Ролери

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
epa ako mozes da dojdes do imeto na prodavnicata vo plovdiv sto sorabotuva so vertigo bi bilo dobro, ako ne kazi mi go brojot na drugar ti

Ти пишав приватна порака со бројот зошто мислам дека полесно ќе средиш работа така. :)
 
Хак ги читам последните постови и гледам имаш познавање од ролерки па што викаш за Fusion x5 :)

roller18.jpg
 
Ми влезе чивија после повеќе од 10 години апстинирање да си купам ролери. Виновник е лизгалиштето.
Застанав на лизгалки после подолг период пред некои 2 недели и ми се отвори желба пак да почнам да ролам...

Е сеа, пошто како што реков, повеќе од 10-тина години неам ролано, барам некој совет од експертите. Какви ролери и од каде да купам?
Нешто поефтино, зошто сепак, немам професионални амбиции и мислам дека пред 5-6 години ми помина периодот за рипање и егзибиции. Ама па и нејќам да ми се распаднат за месец дена, туку да бидат поиздржливи.

Гледам Бугарскава продавница ја рекламирате на претходниве страни, па ме интересира дали имаат продавница во Македонија или ги нарачувате од таму...
 
Salomon ти се најбоље.
Нема дискусија друга.
Е сеа имаш:
-дифолт (4 тркалца - нормална ширина, нормална тежина)
-за егзибиции (4 тркалца + восок на страните - пошироки, потешки)
-за спринтање (5 тркалца - нормална ширина, потешки)

Ја би ти ги препорачал најобичните, пошо не веруем дека ќе ти требаат овие другиве 2 типа. Квалитетот да го одредиш не треба да си експерт, едноставно кога ќе ја видиш ролерката ќе приметиш дали е квалитетно правена (на допир се осеќа пластиката дали е цврста и издржлива или лесна и крута), тркалцата треба да се лизгаат убаво, да не пружаат отпор и да бидат гумени (не силиконски).

Тоа е тоа мислам.
едит:
- а, да. И глеј да ти е комотна на нога и да не биде премногу мека чизмата (ако е како кондура-чизма, од оние фенсерските). + треба да биде еден/два броја поголема него патиките шо ги носиш.
 
Ко што гледам по сликиве, доста се смениле ролериве од последен пат кога ролав... :)
Како се движат цениве за Salomon обичните (не агресив и за тркање...)? :)
 
Ко што гледам по сликиве, доста се смениле ролериве од последен пат кога ролав... :)
Како се движат цениве за Salomon обичните (не агресив и за тркање...)? :)
Е тоа не сум у тек оддамна. :D
Прошетај, убо е времето, тркни до гтц - ѕирни xD
 
Е тоа не сум у тек оддамна. :D
Прошетај, убо е времето, тркни до гтц - ѕирни xD
Ма глупи се нашиве продавачи.. Во недела, кога сите се дома и слободни за шетање по продавници - баш тогаш никој не работи! :)
 
Salomon ти се најбоље.
Нема дискусија друга.

Е сеа имаш:
-дифолт (4 тркалца - нормална ширина, нормална тежина)
-за егзибиции (4 тркалца + восок на страните - пошироки, потешки)
-за спринтање (5 тркалца - нормална ширина, потешки)

Ја би ти ги препорачал најобичните, пошо не веруем дека ќе ти требаат овие другиве 2 типа. Квалитетот да го одредиш не треба да си експерт, едноставно кога ќе ја видиш ролерката ќе приметиш дали е квалитетно правена (на допир се осеќа пластиката дали е цврста и издржлива или лесна и крута), тркалцата треба да се лизгаат убаво, да не пружаат отпор и да бидат гумени (не силиконски).

Тоа е тоа мислам.
едит:
- а, да. И глеј да ти е комотна на нога и да не биде премногу мека чизмата (ако е како кондура-чизма, од оние фенсерските). + треба да биде еден/два броја поголема него патиките шо ги носиш.

Доста работи се изменети до сега во врска со ова што го напиша, имам пишано повеќе пати околу ова во некоја од претходните страници така да на кусо ќе те поправам :)
Прв болд, Salomon може се едни од подобрите што кај НАС се продаваат, на светско ниво се средина.
За вториот болд, постојат повеќе видови, фитнес, за рекреација, фрирајд, агресив, рејсинг, офроуд итн. Фитнесот, тие за рекреација и фри рајдот се слични, стандард 4 тркала по ролера, големина од 74мм па нагоре, средна тежина накај полесни се повеќето.
Агресив се за „екстремни“ егзебиции, помали тркала, тие што се за да газат на земја обично почнуваат од 53мм па до 60мм (повеќето шини за агресив ролери фаќаат до таа големина), тие што не „газат“ на земја се викаат анти рокери и се од различна големина (помали од 47мм), се прават од тврд материјал и може да имаат поразлична форма, служат за да овозможат поголем простор за лизгање по средниот дел на шината.
Денес се тежнее сите ролери да бидат што е можно по лесни што значи и тие што се за „егзебиции“ се стремат да ги прават се полесни на пример УСД прават ролери од карбон фибер (моментално тие ги имам), кондурите само тежат 600 грама што ги прави најлесни на пазарот, така да муабетот дека агресив ролери треба да бидат потешки пропаѓа во вода ИАКО повеќето агресив се обично потешки од остантите ролери. И не никако немаат восок од страните, имаат соул плејтови кои што се направени од Зител пластика, местата што се возат (шипки, ѕитчиња и останати) се мачкаат со восок за да лизгаат повеќе.
За спринт се користат ролери со шини од 5 тркала, ролерите се лесни (има спринт те. рејсинг ролери што се исто така од карбон фибер направени) и се стремат да бидат по лесни секако. Никој денес не се стреми да направи што потешка ролера, сите се стремат кон што полесно.
На прв поглед повеќето изгледаат со ист квалитет зошто сите на едно исто место правени - Кина. Нормално дека ќе има разлика од фуш марка до некоја по нормална али меѓу две добри фирми/модели нема да осетиш некоја разлика само од гледање/допирање.
Тркалцата се направени од материјал наречен Urithane, и не, не треба да бидат лизгави, ако се лизгави значи имате многу тврди тркала и дека се нестабилни, на рамен терен (ко што е на пример црвениот дел од стазата) ќе ви лизгаат на страна. Доколку се премногу меки ќе имате преубава вожња ама брзо ќе ви се потрошат. За тоа се бара некоја средина, за агресив според мене е 89А(мерна единица за тврдина на тркала на ролери).

Кон последниот болд, тоа морам и да го нагласам зошто е најголемата грешка што може некој да ви ја каже кога купувате ролери, СЕКОГАШ КУПУВАЈТЕ РОЛЕРИ ШТО ВИ СЕ ТОЧНИ, НЕ 1 ИЛИ 2 БРОЈА ПОГОЛЕМИ ИЛИ ПОМАЛИ, ТОА Е ИЗМИСЛИЦА НА НЕИСКУСНИТЕ ПРОДАВАЧИ И НА ГОЛЕМИТЕ БРОЕВИ КОИ ШТО НАШИТЕ ПРОДАВНИЦИ ОБИЧНО ГИ ПОРАЧУВААТ ПА МОРААТ ДА ПРОДАДАТ ПОВЕЌЕ МОДЕЛИ. АКО РОЛЕРАТА НЕ ВИ Е ТОЧНА ОДНОСНО ВИ Е ПОГОЛЕМА ГУБИТЕ НА КОНТРОЛА, ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА ИМАТЕ КОГА РОЛЕРАТА ВИ Е ТАМАН ТОЧНА.
 
СЕКОГАШ КУПУВАЈТЕ РОЛЕРИ ШТО ВИ СЕ ТОЧНИ, НЕ 1 ИЛИ 2 БРОЈА ПОГОЛЕМИ ИЛИ ПОМАЛИ, ТОА Е ИЗМИСЛИЦА НА НЕИСКУСНИТЕ ПРОДАВАЧИ И НА ГОЛЕМИТЕ БРОЕВИ КОИ ШТО НАШИТЕ ПРОДАВНИЦИ ОБИЧНО ГИ ПОРАЧУВААТ ПА МОРААТ ДА ПРОДАДАТ ПОВЕЌЕ МОДЕЛИ. АКО РОЛЕРАТА НЕ ВИ Е ТОЧНА ОДНОСНО ВИ Е ПОГОЛЕМА ГУБИТЕ НА КОНТРОЛА, ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА ИМАТЕ КОГА РОЛЕРАТА ВИ Е ТАМАН ТОЧНА.
Од ролерите со пластична чизма - мора да се број-два поголеми, пошо стегаат у пизду матер (исто ко лизгалици шо се зимаат поголеми)
А модерниве сеа - мора да се точни или полаброј до број поголеми ради мала комоција (исто ко кондури коа купуваш. Не купуваш кнап кондури)
 
Liner-ите или внатрешниот „чорап“ во ролерите секогаш се зголемува за најмалце пола броја кога ќе се разгази , за тоа секогаш се зема таман ролера, кнап. Без разлика дали е со пластика од надвор ролерата или кожа (повеќето имаат пластика под кожата), внатре сите имаат liner, на некои е споен со кондурата на некои не. И на лизгалки се земаат исто ко што е за ролери, за да имаш целосна контрола како што е наменета ролерата/лизгалката.
 
Здраво дечки, сакам да ве прашам за совет...
Планирам да земам ролери па би сакал да знам, кои марки нудат квалитет добра вожња за не многу пари...
поздрав и фала однапред
 
Здраво дечки, сакам да ве прашам за совет...
Планирам да земам ролери па би сакал да знам, кои марки нудат квалитет добра вожња за не многу пари...
поздрав и фала однапред

Имаш Powerslide модели во Софија што се добри и околу 80 евра. Не сум сигурен али имаше во Саломон за 100 евра одприлика солидна ролера. Имаш во Спорт Лајф постари модели на роцес и може ролерблеј или к2 на кои цените им се ставине многу повеќе него што вредат :D
 
Ејј не знаев дека има ваква тема...да ве прашам дали некаде во Македонија има Скејт парк ? Мислам за професионално/агресивно скејтање? Инаку времето сеуште не е за ролери бре луѓе мн ладно е.
Инаку имам агресивки DT5 си ги земав од Швајцарија чиста среќа со намаление 70 % од 230 Франки за само 50, чекам да се потстопли па да го израмнам мермерот од лизгање кај Гоце Делчев :icon_cool
 
Најосновни ролери,за почетник? :) Колку пари и од каде?
 
Ми влезе чивија после повеќе од 10 години апстинирање да си купам ролери. Виновник е лизгалиштето.
Застанав на лизгалки после подолг период пред некои 2 недели и ми се отвори желба пак да почнам да ролам...

Е сеа, пошто како што реков, повеќе од 10-тина години неам ролано, барам некој совет од експертите. Какви ролери и од каде да купам?
Нешто поефтино, зошто сепак, немам професионални амбиции и мислам дека пред 5-6 години ми помина периодот за рипање и егзибиции. Ама па и нејќам да ми се распаднат за месец дена, туку да бидат поиздржливи.

Гледам Бугарскава продавница ја рекламирате на претходниве страни, па ме интересира дали имаат продавница во Македонија или ги нарачувате од таму...

Во потполно иста ситуација сум и јас, само што не сум се качил на лизгалки, туку ролери од другар.:helou:

Така да барам некој добри ролери до кај 100 евра, воглавно за возење.

Само дајте конкретна информација за некој модел и каде може да се најде, вклучувајќи и цена ако знаете.

Во спротивно во кој дуќани можам да побарам во Скопје.

Фала:wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom