- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.182
- Поени од реакции
- 1.351
Русија ќе го признае Северен Кипар?
Властите во Никозија со големо внимание ја проверуваат информацијата објавена во турскиот весник "Милиет", дека Русија ја разгледува можноста за признавање на Турската Република Северен Кипар, во замена за признавање на Абхазија од страна на Анкара, објавија кипарските весници на грчки јазик. Вознемиреноста во Никозија ја поттикна тврдењето на "Милиет" дека планот за реципрочно признавање на Северен Кипар и Абхазија е дел од "процесот на руско-турска соработка околу Кавказот".
Според кипарските весници, ваквиот развој на настаните ја натерало Никозија на нова стратегија, па така се очекува за време на престојот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, кипарскиот претседател Димитрис Христофиас да најави дека ако Турција есенва го смени својот однос кон Кипар во позотивна насока, тогаш кипарските Грци веднаш ќе пристапат кон решавање на проблемот на поделениот остров.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=665754CA74490B46B932658E3BE213D1