РК Вардар - РК Металург | Борис Трајковски, 24.11.2013 - 18:00 |

  • Креатор на темата Креатор на темата dagau
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не им се замарајте бе, какво местење какви глупости, зар мислите дека нашите играчи ќе прават вакви педерски работи, не сме ние Металург. Јас сум сигурен дека и момциве како нас, ако не и повеќе горат од желба да ги акнат од земја 2 пати, баталете ги овие, секогаш имало вакви ликови од нигде и ниакде се појавуваат и мрчат како ќе биде наместено, како било наместено, дали е Македонија-Србија кошарка, дали е фудбал, дали е сега Вардар ракомет, толку знае дека и со 2 порази од Металург ќе одиме понатаму. Ние утре ќе грмиме, а на дудлачиве оставете им го задоволството пред малите екрани. :pipi:
Напред Вардар!
 
11/12/2013 - Fan прашува: .
"Dali znaete dali Piratite organiziraat nesto spektakularno za vo cetvrtok? Ni treba takva ogromna poddrska od niv, nesto do sega nevideno . Pozdrav"
Одговор:
Да, Пиратите нешто организираат. хахахахахаххахахахаха
 
11/12/2013 - Fan прашува: .
"Dali znaete dali Piratite organiziraat nesto spektakularno za vo cetvrtok? Ni treba takva ogromna poddrska od niv, nesto do sega nevideno . Pozdrav"
Одговор:
Да, Пиратите нешто организираат.

Ако они направат нешто досега невидено, ја се викам Харе Кришна. Единствено нешто што може да направат е инцидент по потреба на некој.

Многу е битно натпреварот да помине во атмосфера без инциденти оти после и публика се преполовува.
 
Ако они направат нешто досега невидено, ја се викам Харе Кришна. Единствено нешто што може да направат е инцидент по потреба на некој.

Многу е битно натпреварот да помине во атмосфера без инциденти оти после и публика се преполовува.

Спремаат бе, корегроафија, која замалце ќе си ја издаде дечињата. Само среќа на сликата е мал дел фатена. :D
 
Ке биде неизвесен натрепвар до самиот крај претпоставувам , како и сите други до сега ..
Нормално очекувам победа на Вардар , а за на трибина (т.е во сала ) и 400 - 500 души е доволно така да ке грмиме во сите 60 минути (бидејки таму ке има вистински 400-500 ултраси а не шминкери и дерби навијачи), јас знам и ги известувам и другите да не се надеваат дека ке има повеќе фанови на Вардар , бидејки тие што имаат сезонаски билети и останати све се луѓе на Минчо , што од фирми што од други аспкети , според мене 4,000 фанови ке има Металруг а 2,000 Вардар , али како и дае ние ке диктираме темпо, Комити Запад :)
 
Овие натпревари одсекогаш ми правеле мачнина и чир во желудник и ми го расипувале здравјето :D Прво од огромна желба Вардар да победи второ зашто овие натпревари одсекогаш биле многу тешки и напорни.

Металург почна со mind games од типот Јоноски, Велко Марковски, Атман итн... дека повредени нема да играат и сите тие муабети. Мое мислење е дека тоа е се само тактика да останат таинствени до крај и дека сите они ќе си настапат (освен можда Никола Марковски).

Предноста на Металург е воиграноста на тимот и се разбира по мене главниот елемент на натпреварот, Дарко Станиќ. Позната стратегија со цврста 6-0 и Станиќ, проследена со долги спори анти-ракометни напади кои ментално исцрпуваат. Бековска со Наумче, Ренато и Атман ќе ударна, а дополнување ќе бидат долгите топки од станиќ до брзите крила. На играчко ниво на пикер се убиствени :ROFLMAO:
По тоа што го спомнав наркичот три пати во еден краток пасус се гледа колку тој значи за нивниот тим.

За разлика од нив стратегијата на Вардар и за мене претставува мистерија, освен дека најверојатно ќе се игра 5-1 одбрана со Дибиров напред и ќе се форсира да се притиснат плавиве и нападот да го завршат побрзо. Вардар е реално играчки поквалитетен со подолга клупа, разноврсен напад и со искусни играчи. Голема улога ќе игра како ќе се постави тактиката и кој ќе превзема одговорност. Мора да им биде јасно на играчите што значи овој натпревар и да го изиграат на ниво. Слабост гледам во тоа што нема кој да разбие со шут од далечина (против тие шутеви Станиќ е најслаб) и се разбира без тренер иако веќе навикнаа на вакво играње. Битен елемент исто е и каков настап ќе има триото Душебаев - Карачиќ - Дибиров. Доколку овие играат на високо ниво, дополнети со солидна игра од Прибак, металург нема што да бара во овој натпревар.

На крај, на вакви дерибија се баталува стратегија, квалитет и победува тој повеќе што ќе се бори и ќе биде поупорен. Се разбира и елементот на среќа кој што може да реши натпревар како и голем фактор ќе биде повторно спомнатиот Дарко Станиќ како и изданието на Страхиња Милиќ (по мене може и пресудни). :)

Баш сега проверив чисто информативно коефициенти во кладилници, и во сите Вардар е благ фаворит.

Во сала публика 65 - 35% во корист на металурзите, али тие 35% мислам дека ќе грмат како за две полни сали. На втората утакмица 95% ќе бидат Вардарови фанови застапени и тука морам да додадам дека тој натпревар плаче за една целосна кореографија на ниво на цела сала:)

Моја прогноза е иста како на @bbbbbb, тежок и маченички прв натпревар и тесна победа на Вардар во најлош случај нерешено, додека во вториот натпревар посигурен триумф и доминација на црвено - црните.
 
Има едно ако таму и едно и.


една победа или нерешено од двата натпревари со Металург и победа против Минск и иде Вардар понатаму.Од тоа почиста математика и не може да се има.

На Металург ништо почиста не му е ситуацијата.Еден поен сега ако извадат ЧАО ЧАО.
 
Моја прогноза е иста како на @bbbbbb, тежок и маченички прв натпревар и тесна победа на Вардар во најлош случај нерешено, додека во вториот натпревар посигурен триумф и доминација на црвено - црните.

Тоа оти првиот на „гости“ ќе го играте, па за тоа. :))
 
Тоа оти првиот на „гости“ ќе го играте, па за тоа. :))


Што се правиш и ти сега кo LetMeSea? :) Нормално дека повеќе фанови ќе има на Металург, од оние што мислат дека се во театар, такви кај нас веројатно ќе има малку. Но, факт е дека со тие 300-500 Комити колку ќе бидат, Вардар ќе има повеќе од достојна подршка, бидејќи крај крајева само тие ќе навиваат 60 минути на цел глас. Заради тоа може да се каже дека ќе играме како дома, зошто ќе се пеат песни за Вардар, а не за "домаќинот" . Ама не е исто да играш пред 200-300 Вардарци и 300-500 Комити како пред 4 000 Вардарци и 2 000 Комити, ако првото е повеќе од достојна подршка, второво е повеќе од пекол за гостите ;) треба да ти е појасно сега :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom