Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не е воопшто безвезно бидејки целта е да се докаже на младите а и на родителите дека доколку уште на мали години ги оставаат со компјутери и нинтенда нема да има детство.Постарите генерации го немале тој луксуз и живееле помирен и поубав живот за разлика од сега кога ако некое дете заплаче за нова игричка родителот веднаш мора да му ја купи.Не е лошо да се укаже на грешката.
Имав прилика да отидам на гости кај мојот внук..5 годинки...Зазверено во екранот и не гледа ништо околу него...Кој му зборува,кој дошол да го види.
Ја прашав мајка му за ситуацијата,таа промрморе нешто и наместо да добијам асален одговор ми кажа:Пушти го де.![]()
Даваш замислен пример на родител кој го остава детето кај неговата баба ама притоа го тепа за најмали грешки.Друга работа која ме загрижува е тоа што родителите наместо да се грижаат за своите деца додека се мали тие го оставаат на своите баби преку цела недела без притоа да отидат да го посетат,но кога ке направи грешка може да се случи буквално да го претепат од котек без притоа да мисли дека може да остави последица котекот.
Да се надоврзам дека се случувало во некои случаеви со кои сум запознаена родителот наместо да го помине роденденот со своето дете во слаткарница таа е на шопинг со своите пријателки.Уште една лоша работа.
Денешниве родители општо,на помали и поголеми генерации не знаат што праваат своите деца.
Веке спомнавме на темата дека доколку и сака да најде време за своето дете ке го најде но некои и не се обидуваат да го направат тоа...Макар 5 минути може да издвои...Не може да ме убеди некој и да бара изговори дека заради работата е уморен и неможе да го помине со своето чедо.
Детето си било заинтересирано за својата работа и најверојатно затоа не ти обратило внимание. Да местел коцки или да си играл со играчки, најверојатно пак немал да ти одговори. Патем, мислам дека е преувеличувано малку од ваша страна тоа што младите деца се на компјутер.
На мои 6 години имав компјутер и игри, кога уште немаше пентиум и имав нинтендо дома. Исто така излегував надвор и се дружев со другите дечиња. Тоа што сега можат да користат компјутери од мали не значи дека нема да се социјализираат. Поголемиот дел од старите генерации се плашат дека никогаш нема да бидат во тек со новите генерации затоа што новите генерации ќе го носат научниот и технолошкиот прогрес па затоа мрчат како у нивно време било боље, исто како што старите библиотекари зборуваат како читањето вистинска книга е правата ствар а не читање на книга по електронски пат (pdf, ebook исл.)
Даваш замислен пример на родител кој го остава детето кај неговата баба ама притоа го тепа за најмали грешки.
-Ако бабата и дедото се ок воспитувачи, не мора да бидат неговите биолошки родители близу него за на детето да му е пружена љубов и внимание од неговите баба и дедо. На крај краева тие баба и дедо се родители на неговите родители. Знаат како да се грижат за деца.
Зависи од тоа каква работа има. Некои имаат нормална работа од 8 часа, други можеби се на деловни патувања и слично. Се што му треба на едно дете е возрасна особа која ќе се грижи за него и ќе го сака додека е многу мало.
Дали тоа ќе биде татко, мајка, дедо, баба или некој кој го посвоил е ирелевантно.
По правење моабет со повеќе личности видов дека на денешно време родителите помлади си ги занемаруваат своите деца. Прв начин е својата работа и двата родители одат на работа едниот работи 8 часа другиот 12 часа и двајцата кога ќе се вратат се случува едниот оди си одмара и сл. а мајката мртва уморна зима прави јаденје јадат си одмараат и после како и обично сега си седнуваат и двајцата и си гледаат серии од 20ч - до 23 часот и како обчино нормално утре се на работа и си легнуваат и што се случува во меѓувремено каде е нивното дете? нормално во школо до кај 13 часот кога ќе се врати ќе јаде што ќе најде и сл. после тоа знаеме сите ако е машко седнува да игра игри и тоа е тоа а ако девојче нормално фејс и тн. секое различно и каде се тука родителите да обрврнат внимание на своето дете да му покажат љубов дали денеска љубовта се заменува со купувањето на игри, пари давање, со нова облека или во подобро кажано во материјални работи отколку да се посвети внимание?
Еве накратко еден вовед на темата па продолжете вие![]()
Безвезен е тој муабет, у наше време ова у наше време она. Секој у своето време праел ствари за кои мрчеле минатите генерации. Нема ништо лошо во тоа секоја генерација да си има свои актуелни ствари и хитови кои ја обележуваат истата. Постарите генерации никогаш не може да го разберат тоа што поновите генерации го имаат како интересно и модерно. И ние кога сме биле мали, дома нашите ни кажувале како у нивно време се било поинаку итн итн...
Он топик, воспитувањето на детето е многу битно и многу зависи за која фаза се работи. Кога се помали, потребна им е поголема грижа и нега од родителите. Како што растат, посебно кога влегуваат во своите тинејџерски години, сакаат слобода и почнуваат да се осамостојуваат. Родителите треба внимателно да им пружаат се поголема слобода внимавајќи на нив до нивното полнолетство.
Мислам дека љубовта на родителот лежи во тоа колкава нега и услови му пружа на своето дете за истото да има правилен развој, добро домашно воспитување и помалку стресови.
Се што е важно е детето да не расте во дисфункционално семејство со насилство, алкохолизам или други нездрави работи. Дури и да е растено со еден родител, се додека родителот е уреду, нема гајле.
Иначе одлична тема за муабет.
е ова ти е реалноста и мора да се прифати каква таква.
и ти кога ќе бидеш родител ќе видиш како е. по цел ден на работа, ваму, таму, 300 обврски и детето или во градинка по цел ден или на школо или баба/дедо ќе го чуваат.
и јас уште не сум родител и не можам да кажам како да сум 100% убеден баш дека е навистина така, ама како што гледам тоа е тоа.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=DvkMeoQW8g4
Еве како се започнува детството и почетната негрижа на родителот. Кога највеќе треба да му посвети внимание , тој го учи на сосем погрешни работи. Таткото воопшто не се ни погрижи за тоа што детето направи. И после распрдени биле децата, ова е првиот пример за родителската негрижа према децата уште од најмали нозе. Замисли колку ли само бактерии има тоа куче во устата, а татко му само рече , НЕ НЕ НЕ ТОА ТАКА ... ЛоЛ !!!
П.С со кој памет ги оставаат да гледаат турски серии?!?
Детето кое нема пари за да излезе и да се дружи (точно, модерните генерации си имаат ,,хитови,, , но модерните генерации подразбираат и Андроид, Адидас, скапа дискотека со скап алкохол, ако е нешто помало подразбира сепак дремење на кафе), ако нема пари за многу работи, ќе почне и многу мало да се снаоѓа како да дојде до пари и до нештата кои ги нема.
Страшниот дел не е вина на родителите (до некаде е, зошто родителите, односно возрасните генерации ја градат државата и законите), а тоа е дека 16 годишно дете не може да најде part-time работа, или било каква чесна работа после часови, за да може да си обезбеди повеќе од тоа што му го обезбедуваат родителите.
За јас да се дружам и да бидам прифатена во друштвото, ми беше доволен ластик, кој дури и не се приметуваше дека е купен, ефтина играчка е.
Е добро де, јас израснав со баба и дедо и градинка, па не бев ич запоставена.
Како и да е, 8 саати е човек на работа, му остануваат уште 16 други. На возрасен човек 6 му се доволни да се наспие. Остануваат 10.