...................
...............А сега да ги погледнеме пророштвата за престанок на саботата:
1. Пророштво за престанок на саботата.
а) Целиот Мојсеев систем престанува на крстот
Ова јасно го учи целиот Нов Завет и никој не смее да го порекнува. Мојсеевиот систем кој им е даден на Евреите, заменет е со Новиот пат. (Евреите 10:19)...Новиот завет (Евреите 8.13).......и Новата служба (2 Коринтјаните 3:8).
„Оти кога ќе се промени свештенството, тогаш станува потреба да се измени и законот. ( Евреите 7:12)
Еве неколку стихови кои ова го потврдуваат:
„ Зошто законот беше даден преку Мојсеа, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа. (Јован 1:17)
Ова подразбира промена. Во Римјаните 6:14, Павле вели:„Оти вие не сте под законот, туку под Благодатта.“
Исто така да погледнеме во Галатјаните 3:24-25:„ И така законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата; а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитач (закон).“
Или пак во Римјаните 10:4:„ Бидејќи свршетокот на законот е Христос.“
На првиот Црковен собор, заклучокот на апостолите бил:„ Бидејќи чувме дека некои што излегоа од нас, ве смутиле со зборови и ги одвратиле душите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите законот, на кои ние не сме им заповедале.“ (Дела 15:24)
Ставањето на Христијаните под Мојсеевиот закон, вклучувајќи ја и саботата не дошло од Апостолите. Тие го осудиле ова учење. Некои велат дека овде се работи за Церемониалниот закон.
НЕ!!! Целиот систем оди заедно, бидејќи Павле пишува:„ А му сведочам пак на секој човек, кој што се обрезува, дека тој е должен да го извршува целиот закон.“ (Галатјаните 5:3)
Обрезанието оди со целиот систем. И кога Христос умре на крстот, целиот систем престана.
б) Пророштво за престанок на саботата.
Утврдивме дека целиот Мојсеев систем престана на Голгота, со тоа и саботата, но ако на некој се уште не му е јасно, еве директно пророштво, кое Бог го кажува преку (Осија 2:11):„ Ќе и направам крај на сите нејзини веселби, прослави, млади месечини, саботи и на сите нејзини празници.“
Во Мојсеевиот закон постојат вечни елементи на моралниот закон. Иако Мојсеевиот ситем е укинат со доаѓањето на Новиот Завет, вечниот морален закон не е укинат. Така ние ги наоѓаме сите девет заповеди освен саботата во Новиот завет, а за саботата Бог вели: „ Ќе ја укинам!!!“
Кога саботата би била дел од вечниот морален закон, Бог немало да каже: „Ќе ја укинам!“
Замислете само кога Бог би рекол ќе ја укинам првата заповед и сега можите да имате други богови, или ќе ја укинам седмата заповед, па сега можите да вршите прељуба, и тн.
Кога тоа би го рекол, Бог би бил автор на гревот, но тој јасно вели:„ Ќе ги укинам саботите нејзини!“ – и овде се мисли на Седмичните саботи. Бог во никој случај не дозволува кршење на Моралниот закон. Иако сега не сме под законот, ние не му сме на Бога без закон.
Господ рече за Новиот завет:„ Ќе ви дадам ново срце и ќе вдахнам нов дух во вас! Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го сложам, мојот дух во вас внатре, за да одите по моите закони и за да ги пазите и вршите моите наредби.“ (Езекија 36:26-27)
Сите овие наредби и закони ги наоѓаме во Новиот завет. Ние сега индиректно ги исполнуваме Божјите заповеди, слушајќи го евангелието Христово, преку Светиот Дух.