D
dagau
Гостин

Има повеќе теми каде се дискутира настанов, но одат премногу оф-топик со провокации и препукувања. Сметам дека најголемото балканско дерби и првото градско ривалство во Лигата на Шампионите заслужува да се разгледа од еден поинаков аспект - што може да се очекува на терен.
Бројни предности и мани како на едните така и на другите, гледано на хартија.
Металург и сезонава не смени многу во својата филозофија. Одбраната е поставена во ист рецепт 6-0 и функционира одлично се додека е предводена од Дарко Станиќ на голот. Неговото враќање токму против Вардар додава дополнителен шмек во целата еуфорија. Вардар сезонава можеби и не форсира така брз ракомет како под водство на Вујо, но верувам дека ќе користат брз центар како противодговор! Според последните изјави на Лино неизвесен за настап е клучниот одбранбен двоец Маркоски - Јоновски иако сето тоа се веројатно mind games. Во нападот форсираат стандардни, бавни, долги напади со посед што се брои во минути и шутеви во последните секунди. Испробаната игра на Металург, сезонава надополнета со Атман (кој исто така влече повреда) на лев бек без сомнение ќе ја гледаме и во четврток.
За подновениот Вардар има и те како многу да се дискутира! Како од дискутабилната улога на Самс и Доне од клупата, така и околу играчкиот ростер. Недостатокот од вистински прв голман и лошите партии на Растворцев на лев бек се веројатно двете клучни точки кои би се издвоиле по она што досега го видовме. Останатите засилувања се вклопија одлично, а и не можеше да се очекува нешто друго од еден Дибиров, од еден Брумен, Душебаев, Тоскич, Чипурин...
Како и да е, не очекуваат два вистински празници за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Ќе проследиме натпревари кои веројатно долго ќе се раскажуваат. Никој во земјава пред 4-5 години не би прогнозирал еден ваков дуел на наши клубови во ЛШ, едни вака конкурентни Вардар и Металург!