Сиот труд кој беше вложен во четирите кандидатури за организација на Светското првенство во фудбал 2018. година денеска ќе биде презентиран во Цирих, каде попладнево ќе биде познато и кој ќе биде домаќин на најголемото светско фудбалско шоу за осум години.
Во игра се Англија, Шпанија и Португалија, Белгија и Холандија и Русија, иако според првичните прогнози и најави само првите две кандидатури се разгледуваат сериозно од страна на ФИФА комитетот. Влогот е голем, затоа што се знае колкава, не само финансиска добивка носи со себе организацијата на едно СП, пред се изградба на целосна инфраструктура - стадиони, хотели, помошни игралишта, патишта, како и огромниот број на фудбалски фанови кои во текот на турнирот ќе присуствуваат во земјата домаќин.
Кога станува збор за турнирите организирани во Европа, тие бројки секогаш биле рекордни и нема причина повторно да не биде така, без разлика кој ќе биде домаќин.
Ви ги претставуваме деталите околу секоја кандидатура посебно, нивните шанси, предности, мани, славни подржувачи...
АНГЛИЈА:
ПРЕДНОСТИ:
Тие се подготвени уште утре да бидам домаќини на едно СП. Имаат првокласни стадиони, многу добра сообраќајна мрежа, зрел маркетиншки пазар кој ветува профит од 160 милиони фунти за ФИФА, страствени фанови и политичка поддршка.
МАНИ:
Одличната кандидатура се уште не е пропратена со подеднакво добра кампања, која во Англија никако не заживеа во полн ек. На почетокот имаа проблеми со внатрешните несогласувања, а потоа и со доминацијата на англиските клубови и улогата на медиумите во сето тоа, како и потребата од организирање на едно СП.
СЛАВНИ ПОДРЖУВАЧИ НА КАНДИДАТУРАТА:
Принц Вилијам, Дејвид Камерон, Дејвид Бекам, Шерил Кол, Гери Линекер.
ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ:
Се на се Англија носи со себе низок оперативен ризик. Според извештаите, тие ја имаат најдеталната кандидатура која е силна и стратешки, но и маркетиншки.
МОЖЕ ЛИ ДА ПОБЕДИ:
Да, но ќе мораат многу да се потрудат за тоа. Главен предизвик е да се стигне до финалната рунда каде би се соочиле или со Шпанија и Португалија или со Русија. Но, ако стигнат до таму, можат да го добијат СП.
КОЕФИЦИЕНТ:
(Вилиам Хил) 13-8
ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА
ПРЕДНОСТИ:
Располагаат со поголемиот број на позитивните страни со кои располага и Англија. Одлични стадиони, силна домашна лига, а како бонус им е тоа што ја имаат најдобрата репрезентација на светот. Исто така, го имаат и најангажираниот во кампањата Анхел Мариа Виљар Лона, како и поддршката од гласачите кои се блиски со претставникот на Катар, Мохамед Бин Хамам.
МАНИ:
ФИФА не е голем љубител на заеднички кандидатури и сојузот на Шпанија и Португалија не бил секогаш најпријателски. Нестабилната економоија во Евро-зоната само дава нова доза на нестабилност со оглед на потребата од реновирање на стадионите.
СЛАВНИ ПОДРЖУВАЧИ НА КАНДИДАТУРАТА:
Икер Касиљас, Кристијано Роналдо, Луис Фиго, Еузебио, Емилио Бутрахењо
ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ:
Низок оперативен ризик во глобала. Кандидатирата воглавном е темелна, но ФИФА го исткана отсуството на детален безбедносен план.
МОЖЕ ЛИ ДА ПОБЕДИ:
Дефинитивно, благодарение на поддршката од Катар. Пет гласачи јавно изјавија дека ќе гласаат за нив, а се верува дека уште двајца се сигурни. Така делуваат како финалисти.
КОЕФИЦИЕНТ: 5-2
РУСИЈА
ПРЕДНОСТИ:
Со Сеп Блатер решен СП да освојува нови териотории и пазари, Русија претставува проект сличен на тој на Јужна Африка оваа година. Ниту една земја од Источниот блок не била домаќин на едно СП и тука лежат шансите на Русија.
МАНИ:
Техничкиот извештај издвојува области кои се од голем ризик, а големината на земјата создава логистички проблеми. По Јужна Африка и Бразил, ФИФА можеби би сакала посигурна опција.
СЛАВНИ ПОДРЖУВАЧИ НА КАНДИДАТУРАТА
Роман Абрамович, Владимир Путин, Јелена Исинбаева, Андреј Аршавин, Наталија Водионова
ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ:
Русија има пет области од среден ризик, а авионскиот транспорт спаѓа под област со висок ризик, пред се поради немањето стабилна железница.
МОЖЕ ЛИ ДА ПОБЕДИ:
Сигурно се во игра и не треба да се отпишуваат. Според некои прогнози, би требало да се најдат во финалето против Шпанија и Португалија, но Русија ги брка воглавном истите гласачи како и Англија и тоа може да биде пресудно за нив.
КОЕФИЦИЕНТ: 8-11
ХОЛАНДИЈА И БЕЛГИЈА
ПРЕДНОСТИ:
Нивната кандидатура станува се поинтересна и би можеле да добијат поени плус за тоа што не се дел од контроверзиите од последните неколку недели. Холандија има силна историја на меѓународните турнири, посебно по нивната одлична игра на последното СП. Тоа само ја потврдува тезата дека тие се најсилната и најбитната фудбалска нација која никогаш не била домаќин на едно СП. Тие се надеваат на поддршката од првиот човек на УЕФА, Мишел Платини.
МАНИ:
Заедничките кандидатури до сега не се покажале како успешни и Холандија и Белгија до сега до толку не беа експонирани, што никој не ги сфаќа сериозно како можни победници.
СЛАВНИ ПОДРЖУВАЧИ НА КАНДИДАТУРАТА
Јохан Кројф, Руд Гулит, Гус Хидинк, Жастин Енан.
ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ:
Имаат среден ризик во девет области, но исто како и Англија и Шпанија и Португалија, воглавном со себе носат низок ризик.
МОЖЕ ЛИ ДА ПОБЕДИ:
Тие се аутсајдери во моментов, иако важат за највесела и најмалку контроверзна кандидатура. Ќе се надеваат на поминување на првата рунда.
КОЕФИЦИЕНТ: 40-1
Извор http://www.time.mk/read/b961d1d146/9cb424515c/index.html