Рокенрол ѕвездите се мртви?

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Пак е тоа прашање на вкус кој што сака да слуша. Не е ништо страшно тоа да се прави кеш и да се собира пари. Не се U2 единствените. Bon Jovi исто знаат да продадат и да направат кеш. Џон во последниве години како филантроп го зголеми контото во милијарди.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога сме кај Боно. Еве нешто за тоа како заработува пари. Сега може да донира колку сака милиони во добротворни цели.

Извинете, настрана тоа што направил тоа што направил, човеков за мене секогаш ќе биде лицемер. Не постои совршена рокенрол ѕвезда, меѓутоа не верувам дека постои волку лицемерна колку него.
Во контекс на муабетов на темава веројатно требало да се самоубие за да не биде лицемерен :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пак е тоа прашање на вкус кој што сака да слуша. Не е ништо страшно тоа да се прави кеш и да се собира пари. Не се U2 единствените. Bon Jovi исто знаат да продадат и да направат кеш. Џон во последниве години како филантроп го зголеми контото во милијарди.
Искрено ова е и една од причините зошто ја отворив темава, макар што не сакав да провоцирам од сам старт. Нели забележувате дека рокенрол ѕвездите денес си играа милионери? Барем овие од постарава генерација бесрамно го прават тоа. Тој пристап никогаш не го почувствував кај Pearl Jam на пример, и верувам да беше Кобејн жив, и да постоеше Нирвана ќе ги критикуваше јавно за ваквите постапки. Заборавија да прават музика, сега играат на берзи и преку хуманитарни организации.
--- надополнето: 6 февруари 2012 во 20:34 ---
Во контекс на муабетов на темава веројатно требало да се самоубие за да не биде лицемерен :)
Па ако успееше да се скрие од скандалот со затаениот данок и наводните пари кои ги донира, може и ќе запалеше поимот ѕвезда под неговото име и "дело". Вака, кога работите се открија јавно, пола музичка сцена го смета за шарлатан сосе публиката.

Еве за што ви зборувам. Чист маркетинг и злоупотреба на хуманитарната работа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За квалитет говорат концертите кој се продаваат во првите два саата од официјалното отварање. И неколку концерти на исто место во два дена. И бројот на продадени албуми.
Луѓето отсекогаш повеќе оделе во циркус, отколку во театар.

Да, потписот ми е закон. Аврил е најголема панкерка, заработува милиони, се слика како курвичка за полупорно списанија, и спие во најскапите хотели кога е на турнеја.

Панкер до јаја.

Само синџирот на Сид Вишс за такви како неа...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Искрено ова е и една од причините зошто ја отворив темава, макар што не сакав да провоцирам од сам старт. Нели забележувате дека рокенрол ѕвездите денес си играа милионери? Барем овие од постарава генерација бесрамно го прават тоа. Тој пристап никогаш не го почувствував кај Pearl Jam на пример, и верувам да беше Кобејн жив, и да постоеше Нирвана ќе ги критикуваше јавно за ваквите постапки. Заборавија да прават музика, сега играат на берзи и преку хуманитарни организации.
Во контекст на правењето кеш. Пред незнам колку време случајно низ чепкање по нет налетав на Brian Johnson (AC/DC) и му беше поставено прашање во смисла на рок ѕвезди, филантропија, користење на технологијата (интернет,youtube) социјални мрежи и чуда. Човекот си кажа за да останеме на сцена едноставно мора и овие трендови да ги следиме, тие ни носат заработка на контото. Одредни портали им плаќаат за постирање на нивните песни, клипови итн итн. Сурово звучи но ова време не функционира како она порано кога парите ги заработуваа од продадени албуми и рок концерти.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А бе луѓе, се сеќавате на Џим Морисон?

Единствениот човек на кој што му сум суштински љубоморен на животот кој го имаше. Многу му беше гајле за пари. Го исцеди животот до последната капка.

А Боно е Сер Боно. Оф леле...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Искрено ова е и една од причините зошто ја отворив темава, макар што не сакав да провоцирам од сам старт. Нели забележувате дека рокенрол ѕвездите денес си играа милионери? Барем овие од постарава генерација бесрамно го прават тоа. Тој пристап никогаш не го почувствував кај Pearl Jam на пример, и верувам да беше Кобејн жив, и да постоеше Нирвана ќе ги критикуваше јавно за ваквите постапки. Заборавија да прават музика, сега играат на берзи и преку хуманитарни организации.
--- надополнето: 6 февруари 2012 во 20:34 ---

Па ако успееше да се скрие од скандалот со затаениот данок и наводните пари кои ги донира, може и ќе запалеше поимот ѕвезда под неговото име и "дело". Вака, кога работите се открија јавно, пола музичка сцена го смета за шарлатан сосе публиката.

Еве за што ви зборувам. Чист маркетинг и злоупотреба на хуманитарната работа.
Во врска со скандалот..Тоше пред да почине го обвинија за затајување на данок. Оние што се опозиционери редовно се обвинети за истото. Никој не е чист во бизнисот, ако сака државата да ти наштети ќе ти извади топувче од сено и ќе те обвини. Мислам да бидеме реални, приказнава на Боно има две страни. Едната е дека не е светец како што сака да се прикаже бидејќи таков човек после мајка Тереза се нема родено и втората е дека ако на неговото конто има милијарди па не е будала да избегава данок и да си наштети самиот. Мислам стварно ли го сметате дека е глуп до толку? :) Значи вистината е некаде на средина, а дали пола публика си замина од неговите концерти ќе видиме на следните. Јас мислам дека е феноменален артист и лидер на ова време.
Курт Кобејн да беше жив досега ќе се лечеше на некоја клиника и тоа ли е лидер? Затоа и не се живи, многу од нив сакаа да умрат како ѕвезди во што и успеаа. Последна од таа низа е Ејми, прекрасен вокал, бунтовник кој не знае кај му е носот, а кај газот ( настрана позитивните страни на музиката).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас мислам дека е феноменален артист и лидер на ова време.
Курт Кобејн да беше жив досега ќе се лечеше на некоја клиника и тоа ли е лидер?
Тешко на времето и на луѓето кои живеат во него кога Боно е лидер.

Курт Кобејн не се обидуваше да продава едни извесни органи за бубрези.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А бе луѓе, се сеќавате на Џим Морисон?

Единствениот човек на кој што му сум суштински љубоморен на животот кој го имаше. Многу му беше гајле за пари. Го исцеди животот до последната капка.

А Боно е Сер Боно. Оф леле...
Ма не бил само тој со таков нарав. Ама изгледа тие луѓе му припаѓаат на минатото. Ова денес е чист профит и маркетинг. Тоа е и веројатно една од причните зошто рокенрол ѕвездите се мртви. Многу погрешни луѓе, од многу погрешни причини царуваат на таа сцена денес. Не прочитав ниеднаш некој обичен човек да каже колку некоја икс личност од рокенрол сцената му помогнала да се справи со некој личен проблем. До овие ѕвезди денес човек не може да дојде.

А баш денес читав многу старо интервју на Еди Ведер, со една потресна приказна откриена многу случајно од новинар. Имено во екот на славата на Pearl Jam, Еди добивал купишта писма од деца со невидени проблеми на раб на самоубиство. Самиот признава дека бил на раб на лудило од се што прочитал, затоа што многу луѓе очекувале помош од него, а тој не можел да им ги реши проблемите на сите. Меѓу нив било писмото на 13 годишно дете, чија мајка ја оставил татко му и која сама морала да расне три деца па работела три работи, меѓу кои чистела вециња и жената успеала да стигне и до диплома, меѓутоа ја удрила кола и останала инвалид. Жената дури пробала да се самоубие, па нејзиниов син му ја напишал на Еди нивната приказна. Човекот лично се ангажирал и им го средил животот. Можеби е капка во море, една приказна во милион, меѓутоа со сигурност знам дека денес ниедна рокенрол ѕвезда не го направила ова за никого. Инаку имаше со огромни букви да го пишува тоа по весници.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Рок музиката по дефиниција не е замислена да промовира вредности. Рок музиката во основа е критика на општествените вредности. Со малку претерување може да се каже дека панкот е сублимат на рок музиката, едно решително НЕ на се што општеството го промовира како вредност. Парите за жал, се на самиот врв на тие вредности, затоа рокер кој се грижи за своето конто е патетична категорија...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Кој го има слушнато Jimi Hendrix - Electric Ladyland, албумот ќе му стане јасно зошто е убиен Џими, направен е блуз албум, а треба да биде нешто како поп за да нормално менаџерот собере пари.
Не е битно ако Рокенрол ѕвездите станат популарни и земаат многу пари, проблемот е што нивната музика се менува и го нема нивниот почетен дух, понекогаш и тоа е нормално ама да Рокенрол ѕвездите почнат да звучат како Ријана или Кате Паре за да соберат повеќе пари тогаш тоа не е во ред.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сиетл сцената беше последната голема работа која му се случи на рок музиката. После тоа, штама. Неколку изолирани случаи на навистина одлични бендови, кои се повеќе исклучок отколку правило...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во врска со скандалот..Тоше пред да почине го обвинија за затајување на данок. Оние што се опозиционери редовно се обвинети за истото. Никој не е чист во бизнисот, ако сака државата да ти наштети ќе ти извади топувче од сено и ќе те обвини. Мислам да бидеме реални, приказнава на Боно има две страни. Едната е дека не е светец како што сака да се прикаже бидејќи таков човек после мајка Тереза се нема родено и втората е дека ако на неговото конто има милијарди па не е будала да избегава данок и да си наштети самиот. Мислам стварно ли го сметате дека е глуп до толку? :) Значи вистината е некаде на средина, а дали пола публика си замина од неговите концерти ќе видиме на следните. Јас мислам дека е феноменален артист и лидер на ова време.
Курт Кобејн да беше жив досега ќе се лечеше на некоја клиника и тоа ли е лидер? Затоа и не се живи, многу од нив сакаа да умрат како ѕвезди во што и успеаа. Последна од таа низа е Ејми, прекрасен вокал, бунтовник кој не знае кај му е носот, а кај газот ( настрана позитивните страни на музиката).
Тоше не е тема на муабетов, а богами неговата приказна не може да се спореди со онаа на бизнис ѕверка како Боно. Настрана Тоше.

Да беа само муабети, не би зборувала напразно. Меѓутоа фактите се тие му се допаднале некому или не, Боно одбегнуваше данок, ете и линк на кој пишува од колку слеани пари колку искористил во добротворни цели. Па ајде кажи ми дека при тој инпут на средства и тој мизерен аутпут, таа фондација не е само средство за правење пари и маркетинг параван. Боно јас го изедначувам со маркетинг.

Што се однесува до Курт Кобејн. Човекот пет пари не даваше за тоа колку пари ќе направи, не му беше гајле. Правеше музика зашто ја сакаше, а потоа таа му служела за да заработи. Кукавица, ваков, таков, никогаш не правел музика исклучиво за паричен бенефит. Од друга страна пак, тврдам дека Боно сите ќе ги прелажеше со хуманитарнава работа, ако не му прочепкаа по финансии. Искрено не знам зошто го сметаш за култна рокенрол ѕвезда. Во почетокот направија неколку добри парчиња музика, а подоцна се претвори во хуманитарец и се шлепа на тој воз. Ништо култно нема кај него. Само добар ПР и сенс за правење пари. Ако бараме култна жива легенда меѓу ѕвездиве ене го Еди Ведер. Боно на мал прст не може да му се фати.

Ама како и да е, тури пепел на генерација која не е сведок на нешто ново и добро. Ние се расправаме за веќе стари ѕвезди. Камо нови?
--- надополнето: 6 февруари 2012 во 21:06 ---
Сиетл сцената беше последната голема работа која му се случи на рок музиката. После тоа, штама. Неколку изолирани случаи на навистина одлични бендови, кои се повеќе исклучок отколку правило...
Она што го направи гранџот кој излезе од Сиетл и тоа толку симултано од две култни групи, мислам дека во наредните 100 години нема да го доживее ниедна генерација.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
За квалитет говорат концертите кој се продаваат во првите два саата од официјалното отварање. И неколку концерти на исто место во два дена. И бројот на продадени албуми. Сепак за вкус неможе да се дискутира зарем не :)
Еве го заборавив Стинг заедно со претходно споменатите сеуште е феноменален.

п.с.Абадон потписов е само за на темава:pos:
Искрено прашувам колкумина посетители на форумов го познаваат човеков? http://en.wikipedia.org/wiki/Robert_Wyatt

Горд сопственик е на неколку рок албуми кои се најдобри според еминетни музички критичари, исто така и со Soft Machine има генијално творештво претходно.
Еве неколку негови албуми, види ги само оценките
http://en.wikipedia.org/wiki/Rock_Bottom_(album)
http://en.wikipedia.org/wiki/Shleep
http://en.wikipedia.org/wiki/Old_Rottenhat
http://en.wikipedia.org/wiki/Cuckooland
http://en.wikipedia.org/wiki/Comicopera

Со Софт Машин

http://en.wikipedia.org/wiki/The_Soft_Machine_(album)
http://en.wikipedia.org/wiki/Volume_Two_(The_Soft_Machine_album)
http://en.wikipedia.org/wiki/Third_(Soft_Machine_album)
http://en.wikipedia.org/wiki/Fourth_(album)


Ова не му е комплетната дискографија туку само извадок на неговите најдобро оценети албуми.

Еве ја дискографијата на Ју Ту па спореди сама на кого треба да му припаднат заслугите, го зедов Вајат само како за пример инаку има еден куп слични како него.

http://en.wikipedia.org/wiki/U2
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама како и да е, тури пепел на генерација која не е сведок на нешто ново и добро. Ние се расправаме за веќе стари ѕвезди. Камо нови?
Јас ви ја разбирам поентата и знам какви вредности барате во овие набројани ѕвезди. Абадон има добра реченица: Рок музиката во основа е критика на општествените вредности. Да, но времето се менува, интересите се менуваат и генерациите се менуваат. Погледнете ја кариерата на Мадона, од бунтовник против предрасудите, преку курвинските елементи стаса до споредба со Лејди Гага. Што би рекла јас флексибилна жена :)
Има добри бендови (muse, radiohead, Skunk Anansie...) и сега но ги немаат елементите кој ги бараме од Нирвана, култните настапи на Фреди или духот на Џон Ленон кој веруваше дека сите луѓе треба да се сакаат. Сега има маркетинг, брзи пари и Аврил панкерки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom