Roland Garros, 17 may - 05 june, 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се чудам само зошто го отпишувате толку Федерер !? Не заборавајте кој е тој, а и нема сет загубено на Роланд Гарос... Би рекол дека го игра и можеби еден од најдобрите Роланд Гарос(и) до сега.... Не знам, за тој меч, но мој фаворит е Роџер... Чисто да сменам малце... :)
 
Го сакам Ноле во финале, инаку нема да му биде лесно против Федере ни најмалку, човекот си игра како што треба и е во добра форма т.е. се поправа од катастрофалната форма, ке видиме интересно ќе биде.
 
Абе деца бе деца, до вчера ве немаше нигде...прв пат гледам волку фанови да има Ноле на форумов, хахахахахаа, ама тоа е кога се победува за тој се сите.:)

добро чичко од 2007-ма сум на форумов побарај постари мислења да видиш од кога сум фан на Ноле, за други не знам

инаку Ненад си најде одлична замена за во дубл, се гледа дека напорно работеле но вистинскиот тест следи против браќата Брајан
 
Не значи за сите, туку повеќето ДЕДО;)
 
Ednas covek ima prilika da se zapise vo teniskata istorija... za Nole toa e ovoj turnir... veruvam vo nego kako i sekogas... napred Nole...
 
Се чудам само зошто го отпишувате толку Федерер !? Не заборавајте кој е тој, а и нема сет загубено на Роланд Гарос... Би рекол дека го игра и можеби еден од најдобрите Роланд Гарос(и) до сега.... Не знам, за тој меч, но мој фаворит е Роџер... Чисто да сменам малце... :)

Конечно некој со кој се согалсувам и делам исто мислење(y)
 
Конечно некој со кој се согалсувам и делам исто мислење(y)

Пристрасно гледано, да. Реално гледано, можеби човек ќе се подзамисли дека сеуште нема изгубено сет на Френч Оупен, али тука лежи фактот што и немаше доволно добра препрека, а и да имаше, таа беше ван форма или со голем замор.

Искрено се надевам дека со Новак ќе одиграат екстра утакмица, али мислам дека Федерер ќе извлече максимум сет. Дај боже да грешам и да гледаме утакмица во пет сета :)
 
Пристрасно токму така. Јас сум фан на Федерер и го поддржувам без разлика во каква форма е, како и да е мислам дека игра многу подобро од другите турнири. Сервисот му е подобар и игра поопуштено што и самиот го кажа во емисијата на EuroSport и затоа мислам дека може да ја прекине серијата на Новак Џокович.
 
„Ролан Гарос“ се ближи кон завршницата. Со победата против Гаел Монфис од 3-0 во сетови, Роџер Федерер обезбеди полуфинале (без загубен сет), каде што ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, кој, пак, без борба го помина Фабио Фоњини и без сериозен тест стигна меѓу најдобрите четири. На другата страна од ждребот се Рафаел Надал, Робин Содерлинг, Енди Мареј и Хуан Игнасио Чела.

Надал е фаворит и тоа е поради неговата доминација на земјена подлога низ годините, но по сите случувања сезонава и прогресот на Ѓоковиќ, Надал може да смета на победа против сите, освен против Србинот. Поразите во финалните натпревари во Мадрид и Рим од Ѓоковиќ, го оставаат Надал во подредена улога. Најголемата шанса Надал да го освои „Ролан Гарос“ е да не се сретне со Ѓоковиќ.

Тука на сцена стапува Роџер Федерер. Швајцарецот има подобар скор од Ѓоковиќ на земја и има повеќе искуство од грен-слем турнирите во однос на кој било друг тенисер. Што е најважно за Федерер (а, преку тоа и за Надал), Швајцарецот е агресивен, удира рамно, реагира брзо и не дозволува поените да траат долго. Со овој стил на игра, може да му направи сериозни проблеми на Ѓоковиќ, а ако се погледне подлабоко, можеби е единствениот кој во моментов може да го стори тоа.

Ако Федерер успее да го елиминира Ноле во полуфиналето, Надал автоматски станува прв и единствен фаворит за трофејот. Иронично, но Роџер Федерер може да биде тука, за да му го врачи толку важниот трофеј на најголемиот ривал, Рафаел Надал. Ако некогаш воопшто се случи, Рафа да се појави со швајцарско знаме на трибините, навивајќи за Роџер, тоа ќе биде овој „Ролан Гарос“. Тенискиот свет никогаш не бил почуден. Никогаш не бил поинтересен.
 
Вака - така 4цата најдобро рангирани се најдоа во полуфинале. Ќе биде интересно. Јас типувам дека Ноле ќе освои има шанса да влезе во историјата и да стане 1 на АТП листата.

Сепак и Федерер и Надал играат добро на Ролан Гарос и не треба никако да се отпишат.
 
Надал-Содерлинг... според мене,ретко квалитетен тенис :) Прекрасно изиграно... И да,Содерлинг си го запечати поразот со двојната сервис грешка на почетокот на таи-брејкот во 3тиот сет :)
 
Од почетокот не ми беше јасно и еве да прашам. Знам дека секогаш се прави ждребка во која 1виот игра со 3от, а 2от со 4от (зборам за полуфинале). Зошто на Френч Оупен е поинаку, или Јас доволно не сум запознаен со правилата?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom