The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.038
- Поени од реакции
- 3.635
Дечки, да не се разбериме погрешно. Нема никој да излезе на крај правејќи ги овие муабети. Секогаш некој ќе се инаети, моментално Роџер има 17 слема, небитно покрај каква конкуренција ги освоил. Утре Ноле да има освоено 20, повторно на Петре,Митре нема тоа да му чини, конкуренцијата била ваква, конкуренцијата била таква. Значи треба играчите да играат според условите кои им се даваат, ако дува ветар... мора да играат на ветар, тоа е за двајцата. Не бил крив Федерер за неговата конкуренција порано или пак Ноле за сегашната. Едноставно, бројките се најголем показател за успех, конкретни вредности пред се кои може да се споредуваат, а другото се може да биде релативно размислување на одредени поединци.
Најблиску до Роџер е моментално Рафа Надал, само 3 грен слем титули му недостасуваат... моментално не ветува самиот тој за нешто повеќе, но никогаш не се знае. Рафа од 2005 до 2014 секоја година освојува барем еден грен слем, ми се чини на никого не му пошло од рака да освојува 10 години со ред барем по еден грен слем... со можност да ја продолжи серијата доколку успее да слави на Вимблдон или US Оpen... лично не верувам, но можеби има некои шанси на US Open.
Роџер Федерер направил низа од 8 години освојувајќи барем по еден грен слем, 2003-2010.
Новак Ѓоковиќ освои 2008 АО, прва негова грен слем титула, паузираше 2009 и 2010, а 2011 освои три грен слем титули, од таа 2011 до годинава 2015 тој прави серија петта година во серија да освојува барем по една грен слем титула. Е ајде сега да видиме кој колку време ќе игра на врвно ниво или пак ќе одигра една полусезона- цела сезона маестрално и потоа никаде нема да го има. Не да го хејтам Ноле, туку зборот ми е нека завршат сите со кариерите па ќе ги споредиме бројките, да не се блаба на празно, вака беше... така беше.