Ќе се обидам само да разграничам некои работи,бидејќи сакав да му реплицирам на Баци,ама се изнапишале уште две страни,па изгубив желба
Кога зборуваме за вредност,можеме да ја задлабочиме тематиката.Емоциите и импулсот кој ги нуди одредена музика се различни.Едноставно неможеш да ги влечеш истите вредности од секоја музика.Затоа упорно барам аргументи за квалитетот,не само на турбофолкот,туку и на металот и неговите поджанрови.
Авторот на темава ги сака Кис.А Кис имаат толку ужасни и лесни песни,па секогаш кога ги слушам,имам револуција во организмот и нагони за проектилно повраќање.Затоа би го замолил да ми одговори што точно во Кис гледа како убав момент и што го тера да ги слуша баш нив и толку да ги сака?Однапред сум сигурен дека истиот одговор ќе го добијам како некој рандом Шабан(да,Дивне,ШАБАН),кога би го прашал зошто ја слуша Цеца.
Потоа Баци,како еден крајно промислен ту би научник вели дека неможеш да бидеш објективен кога се работи за музика,бидејќи без вистинско продирање во релативната човечка душа нема да ја знаеш реакцијата која музиката ја вади од него,бидејќи твоето/моето не е конечно и не е релевантно.Ќе го прифатам тоа кога слушателите на таа музика ќе ми го објаснат,ама доследно и барем на начин на кој јас ќе им кажам кои се квалитетите во она што го слушам јас.
Инаку,се согласувам со повеќето од оние кои ги караат металците за нивната ароганција.Па и самиот кажав дека во металот има огромна доза на куреладачка музика која дури и поголем дел од обожавателите на металот ја преферираат.А и голем дел од оние што слушаат нешто кое вреди го слушаат ради тренд,друштво и желба да се припаѓа.
Во турбофолкот тоа е еквивалентно со одењето на шабански концерти за да и се направи меракот на женската,за да се ебне нешто или за да се исфрли поголема количина на енергија...
Анкетава е збунувачка.Секоја анкета како таква бара сувопарен одговор."Што преферирате?".По тоа следува одговор и крај.Овојпат си дадовме автогол и наместо суптилно да ги навлечеме оние кои ќе пишуваат за тоа колку им се свиѓа турбото,ние(вие) едногласно и ревносно тргнавте во антипропаганда против турбото.
Затоа,на темава,металците излегоа глупи,самобендисани и наликуваат на рој вжештени глави,премногу слепи за да бидат промислени.