РК Вардар - РК Металург | Борис Трајковски, 24.11.2013 - 18:00 |

  • Креатор на темата Креатор на темата dagau
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
D

dagau

Гостин
139259_396x223.jpg


Има повеќе теми каде се дискутира настанов, но одат премногу оф-топик со провокации и препукувања. Сметам дека најголемото балканско дерби и првото градско ривалство во Лигата на Шампионите заслужува да се разгледа од еден поинаков аспект - што може да се очекува на терен.

Бројни предности и мани како на едните така и на другите, гледано на хартија.
Металург и сезонава не смени многу во својата филозофија. Одбраната е поставена во ист рецепт 6-0 и функционира одлично се додека е предводена од Дарко Станиќ на голот. Неговото враќање токму против Вардар додава дополнителен шмек во целата еуфорија. Вардар сезонава можеби и не форсира така брз ракомет како под водство на Вујо, но верувам дека ќе користат брз центар како противодговор! Според последните изјави на Лино неизвесен за настап е клучниот одбранбен двоец Маркоски - Јоновски иако сето тоа се веројатно mind games. Во нападот форсираат стандардни, бавни, долги напади со посед што се брои во минути и шутеви во последните секунди. Испробаната игра на Металург, сезонава надополнета со Атман (кој исто така влече повреда) на лев бек без сомнение ќе ја гледаме и во четврток.
За подновениот Вардар има и те како многу да се дискутира! Како од дискутабилната улога на Самс и Доне од клупата, така и околу играчкиот ростер. Недостатокот од вистински прв голман и лошите партии на Растворцев на лев бек се веројатно двете клучни точки кои би се издвоиле по она што досега го видовме. Останатите засилувања се вклопија одлично, а и не можеше да се очекува нешто друго од еден Дибиров, од еден Брумен, Душебаев, Тоскич, Чипурин...
Како и да е, не очекуваат два вистински празници за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Ќе проследиме натпревари кои веројатно долго ќе се раскажуваат. Никој во земјава пред 4-5 години не би прогнозирал еден ваков дуел на наши клубови во ЛШ, едни вака конкурентни Вардар и Металург!
 
Одвај чекам, цело Скопје го тресе ракометна треска!

НИКОЈ КАКО ТЕБЕ ДРУГ! Вардар!! ( Не, нема да го напишам неофицијалното продолжение, пред да ме цитирате!:icon_mrgr: )
 
Љубов моја голема една непреболена од зло си бранета во срце чувана пола црна пола црвена :love:
Срце на терен, срце на трибини, ги газиме на сите полиња. Ајде Скопје Ајде Вардар!




Мора за среќа, :icon_mrgr: Вардар, Вардар пак сме најдобри, Вардар Вардар шампиони! Нека грми Скопје за Вардар... :sneaky: Нека се прашаат кој е всушност домаќин! :D
 
Мислам ако имате нешто паметно во врска со дербито слободно коментирајте во однос на двете екипи, за други работи си постои фан клуб на едните и на другите, а тука очигледно ги има само едните.
Да не ве бришам ај.
 
Мислам ако имате нешто паметно во врска со дербито слободно коментирајте во однос на двете екипи, за други работи си постои фан клуб на едните и на другите, а тука очигледно ги има само едните.
Да не ве бришам ај.

Нема други, сите се за Вардар ама не признаваат:)
 
И јас едвај чекам да го ебам :D
Не за друго, туку да си ја клам 2ка кладилница :)
Осеќам дека ќе ги избуши Вардар...

Клавајте, злато, сребро, дијаманти, пари, куќи, станој, вили, коли... добитни сте слушајте ме ;)
 
Што не стаите анкета бе, да видиме дали сите се за Вардар?:ROFLMAO:
 
Црвената е за крвта врела,
за македонски градови, села,
а црната е, за тој што жали,
по гоцевите идеали...

Се надевам дека ги погодив зборовите точно :D
Се гледаме во сала. Носејќи ги црвено - црните бои. ;)
 
X ќе искочи, а сакам Вардар да победи со цело срце и душа. На двата тима им одговара тој резултат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom