Таа констатација претходно и јас споменав дека е точна. Но муабетот на министерот не е дали државата треба или да обезбеди работа за граѓаните туку дека премногу се пребира...што во никој случај не е точно. Се пребира онолку колку што човек смета дека со приходите, постојаноста на работното место и тертипот на самиот работодавец ќе може да обезбеди човечко животарење.
За волја на вистината индиректно нејзината улога освен за прибирање даноци е и создавање услови за живот на граѓаните и делање на фирмите.
Точно е тоа, ама пребирањето, односно изборот започнува многу порано. За системот веќе се изјаснив каде не чини, добар дел од цитатот ти избришав бидејќи се сложувам со него и немам што да додадам, па сега ќе „удрам„ малку по студентите. И тоа само од еден аспект, инаку има многу за „удирање„

:
Да речеме дека ја разбирам (не и оправдувам) незаинтересираноста на системот за граѓанинот. Да речеме дека ја разбирам (не и оправдувам) и незаинтересираноста на граѓанинот за останатите граѓани. Јбг, тешки времиња, нови вредности ова она. Ама да ме утепаш не можам да ја разберам незаинтересираноста за сам себе и за својата иднина.
Еве еден банален пример - пред многу години, потајна желба на моите, т.е. на мајка ми беше да терам кариера во медицина (нормално, тоа ни тогаш ни сега за мене не доаѓаше во предвид

). Ова не е ни толку важно, важно е дека во тоа време статусот на здравството беше „не го бива, ама ќе се среди додека да запишеш средно„. Нормално, не ни пробав да се запишам, и уште понормално состојбата „не се среди„. А за запишување таму беше лудница (Случајно имав чест да присуствувам на тој чин бидејќи игравме фудбал во Кочо Рацин и отидовме по сендвич

). После беше муабетот дека додека мојата генерација заврши средно „ќе се среди„ (Се разбира, мојата кариера во медицина заврши одамна

, сега веќе станува збор за некои нови клинци). Средното го завршивме, здравството „не се среди„а летото ПАК беше митинг пред медицинско, како и секоја година потоа.
Да скратам - избери било која година наваму, за секоја од нив ова што го напишав ќе важи од а до ш. Смени го средно медицинско со ЈБТ или Корчагин, медицина со право или економски, пак ќе важи истото.
И како сега јас, ти или било кој да реагираме кога ќе излезе девојче со завршено средно медицинско на пример, и ќе се пожали дека за неа нема работа како сестра, или дека се вработила а мала и е платата? Дете, немаше работа а платата беше средно жалосна и кога се запишуваше, немаше работа а платата беше жалосна и кога нашите генерации се запишуваа пред 20 години, пред некоја година во медиуми беше некоја сестра ми се чини од Делчево која исполнила услови за старосна пензија без ден работа по струка, и држава и медиуми години наназад трубат дека има вишок на овие кадри...
Што да кажеш на ова? Да речеш така ти треба кај ти беше паметот гревота е, да речеш „ќе се среди„ ќе излажеш... Ова важи и за правници и за економисти...