Salomon ти се најбоље.
Нема дискусија друга.
Е сеа имаш:
-дифолт (4 тркалца - нормална ширина, нормална тежина)
-за егзибиции (4 тркалца + восок на страните - пошироки, потешки)
-за спринтање (5 тркалца - нормална ширина, потешки)
Ја би ти ги препорачал најобичните, пошо не веруем дека ќе ти требаат овие другиве 2 типа. Квалитетот да го одредиш не треба да си експерт, едноставно кога ќе ја видиш ролерката ќе приметиш дали е квалитетно правена (на допир се осеќа пластиката дали е цврста и издржлива или лесна и крута), тркалцата треба да се лизгаат убаво, да не пружаат отпор и да бидат гумени (не силиконски).
Тоа е тоа мислам.
едит:
- а, да. И глеј да ти е комотна на нога и да не биде премногу мека чизмата (ако е како кондура-чизма, од оние фенсерските). + треба да биде еден/два броја поголема него патиките шо ги носиш.
Доста работи се изменети до сега во врска со ова што го напиша, имам пишано повеќе пати околу ова во некоја од претходните страници така да на кусо ќе те поправам
Прв болд, Salomon може се едни од подобрите што кај НАС се продаваат, на светско ниво се средина.
За вториот болд, постојат повеќе видови, фитнес, за рекреација, фрирајд, агресив, рејсинг, офроуд итн. Фитнесот, тие за рекреација и фри рајдот се слични, стандард 4 тркала по ролера, големина од 74мм па нагоре, средна тежина накај полесни се повеќето.
Агресив се за „екстремни“ егзебиции, помали тркала, тие што се за да газат на земја обично почнуваат од 53мм па до 60мм (повеќето шини за агресив ролери фаќаат до таа големина), тие што не „газат“ на земја се викаат анти рокери и се од различна големина (помали од 47мм), се прават од тврд материјал и може да имаат поразлична форма, служат за да овозможат поголем простор за лизгање по средниот дел на шината.
Денес се тежнее сите ролери да бидат што е можно по лесни што значи и тие што се за „егзебиции“ се стремат да ги прават се полесни на пример УСД прават ролери од карбон фибер (моментално тие ги имам), кондурите само тежат 600 грама што ги прави најлесни на пазарот, така да муабетот дека агресив ролери треба да бидат потешки пропаѓа во вода ИАКО повеќето агресив се обично потешки од остантите ролери. И не никако немаат восок од страните, имаат соул плејтови кои што се направени од Зител пластика, местата што се возат (шипки, ѕитчиња и останати) се мачкаат со восок за да лизгаат повеќе.
За спринт се користат ролери со шини од 5 тркала, ролерите се лесни (има спринт те. рејсинг ролери што се исто така од карбон фибер направени) и се стремат да бидат по лесни секако. Никој денес не се стреми да направи што потешка ролера, сите се стремат кон што полесно.
На прв поглед повеќето изгледаат со ист квалитет зошто сите на едно исто место правени - Кина. Нормално дека ќе има разлика од фуш марка до некоја по нормална али меѓу две добри фирми/модели нема да осетиш некоја разлика само од гледање/допирање.
Тркалцата се направени од материјал наречен Urithane, и не, не треба да бидат лизгави, ако се лизгави значи имате многу тврди тркала и дека се нестабилни, на рамен терен (ко што е на пример црвениот дел од стазата) ќе ви лизгаат на страна. Доколку се премногу меки ќе имате преубава вожња ама брзо ќе ви се потрошат. За тоа се бара некоја средина, за агресив според мене е 89А(мерна единица за тврдина на тркала на ролери).
Кон последниот болд, тоа морам и да го нагласам зошто е најголемата грешка што може некој да ви ја каже кога купувате ролери,
СЕКОГАШ КУПУВАЈТЕ РОЛЕРИ ШТО ВИ СЕ ТОЧНИ, НЕ 1 ИЛИ 2 БРОЈА ПОГОЛЕМИ ИЛИ ПОМАЛИ, ТОА Е ИЗМИСЛИЦА НА НЕИСКУСНИТЕ ПРОДАВАЧИ И НА ГОЛЕМИТЕ БРОЕВИ КОИ ШТО НАШИТЕ ПРОДАВНИЦИ ОБИЧНО ГИ ПОРАЧУВААТ ПА МОРААТ ДА ПРОДАДАТ ПОВЕЌЕ МОДЕЛИ. АКО РОЛЕРАТА НЕ ВИ Е ТОЧНА ОДНОСНО ВИ Е ПОГОЛЕМА ГУБИТЕ НА КОНТРОЛА, ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА ИМАТЕ КОГА РОЛЕРАТА ВИ Е ТАМАН ТОЧНА.