Во врска со скандалот..Тоше пред да почине го обвинија за затајување на данок. Оние што се опозиционери редовно се обвинети за истото. Никој не е чист во бизнисот, ако сака државата да ти наштети ќе ти извади топувче од сено и ќе те обвини. Мислам да бидеме реални, приказнава на Боно има две страни. Едната е дека не е светец како што сака да се прикаже бидејќи таков човек после мајка Тереза се нема родено и втората е дека ако на неговото конто има милијарди па не е будала да избегава данок и да си наштети самиот. Мислам стварно ли го сметате дека е глуп до толку?

Значи вистината е некаде на средина, а дали пола публика си замина од неговите концерти ќе видиме на следните. Јас мислам дека е феноменален артист и лидер на ова време.
Курт Кобејн да беше жив досега ќе се лечеше на некоја клиника и тоа ли е лидер? Затоа и не се живи, многу од нив сакаа да умрат како ѕвезди во што и успеаа. Последна од таа низа е Ејми, прекрасен вокал, бунтовник кој не знае кај му е носот, а кај газот ( настрана позитивните страни на музиката).