Роман на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
34 романи во конкуренција годинава:

1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
2. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова – Анастасова, „Збор“
3. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
4. „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“
5. „Умрев за да оживеам“, Габриела Давидовска – Баниќ, „Збор“
6. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание
7. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“
8. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
9. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“
10. „Татко ми, Босфор“, Јован Илиески, „Антолог“
11. „Вилинско коњче“, Илина Јовановиќ – Јаковчевска, „Збор“
12. „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
13. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“
14. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
15. „Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
16. „Потрага по загубениот гроб“, Панче Коцев, самостојно издание
17. „Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“
18. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
19. „Тајната за розата Дафне“, Благица Наумова, „Збор“
20. „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“
21. „Една книга“, Валентин Нешовски, „Или Или“
22. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
23. „Солзите на Анастасија“, Даница Пеовска, „Мите Богоевски“
24. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
25. „Пештера“, Максим Ристески, „Или Или“
26. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
27. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
28. „Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“
29. „Продолжи да одиш“, Елена Симоновска, „Збор“
30. „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“
31. „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“
32. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
33. „До Сахара за покрив над глава“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“
34. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“
35. „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“

Ништо немам прочитано, ама по имињата од прва мислам дека Живко Грозданоски, Влада Урошевиќ, Венко Андоновски, Томислав Османли и Александар Русјаков - битката ќе се води помеѓу овие романи. Е сега, кога ги прочитав имињата на жири комисијата годинава: Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), мислам дека Урошевиќ може да отпадне, а искрено, мислам дека Русјаков ќе го отфрлат зашто ја зеде Пегаз наградата за истиот роман (исто така и романите на Јаневски, Ралповска и Стојаноска, што влегоа во потесна конкуренција).
 
„Папокот на светлината“ на Венко Андоновски ја доби наградата за најдобар роман на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“. Според ука-буката за романите до сега, на неколку дена пред објавување на тоа кој оди во следен круг, мислам дека победникот треба да го бараме помеѓу овие 3 романи:

3. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
26. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
32. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
 
Првата селекција ја поминаа 19 романи:

1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
2. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
3. „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“
4. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание
5. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“
6. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
7. „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
8. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“
9. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
10. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
11. „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
12. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
13. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
14. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
15. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
16. „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“
17. „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“
18. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
19. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“

Испаднаа сите изданија на издавачката куќа „Збор“, a од „Антолог“ помина само „Само Бог простува“, честитики @Анде Јанков . За разлика од минатите години, овојпат изданијата на Арс Либрис далеку поквалитетни - дури 6 нивни изданија продолжуваат во втор круг, меѓу кои и „нашиот“ „Анатрос“. Или Или со 3 од 5 (испаднаа „Пештера“ и „Една книга“). Фаворитите, според мене, сите се in.
 
Втората селекција ја поминаа 10 романи:

1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
2. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
3. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
4. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
5. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
6. „Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
7. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
8. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
9. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за
куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
10. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“
 
Го исфрлија Русјаков :(
Ништо од Антолог во потесен избор.

Типувам на Урошевиќ
 
Го исфрлија Русјаков :(
Веројатно дека освои Пегаз. Имаше полемика дали да им се дозволи воопшто на тие кои влегле во најтесна конкуренција за Пегаз да се натпреваруваат. Сега гледам, не само Русјаков, туку и Ралповска и Стојаноска ги исфрлиле - значи, заради тоа е, 100%

Типувам на Урошевиќ
Урошевиќ или Андоновски.

А стискаме палци за Анатрос. :aplauz:
 
Ако Анатрос тепа, да се врати членот на форум со неговиот препознатлив јузер.
 
Ако Анатрос тепа, да се врати членот на форум со неговиот препознатлив јузер.
Мислам дека никогаш не ни заминал - бил овде во вторникот, на 28.02, пред само 3 дена. Само веројатно практикува завет на молчење. :D
 
„Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“),
„Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“),
„Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)
„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ („Арс Либрис“)
Влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Типувам на Влада Урошевиќ, затоа што „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски ја доби наградата за најдобар роман на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.
 
„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ е Роман на годината за 2022! :bravobe:


1678879149158.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom