата, И НЕ СМЕ ПОВЕЌЕ под воспитувачот.“ (Галатјаните 3:19,24, Новиот Завет)

„Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и ПРОМЕНА на Законот.“ (Евреите 7:12, Новиот Завет)

Тората не е сменета, туку е воведен нов закон во новиот договор (Завет) на Бог и сите луѓе.

„И така, никој да не ве осудува за јадење, или за пиење, или за некаков празник, или за млада месечина, или за САБОТИ. Тоа е само сенка на она што ќе дојде, а стварноста е Христос. “ (Колошаните 2:16, Новиот Завет)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Саботата е свет ден на Бог. Си беше свет и пред Израелци и Палестинци и Апапи ...... На самиот почеток Саботата беше ден на Божја поќивка. Ден кога Бог одморил создавајќи ја Африка, Америка, Австралија Пацифик, Шар планина, фјордови, Алпи, Дунав, Амазон, Бајкалско езеро, пустината гоби, Австралија, северен пол.....
Саботата беше воспоставена пред да постои и еден израелец.На самиот почеток. Пред било какви договори со луѓе. Тоа е ден свет на самиот Бог.

Саботите мои пазете ги и бојте се од она што ми е свето. Јас сум Господ

а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог

и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа

Пред да го создаде Адама , господ ја создаде Саботата. За него. За богот. Почивка Божја.
Е сега ако е тоа старозавертен закон дали бог за Бог самиот сабота е почивкка и свет ден негов за старозаветните а некој друг за новозаветните ?!?! Кога Саботата му е света на Бог по кој основ тебе не ти е света? ако Саботата е ден на почивката божја како тоа тебе да не ти е?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прочитај убаво што имам напишано. Не ми вади зборови од контекст.

Еве: Кога ќе умреме Господ нема да ги прати сите Православни, на пр. во рајот а другите во пеколот. Во рајот ќе одат тие што ќе живеат по неговите правила и кои што ќе го сакаат Господа во срцата, а не по припадност на црква. А човек може да биде и Православен и саботјанин, во Сабота може да си седи дома и да си чита Библија и да не врши работа. Може човек да биде Православен, а да не бакнува икони, да им остава пари или да им се моли. Исус ни кажа како треба да се молиме. Не мора ни да одиме во црква за тоа.

Реков не е битно дали си православен или католик или евреин или др. за да бидеш прав пред Господ.

А за седењето дома, епа нема служба во Сабота што да правам. Во Сабота дома ќе си седам, а во Недела сабајле на служба.
Во ред, ти велиш дека не е битно ова или она, но искуствата покажуваат дека она што за тебе е небитно, испаѓа дека е многу битно.

--- надополнето ---

Саботата е свет ден на Бог. Си беше свет и пред Израелци и Палестинци и Апапи ...... На самиот почеток Саботата беше ден на Божја поќивка. Ден кога Бог одморил создавајќи ја Африка, Америка, Австралија Пацифик, Шар планина, фјордови, Алпи, Дунав, Амазон, Бајкалско езеро, пустината гоби, Австралија, северен пол.....
Саботата беше воспоставена пред да постои и еден израелец.На самиот почеток. Пред било какви договори со луѓе. Тоа е ден свет на самиот Бог.

Саботите мои пазете ги и бојте се од она што ми е свето. Јас сум Господ

а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог

и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа

Пред да го создаде Адама , господ ја создаде Саботата. За него. За богот. Почивка Божја.
Е сега ако е тоа старозавертен закон дали бог за Бог самиот сабота е почивкка и свет ден негов за старозаветните а некој друг за новозаветните ?!?! Кога Саботата му е света на Бог по кој основ тебе не ти е света? ако Саботата е ден на почивката божја како тоа тебе да не ти е?
Во Битието, Творецот го одредува седмиот ден за Себе, а не саботата. Саботата ја одредува Творецот не за Себе, туку за јудеите, преку Мојсеја, оти во тие старозаветни времиња, само јудеите беа одбран народ Божји.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во Битието, Творецот го одредува седмиот ден за Себе, а не саботата. Саботата ја одредува Творецот не за Себе, туку за јудеите, преку Мојсеја, оти во тие старозаветни времиња, само јудеите беа одбран народ Божји.
а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог, тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинаката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе
оти за шест дена го создаде Господ небото и земјата, морето и се шо е во нив, а во седмиот ден си отпочина. Заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети

Втора Мојсеева 20 10-11

Седмиот ден и Саботата се исто
Како што пишува НИКОЈ да не работи. Не само Израилците туку ни слугите (кои моќат и да не се израилци) така ни придојдените... значи било која нација или народ.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Битие, 2.3:

„...И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во овој ден си отпочина од сите свои дела, што ги направи и создаде...„

Од стихот, очигледно е дека седмиот ден е е исто што и саботен ден. Битието е претходница на задавњето на 10-те Божји Заповеди од Бога до Мојсеја, така да седмиот ден станува сабота „отпосле„. Бог Сам на Себе не си ја одредил саботата, туку седмиот ден. Саботата е дадена за луѓето, за да се сеќаваат на својот Творец.

Или:

„....Потоа продолжи: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата...„. (Марко, 2.27).

Од стихот, јасно е за кого е наменета саботата...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5 17 - 19

Од стихот, јасно е за кого е наменета саботата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom