Многу ми се симпатични вакви постови, а и поедини изрази (...„тресење... и то...), кога припадници на одредени заедници, кои се колнат во Светото Писмо и во својата, наводно , христијанска вера, изнесуваат вакви спротиставени и ептен. 100%-тно сигурни и оптимистички изјави, дека токму кај нив била „благодатта божја„ ( со мало „б„) и дека токму тие најточно се придржуваат до Библијата....
Тоа што „сведоците„ вршеле „богослужби „ во недела, само по себе не никаков доказ дека се откажале од саботата, како ден Божји. Па еве, и православната Црква не ја заборави саботата, туку ја памти како ден на јудескиот премин/пасха од робство во слобода, но Црквата ја слави неделата, во која Христос воскресна и во која Он премина од смрт во живот, т.е. неделата, во која Он пак ќе дојде да ни суди, т.е. неделата, која Црквата ја неркува и „...безвечерен ден...„; кој нема да заврши со ноќ, оти Христос ќе ни биде Сонце во тој бескраен ден...разбираш...