Ете Александров се гордее со делата на Тито.
И во Србија и во Македонија сеуште се гордеат со делата оставени од Тито, а од друга страна сите улици кои беа именувани по Тито сега ги менуваат во антички имиња.
Делата на Тито многу ги сакаат, а него го бришат од историја.
Цели 25 години во Македонија не можат да го приватизираат тоа што го изгради Тито, истото важи и за Србија.
Србија и Македонија најмногу имаа добивка од Тито, тоа се гледа по тоа што по распадот на Југославија, токму овие две држави најмногу проблеми имаат денес.
Сите во Македонија велат дека Македонија се распаднала економски во 90-тите години, дека тоа биле тешки години.
А замислете колку биле тешки 90тите за бугарите, пошто тие доаѓаа на печалба во Македонија во тие години, продавајќи ситни работи.
Денес нема бугари што доаѓаат на печалба кај нас, денес Бугарија има 3 пати помалку невработеност, има поголемо БДП, поголеми плати, поголеми инвестиции, понизок јавен долг, повеќе туристи.
Точно е дека Бугарија е испод ЕУ просекот, им треба уште работа, тоа тие го поминаа најтешкото, а ние сеуште не.