Роналдо vs Меси

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар според вас?


  • Вкупно гласачи
    407
Добро тоа да, ама.

Потешко е да си главен играч како стопер.

ВВД како еден од главните ако не и најбитен играч на тимот му донесе најдобар успех на Ливерпул во премиер лигата по број на поени.
ВВД освои ЛШ со Ливерпул што е најголем клупски успех.
ВВД со Холандија стигна до финале на Купот на Нациите.

Меси беше главен кај Барса им донесе...титула во Ла Лига, 1/2 финале и елимнација од Ливерпул на ВВД, и 1/2 финале во Копа Америка

Успесите на ВВД > Успесите на Меси
Индивидуалниот успех на ВВД како дефанзивец (ниту еден не го издрибла) = Индивидуалниот успех на Меси (златна копачка)

По мојава логика, пошто двајцата беа израмнети од индивидуален аспект, а ВВД донесе повеќе успеси на својата репрезентација и екипа...

ВВД прво место :D
Добро сумирано, со таа разлика што импактот на Меси во Барселона е многу поизразен, бидејќи Вирџил во моментов игра во подобар колектив и имаше огромна помош од Салах, Мане, Алисон, Фирмино плус треба да се спомене дека игра во клуб со многу многу подобар тренер. За разлика од Меси каде малтене сам ја однесе Барса до полуфинале и титула во ЛаЛига и притоа беше топ скорер и во двете натпреварувања со лоша форма на многу фудбалери во Барса и со ужасен тренер кој што во ланската сезона имаше само една задача, да одбрани 3:0 од кампот и да не биде декласиран од Ливерпул, толку, во финалето секако Барса ќе тепаше против кого и да играше од Тотенхем/Ајакс.

Далеку од тоа дека Ливерпул ќе имаше вакви успеси без Ван Дајк, ама разликата на импактот во клубовите е огромна. Ливерпул ќе е послаб доколку го тргнете Ван Дајк од тимот, ама ако го тргнете Меси од Барса тоа ќе биде апокалиптично за клубот.

Можеби малце субјектво, но мислам дека мала предност има Меси. Во секој случај респект за ВВД кој е најдобар дефанзивец во моментов и нема да е незаслужено доколку освои. Во случај ако не можат да одлучат кој е подобар, тука е статистиката за погодени стативи. :D
 
стистика на офанзивец > статистика на дефанзивец
мн голови даваше у Шпанија
ја однесе Барса до 1/2 финале ЛШ :eek:
носеше на грб сам цел тим вреден милјарда и кусур
за малце гол ќе дадеше и ќе освоеше копа Америка
 
ке има пренос од балонов или тешко? [emoji3]


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Колку сте смешни.. Ако има критериуми како може да има гласање? Значи во случајот гласаат капитени и селектори, кој како мисли, ако има критериум сите на гласови ќе одат за еден играч.
Ај сеа ако не да гласаме кој требаше да помине во ЛШ, Барса или Ливерпул...
 
Има поента во еден текст кај шо вика дека и фер плеј се уклучува во наградата, а Меси годинава со циркусите на Копа...
 
Има поента во еден текст кај шо вика дека и фер плеј се уклучува во наградата, а Меси годинава со циркусите на Копа...

Брат, индивидуално се гласа, Дирк Новицки да го вметнат во гласање, ако добие најмногу гласа, тој ќе ја освои, какви сака нека се критериумите. Сеа да треба ти лично да гласаш и Анри да биде дел од листата, ќе гласаш за него, субјективно е, без разлика што Анри не ни игра веќе фудбал :)
 
Брат, индивидуално се гласа, Дирк Новицки да го вметнат во гласање, ако добие најмногу гласа, тој ќе ја освои, какви сака нека се критериумите. Сеа да треба ти лично да гласаш и Анри да биде дел од листата, ќе гласаш за него, субјективно е, без разлика што Анри не ни игра веќе фудбал :)
Ова е тоа. Како не разбираат некои луѓе што цел живот гледаат фудбал, стварно не знам...
 
Брат, индивидуално се гласа, Дирк Новицки да го вметнат во гласање, ако добие најмногу гласа, тој ќе ја освои, какви сака нека се критериумите. Сеа да треба ти лично да гласаш и Анри да биде дел од листата, ќе гласаш за него, субјективно е, без разлика што Анри не ни игра веќе фудбал :)
Баш убаво си кажа Ван Дајк, нема заслужено или незаслужено. Еден победува, но тоа не значи дека другите се губитници.
 
Никој не оспорува дека Меси и Роналдо се најдобри на сите времиња, но наградава се доделува на тој што бил најдобар во тековната сезона помагајќи му на тимот да освои важен трофеј. А мислам дека попродуктивни сезони од Меси и Роналдо имаа и други играчи. Според мене ВВД требаше да ја освои, но и Мане и Салах заслужија да се барем во топ 3. Објективно и реално размислување е тоа
 
Заслужено Меси. Роналдо нема што да бара ни во топ 10 веќе, барем за изминатата сезона но тоа е, препопуларен е и го гласаат.
Непопуларно мислење, но целосно се согласувам. (посебно што доаѓа од фан на Јунајтед)
 
Непопуларно мислење, но целосно се согласувам. (посебно што доаѓа од фан на Јунајтед)
Нема врска од кој доаѓа, Роналдо е паднат а и популарноста малку му опадна со тоа што од Реал (Шпанија) отиде во Јуве (Италија). Со ова не сакам да го потценам Јуве ама сите знаеме дека Реал и Барса се број 1/2 тимови во Европа, за маркетинг, за лоби, за се' што треба да се направи, за да играчот кој е дел од нивниот тим, биде во топ3 во Европа/Свет.

Ете и Зиак кој е навивач на Јунајтед, непристрасно пишал дека Вирџил требаше да ја освои ама еве, ова нека му биде мотив плус, за наредна година повторно да се најде во потесен избор. Губењето финале во ЛШ пред година ипол и освајање оваа година е доказ дека вакви шанси (доколку работиш напорно) не доаѓаат само еднаш во животот (нормално, ако си добар играч).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom