Рокенрол ѕвездите се мртви?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Драго ми е што го спомна Дејв. Многу го почитувам човекот, талентиран музичар и богами човек без срам. Сепак Фу Фајтерс споредено со Нирвана има недостатоци. Еден од главните фактори е што Дејв е веќе стар. Мислата ми е, колку и да се квалитетни музичари како Дејв и Еди Ведер, не може да очекуваме луѓето уште да беснеат на сцена како некогаш, да подигнуваат бунт итн итн. Тоа би требало да го прават новите рок ѕвезди. Еве на пример, ми дојде на памет Muse како бенд. Одличен бенд се? Ама знаете каде најчесто ќе го најдете Мет Белами овие години? Во таблоидите, под рака со жена му Хадсон. Сериозно се прашувам кога Мет стана таблоидна личност, а при толку убава музика може да биде глас на една генерација.

Друга работа не се согласувам со муабетот дека сега е време на останатата музика т.е ова не е време за рокенрол. Постои огромна таргет група која ги слуша старите бендови од типот на Дорс, Нирвана, Квин, не можејќи да најде нешто ново, а добро за слушање. Навикнати се лидерот на бендот да е гласот на генерацијата. А на оваа генерација и фали глас богами.

П.С Гледам никој не спомна околу култот на мртвите ѕвезди. ;)
Сега мнозинството е напалено по електронска, хаус, техно, дабстеп музика.Тие што сакаат рокенрол и се желни за нови бендови се далеку во помал број, па својствено на тоа далеку помалку бендови се појавуваат.Да нема легенди како што имало во минатиот век, но мора да го прифатиме фактот дека шансите да се појават нови легенди се многу мали.Но, затоа тука се оние старите бендови кои сеуште постојат и творат и некои од поновите кои колку-толку ја одржуваат рок сцената во живот.
Околу култот на мртвите ѕвезди.Не знам во која тема го прочитав и од кого беше напишано но мислам дека наједноставно го објаснува тоа.Доколку Мик Џегер или Кит Ричардс беа убиени, а Стоунси се распаднеа денеска тие ќе беа најголемите легенди на рокенрол музиката и најмногу почитувани во светот, а Битлси(под услов сеуште да постоеја како Стоунси денес) ќе беа само оние стари диносауруси од пред 50 години кои сеуште прават добра музика и никако не умираат.

Jeremy муабетот ме потсети на Polly oд Nirvana. Ja знаеш приказната позади?
Инаку, немам што да дополнам, браво за муабетот.
Да :).Девојче е затворено и силувано од некој педофил, и Курт пишува песна за тоа, но (ова е клучното) од гледна точка на силувачот.
 
Денеска рокенрол револузионизирање не би имало никаква цел.
Со интернетот секој има пристап до каква музика сака, така да ако не ти се гледа МТВ или топ листи едноставно на нет ќе најдеш луѓе истомисленици.
Конкретен пример е моево здружување со Гижо од форум буквално на основа на музика, и еве сме веќе 4 - 5 години супер е се...нема потреба од јадење говна за аренби и турбофолк иако тоа јас лично го правам на секојдневна база.

Плус веќе класични звезди нити има нити некогаш ќе има, тоа беше тоа...музичката револузија заврши. Кој сака да слуша добра музика треба само малкуд а истражува на нет...има миљон бендови со ограничена публика составена од луѓе што точно знаат што сакаат. Барајте и нив...мтв е за масите, вистинскиот рокенрол е само за обдрани.

Има многу шдо да се тупи на темава...но еве клипче едно кратко.
Овој е за мене моментално најголемата рок звезда во светот, се надевам авторката на темата и тие што пишлме знаат за кого се работи.
Исечок мал од еден негов документарец, видете он што има да каже за денешната музика :)

^
РАТМ не егзистираат со години како бенд, па Де ла Роча е мртов сценски, Морело го направи Аудиослејв успешен бенд подоцна ама далеку од тоа дека ја има харизмата на РАТМ.

Знам де, бев голем фан и знам доста работи за нив, ама Рокенрола праша дали има некој т.е. дали знаеме некој фронтмен со бунтовники став кој бил со кој бил активен во последните 10 години, Zack е перфектен избор.
 
