Ете ти едно ми се допаѓа од мене... Се сложувам со твојот пост, но не во целост.
Ако некој инвестира во своето образование и може да учествува во градењето на подобра држава, без разлика на било кој план зошто државата не му го пружа тоа што му е потребно.
На крај краева знаеме еден куп примери каде што си учел едно, но работиш сосема трето што врска нема од твојата професија, односно факултет што го имаш завршено.
Нормално не е возможно за сите да има место каде што си имаат замислено, ама таксисти, градежници, разнесувачи на роба со факултет? Не, фала на таквата грижа на државата за народот.
И да, таа изјава на Министерот е да се одврати само внимание од реалните проблеми, затоа што многу добро и тој знае што е проблемот со нашата држава.