- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Еве ја темата кај што должев реплика.Со таа психологија се вадат мрзливите и неспособни карактери кои што како пост-комунистички навики ги земале жалопојките и неопходната потреба за добивање на парите на тацна.
Капиталистот никогаш нема да биде заинтересиран за културата и традицијата во твојата земја ако ти не му обезбедиш профит.Убаво е да се ужива во животот и да се пронајдат начини за филтрирање, но, да се базираме врз нешто толку неверодостојно во секој рационален и индивидуалистички ум како „така останало од времето“, премногу е лежерно за човек кој што има цели и не се чувстува само како дел од стадото.
Погрешна проценка на генерализацијата во модерната ера на капиталистички босови и луѓе желни за буржоазирање.
Драга госпоѓице Сатори, со таа психологија никој не се вади, бидејќи тоа е психологија наметната од природата. Капиталистот по убедување е секаде ист, да, но она кон кое целев е начинот на живеење и функционирање на различните луѓе. Сонцето создава опуштеност, мрзеливост, безгрижност. Затоа и нашиот народ е таков. Најубав пример кој го докажува тоа, нашиот јазик. Ние велиме “виножито“, норвежаните велат “Регнбур“. Ладно им е, немаат време тие за сончање, мора да работат за да се згреат. Па така и луѓето како карактери се повлечени, мирни, и незаинтересирани за ништо друго освен работа. Освен кога доаѓаат на одмор во Грција и се камен пијани. Ние од друга страна сме галамџии, емотивци и ќе го превртиме локалот уште пред да влеземе во него, а после 2-3 пива да не збориме.
Исто така, норвешкиот капиталист профитот ќе го потроши на инвестиции и фондови за своите внуци. Македонскиот ќе ги потроши на автомобил и коктели за пријателите.
Лејди Сатори напиша:Процесот на глобализација ќе го земе својот замав, на оној или овој начин, прашањето кое што вистински треба да се постави е дали поединецот ќе се одлучи да биде конформист или индивидуалист во истото тоа општество.
Стратификацијата е најголемата пречка, да, треба да имаме среќа што нема повторно да доживуваме идеалистички комунизам кој што ќе ја уништи земјата со својата делузивност.
Па, ако глобализацијата го земе својот замав и си сигурна во тоа, значи дека се декларираш како конформист? Бидејќи индивидуализмот подразбира отфрлање на глобализацијата.
Исто така човек треба да си го постави прашањето дали ќе се одлучи за пепси или за кока кола, за бурек со месо или сиење, за белиот или црниот нинџа.
Во право си за комунизмот сепак. Треба да бидеме среќни, бидејќи некои од нас едноставно заслужуваат да бидат газени од капиталистичката чизма, како дел од казната која мора да ја платат зашто се гадови ко што се. А кога комунизмот би се појавил во неговата вистинска форма, некои други од нас веќе ќе бидат заљубени во вистинските убавини на животот.
