Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Јас едно нешто не можам да сфатам. Како тоа на вас металците ви смета кога некој ќе каже нешто против вас или ќе каже дека има против вашата музика и сл. а од друга страна вие истото тоа, дури и полошо го правите за турбофолкерите. Се гледа и од насловот ... Рок/Метал vs. Турбо фолк и шабанерија. :nesvest:
Што е тоа шабанерија? Некој нов правец или само навредлив збор за тој вид музика?
Ако имате против осудувања и слични работи, зошто од старт вие го правите тоа? Конкретно му се обраќам и на авторот на темата, затоа што ме иритира насловот кој од старт осудува и вреѓа.
Ако вас, насекаде ви смета да се критикува металската музика, на некои други им смета да се критикува турбофолк музиката. А замислете, и тие се луѓе и вие. Плус, тие не се ни поглупави ни попаметни од вас. Музиката можеби кажува нешто за човекот кој ја слуша, но не мора да значи. Тука вие токму тоа го тврдите. Од старт секој би се усрамил да напише тука дека ја слуша Цеца или Јелена или кој и да е таму.
Од друга страна па, јас познавам само многу ретки случаи на поединци кои со неколку чашки алкохол не влегле во кафана да се изнаиграат чочеци токму на таква музика. Или па не знам за некој кој не пошол на свадба, поради фактот што таму ќе се слушаат доста такви песни.
Еееее веќе ...
Сега веќе да си кажам мое мислење на темава. Од секој вид на музика има по некоја песна која ја слушам или на која се веселам. Има и металски песни кои ми се убави, рокот веќе е поубав и повеќе такви песни сакам и слушам, а има и турбофолк песни на кои знам да се изнаиграм на некои кафански прослави. Најчесто се тоа постари хитови кои нема кој не ги знае, а новите многу имаат изгубено на квалитет и не ги ни знам, а не ги ни играм и да ги слушнам некаде.
А некогаш ако се чудам на некого, тоа е на посебно на шмизли кои излегуваат во кремски кафичи (доколку тоа постои вистински кај нас), па после тоа ги гледаш на некаква заедничка прослава каде коси скубаат и ги пеат од збор до збор сите турбофолк нови хитови, на кои јас лично се смеам.
Значи кој што сака нека си слуша, но нека не е лицемерен да си го каже и признае тоа. Тој што е искрен, неможе никогаш толку да ме изреволтира. Негово право е да слуша, пее и игра на што сака.