Затоа и реплицирав РАТМ се растурија во 2000, небитно ти ја ловам поентата што сакаш да ја кажеш, своевремено со текстовите и настапите направија некое размрдување на глобалната музичка сцена ама мене ми изгледа ептен далеку тој временски период кога беа активни.
Кога веќе одиме кој бендови можат/можеле да направат некое размрдување на масата пред неколку години, би ги спомнал Oasis и Radiohead.
Првите имаа навистина голем потенцијал да станат новите Битлси од причина што беа масовно прифатени од масите и имаа харизма и потенцијал да направат револуција во светот на музиката и да го воскреснал рокенролот, арно ама не одеше се така посакувано и се случи крахот.
Вториве исто така имаат голем потенцијал, ама по мое Том Јорк е ептен суетна личност кој си тера некој свој фазон и мислам дека во текот на годините истите ќе издаваат албуми кој нема да бидат прифатливи за голем дел од фановите и ќе му падне популарноста.
 
Денеска рокенрол револузионизирање не би имало никаква цел.

Има многу шдо да се тупи на темава...но еве клипче едно кратко.
Овој е за мене моментално најголемата рок звезда во светот, се надевам авторката на темата и тие што пишлме знаат за кого се работи.
Исечок мал од еден негов документарец, видете он што има да каже за денешната музика :)

Прв болд, како мислиш не би имало никаква цел? Ако рокенролот ја изгуби револуцијата како цел, може да му го ставиме крстот и да го погребеме. Има многу причини зошто сега во моментов тој самиот треба да се крене од мртвите и да покрене важни прашања.

Втор болд, кога веќе го спомена Вилсон, тоа покренува многу добро прашање. Porcupine Tree не го добива вниманието кое го заслужува. Прашањето е дали за тоа е виновна и самата публика или пак медиумите се виновни затоа што не ги експонираат доволно. Јас ги открив благодарение на наш форумџија пред година и пол. И со кого и да зборувам за нив, го добивам истиот одговор. Луѓето се убиле од копање по Ју Тјуб за да ги чујат и откријат како бенд во прво време.
 
Сега мнозинството е напалено по електронска, хаус, техно, дабстеп музика.
Ни техното ни хаусот не беше тоа што беше пред 10-тина години, дабстепот да ти кажам на живци иде бидејќи е тешко срање. Главната поента на техното и хаусот е да има широк и едноставен бас од 2-3 ритми во позадина да обезбеди игривост и блага еуфорија. Вистинскиот звук на техното и хаусот не е за широките народни маси, пример за тоа се 90-тите кога сите викаат што е ова тупса-тупса, а сега сите заради Тиесто, бурен и мурен сите го слушаат срањето што го имаат направено.
Проблемот е што кога техното, па и рокот почнуваат да се мешаат за да станат комерцијални, се случува ова што се случува денес.
 
Прв болд, како мислиш не би имало никаква цел? Ако рокенролот ја изгуби револуцијата како цел, може да му го ставиме крстот и да го погребеме. Има многу причини зошто сега во моментов тој самиот треба да се крене од мртвите и да покрене важни прашања.

Втор болд, кога веќе го спомена Вилсон, тоа покренува многу добро прашање. Porcupine Tree не го добива вниманието кое го заслужува. Прашањето е дали за тоа е виновна и самата публика или пак медиумите се виновни затоа што не ги експонираат доволно. Јас ги открив благодарение на наш форумџија пред година и пол. И со кого и да зборувам за нив, го добивам истиот одговор. Луѓето се убиле од копање по Ју Тјуб за да ги чујат и откријат како бенд во прво време.
За што да се бори рокенролот?
Целта никогаш не била да се биде прв на топ листи. Тоа е против целата филозофија, конформизам бууу, нели.
Ако збориме за социјални проблеми од било каков карактер тогаш рокенролот тоа го прави уште од моментот на постоењето преку музиката и пораката што ја шири. Нема граници, сите сме едно итн итн.
Не можешд а поврзуваш немањето на некоја курт кобејн или џенис џоплин фаца со немањето креативност идеи или пак борбра.

Гранџот (го земам како последен револуционерен рок правец) станал тоа што е поради ограничената достапност на друга музика. Сето било наменето за убави и весели луѓе, а светот бил полн со млади што патат...и бум на телевизија излага некој шо се дере ко кретен против сетоа тоа со доза на цинизам и иронија. Плус искрено на сите тие мртви звезди сигурно не им сметало што горе доле биле лепотани и секс симболи на еден или друг начин.

Плус во друг пост спомна дека еди ведер не е ценет. Како не е ценет?
Тоа што го нема по билборди и да полни арени од 30 000 луѓе не значи дека ако некој ко мене го види нема да се фасцинира од него. Прл Џем и како бенд имаат одбрано сосема анти конформистички став за тие работи и со залагањето за ефтини концерти, и со тоа што ку не ги боли дали им се симнува музиката бесплатно или некој ја плаќа...

Рок звезди веќе нема да има, со кобејн заврши тоа.
Шала на страна јас лично го обожавам и сум страшен фан на нирвана, ама реалноста дека бил емотивна пичкица патолоѓки лажов и имал повеќе дрога земено одколку што годишно се произведува во цел тетовски регион се уште стојат на маса....музиката е важна.

Муабетот со Вилсон е нешто што кажав претходно.
Кој и да сака да слушне малку поквалитетна музика, само треба да вложи малку време и енергија да ја најде. Доколку ги мрзи тоа, тогаш слободно можат да бидат овци на емтиви и слични пропаганди за што да се слуша. Немаш замаре, немаш мука, ама нема ни добра музика.....мора да има барем некаква цена.

Има денеска добри бендови, само одреден дел од нас едноставно сме премрзеливи да инвестираме внимание во нешто ново и квалитетно, кога можеме да си се подредиме на старо и проверено (сега летово блек сабат ќе дојдат во белград едвај чекам јее...сериозно....ама тоа затоа што они се проверени и испробани од генерацијата на деоми, таткоми и мојата....можеби и во новово има необработени дијаманти, ама кој ќе ги бара?)
Мјуз, и фу фајтерс, и грин деј тоест сите најголеми бендови што се денеска и полнат цели стадиони се за жач се бендои од 90-те, тука спаѓаат и поркјупајн на стивен...што е нормално на некој начин затоа што сега им е најзрелиот перод на творење.

Но ајде, јас почнав во 2007 некаде да слушам еден англиски бенд inme и искрено јебано се одлични. Зборев на луѓе за нив, ги промовирав што се вели, ама ретко кој сакаше да одвои време да даде шанса на некој таков непроверен бенд...тука лежи проблемот а не дека нема револуција

чисто за да знаете која песна ме зарази од нив

Можеби треба да се бориме против ријана и џастин...нешто во кое силно верував долги години.
Но што ќе се постигне со тоа?
 
Богами долг пост. Фин муабет додуша. Да пробам да продискутирам околу неколку нешта.

Прва работа, јас никаде не го поврзав рокенролот со првото место на топ листите. Ако тоа го најдеш некаде во моиве постови, повели подвлечи и покажи го. Има за што да се бори рокенролот, тоа и самиот го викаш. Проблемот е што денес тоа не го прави. А би требало тоа да му е главна дефиниција. Затоа прашав, наведете барем еден бенд кој се појавил од почетокот на 21 век, а кој сериозно го раздвижил јавното мнение по било какво прашање. Едно е романтичарски да гледаме кон 70, 80, и 90 ти години, друго е да се рекреира нешто толку силно денес. Друго јас не велам дека промените доѓаат само со одредени ликови, креативност има, ликови нема. Ме разбираш? Нема култни ликови, се изгуби харизмата на лидерите. Зошто да биде валидна реченицата дека со Кобејн умреа ѕвездите? Има креативност, има луѓе, нешто не им дава да излезат на површина.

Затоа и ја отворив темава. Прашањето е што е тоа што ги усмрти ѕвездите? Публиката ли е крива, медиумите или самите музичари кои станаа плитки. Е тука ќе го поврзам мојот муабет за Ведер и Прл Џем. Ведер е жива легенда, а јас не се сеќавам дека последниве десет години го имало по насловни или давал интервјува. Тој и бендот не ги сакаа медиумите и единствена грижа им беше да создаваат музика, па тоа не ги спречи медиумите да ги стават во центар на внимание тогаш. Туку нејсе тоа, јас не велам дека не се ценети, туку дека сосем се тргна вниманието од нив. Да не беше документарецот на Кроу, уште повеќе ќе беа потиснати.

МТВ постои едно 30 години. Секогаш промовирал лесни песнички во прв план, но тоа не го спречило создавањето на добри бендови во 80 тите и 90 тите. Па едни Нирвана и Прл Џем правеа анплагд за нив, макар што никогаш не ги сакаа. Мислата ми е следна. Треба ли да ги обвиниме медиумите затоа што не можеме да го најдеме квалитетот, зашто факт е дека ако нешто е барано од публиката, телевизиите ќе го пуштат, нив и онака им е важна гледаноста или пак треба да се обвинат и самите создавачи на рокенролот зашто станаа летаргични?

Всушност да скратам. Според тебе каква е состојбата на рокенрол сцената денес? Стандардно ли е добра или се загуши?
 
И порано, како и сега имало продуценти и автори кои музиката ја сваќале исклучиво како стредство за заработување.
Со МТВ и појавата на музички спотови, интернет и тн, променет начинот на кој таа музика доаѓа до нас.
И денес се создава интересна музика. А тоа што поминало не се враќа. А и кому би користело да се врати?
 
Мене. Јас би дал се` што имам за да отидам на Вудсток `69та и да го почувствувам тој хипи дух. Да го слушнам Хендрикс во живо, да ги видам Џеферсон Ерплејн, Степенвулф и сите останати. За мене тоа време е златната ера на музиката и кога би имало начин се` би дал за да отидам во тоа време.
 
Немој да ги заборавиш Creedence Clearwater Revival :)
 
Creedence Clearwater Revival, Jimi Hendrix, Melanie, Santana, Greateful Dead, Janis Joplin, The Who, Joe Cocker; Blood, Sweat & Tears; Crosby, Stills, Nash & Young... и сите други, а посебно Таа што и сега најмногу ја сакам - Joan Baez
Никој не може да живее во друго време и сега има настани што се интересни...
Gone with the Wind
Немој да ги заборавиш Creedence Clearwater Revival :)
 
А и кому би користело да се врати?
Значи, денешниот проблем е го нема духот на тоа време, едноставно музиката е многу издишана и те дотепува. Има разлика помеѓу рокот од 70,80 и 90-тите, во однос на правци звук и слично, ама едно е исто, музиката е бунтовничка и носи порака, а во исто време и те отпушта. Тоа треба да се врати во музиката и тоа во било кој правец, рок, техно или рап.
 
Богами долг пост. Фин муабет додуша. Да пробам да продискутирам околу неколку нешта.

Прва работа, јас никаде не го поврзав рокенролот со првото место на топ листите. Ако тоа го најдеш некаде во моиве постови, повели подвлечи и покажи го. Има за што да се бори рокенролот, тоа и самиот го викаш. Проблемот е што денес тоа не го прави. А би требало тоа да му е главна дефиниција. Затоа прашав, наведете барем еден бенд кој се појавил од почетокот на 21 век, а кој сериозно го раздвижил јавното мнение по било какво прашање. Едно е романтичарски да гледаме кон 70, 80, и 90 ти години, друго е да се рекреира нешто толку силно денес. Друго јас не велам дека промените доѓаат само со одредени ликови, креативност има, ликови нема. Ме разбираш? Нема култни ликови, се изгуби харизмата на лидерите. Зошто да биде валидна реченицата дека со Кобејн умреа ѕвездите? Има креативност, има луѓе, нешто не им дава да излезат на површина.

Затоа и ја отворив темава. Прашањето е што е тоа што ги усмрти ѕвездите? Публиката ли е крива, медиумите или самите музичари кои станаа плитки. Е тука ќе го поврзам мојот муабет за Ведер и Прл Џем. Ведер е жива легенда, а јас не се сеќавам дека последниве десет години го имало по насловни или давал интервјува. Тој и бендот не ги сакаа медиумите и единствена грижа им беше да создаваат музика, па тоа не ги спречи медиумите да ги стават во центар на внимание тогаш. Туку нејсе тоа, јас не велам дека не се ценети, туку дека сосем се тргна вниманието од нив. Да не беше документарецот на Кроу, уште повеќе ќе беа потиснати.

МТВ постои едно 30 години. Секогаш промовирал лесни песнички во прв план, но тоа не го спречило создавањето на добри бендови во 80 тите и 90 тите. Па едни Нирвана и Прл Џем правеа анплагд за нив, макар што никогаш не ги сакаа. Мислата ми е следна. Треба ли да ги обвиниме медиумите затоа што не можеме да го најдеме квалитетот, зашто факт е дека ако нешто е барано од публиката, телевизиите ќе го пуштат, нив и онака им е важна гледаноста или пак треба да се обвинат и самите создавачи на рокенролот зашто станаа летаргични?

Всушност да скратам. Според тебе каква е состојбата на рокенрол сцената денес? Стандардно ли е добра или се загуши?
Има солидна рокенрол сцена, само што нејизните кругови се позатворени.
Едноставно не е дек рокенролот е мртов, туку ние сме малку со олд скул вкус, а 90-те не се враќаат ни под точка разно. Но пак ќе повторам има една огромна плејада на одлични самостојни музичари кои што и те како знаат да го задоволат сечиј апетит, се што треба е малку напор за да ги најдеш.

Порао беше многу тешко за еден бенд или музичар да се пробие и светот да чуе за нив или него.
Денеска секој со осовен компјутер и интернет конекција може да си сними албум и да се промовира насекаде, така да ете предноста е тоа, а лошата страна е што песни како Come as you are многу ретко...можеби еднаш во 10 години ќе се најдат на првите места на некоја топ листа некаде...но никогаш не било за тоа нели.
 
poster dizajniran od moj drugar :D

386054_2657346507858_1081713151_32687898_873569156_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom