Ристовски: Младите премногу избираат што да работат

Се додека државата е најголем вработувач, а најпрофитабилен бизнис рекетарството и собирајнето казни, ќе е така...

Спиро е добар на теорија, ама нема грб да ја практикува таа теорија... А грб со теорија не се праве.... Он тава си го знае, тава си го бае.... Толку му стига црпката, и кувето... Големи идеи мал кувет... Приказна за секој средностатистички политичар од Македонија. ;)

пс. Повеќето шо пишете тука ако не сте правници по професија/факултет јас Луки да не се викам :D:D:D:D:D

локуми растргате а малко работете :D:D:D:D
 
Не можам, а да не реагирам дека ова е смешен обид за деградирање на младите кои решаваат да си одат во државата, со срамна пропаганда дека таму би можеле да станат хомосексуалци. И знаете што? Никој нема да реагира на ова.
Јас сосема поинаку го разбирам писмото (ај да речеме е вистинско) само сака да каже колку Миленко е хомофобски драпаџија националист и религиозен...ништо ново има 1 реда дека е во странство и е актер уствари повеќе зборува дека „сите“ актери се хомосексулаци...ако може да е навреда тоа.
 
Колку е виновен образовниот систем, толку е виновен и студентот. Образованието не завршува кога ќе земеш диплома и плата, потребно е континуирано надградување, ем да бидеш конкурентен ем да ги пратиш работите од поразвиените земји и да ги имплементираш во помалку развиената Македонија.
Не се согласувам и има примери дека дел од кадарот е квалитетен. Не може да очекуваш дека во една генерација од 100 доктори, сите ќе станат успешни имиња во професијата. Секогаш ќе ги има оние кои ќе бидат понапред од останатите. Некои ќе се добразуваат, некои ќе посетуваат семинари, работилници, ќе работат со искусни кадри од професијата, ќе осознаваат нови работи. Останатите ќе останат пасивни само на она што го научиле за време на факултет. Учителката може ги научила да читаат и пишуваат но не ги научила анатомија и практично учење од познат кардиолог како се пресадува срце.

Во принцип се согласуваме. И ако го погледнеш претходниот пост уште еднаш ќе видиш дека се ова е содржано во „индивидуален квалитет, способност за прилагодување и импровизација„.
Несогласувањето (ако го има) е поради реченицата што сум ја болдирал и дефинирањето на кадарот. Значи се што кажа е точно. Нормално дека не очекувам сите 100 да бидат врвни и успешни, тоа е она индивидуалното. Ама очекувам сите 100 да бидат минимум оспособени за струката (макар и не работеле по струка и го изгубиле „фатот„ во иднина). Е тоа е оспособување на кадар.

Поентата е дека успешен „дел од кадар„ не постои. Поточно постојат успешни поединци како примери, ама тоа не може да се дефинира како произведување успешен кадар.
Кадарот или е добар или не е. А тоа не го одредувам јас туку пазарот, согласно на она дека „еден производ вреди толку колку што ќе платат за него„ или во случајов толку колку што е баран.
Значи ако секоја година првите 10-15 луѓе во генерација се разграбани од топ македонските фирми - факултетот вади солиден кадар. Ако истите 10-15 се разграбани од најголемите фирми во регионот - факултатот вади добар/многу добар кадар. Ако пак секоја година првите 5-10 се прибрани од Самсунг/ Волво/разни светски клиники е тогаш може да кажеме овој факултет вади врвен кадар.
Никаква филозофија, така функционира пазарот и рангирањето во светот. Тоа што ние лесно се расфрламе со термини како „врвни„ и „добри„ е друга работа.
И ова никако не ги оправдува студентите. Напротив.
 
Во суштина го кажа истото што и јас со други зборови.
Не треба да бараат од државата да им даде работа, туку да бараат државата да си го исправи системот и условите. Слично е, ама не е баш исто. Доста беше со паразитски систем, кој си го негуваме уште од Југославија..
Таа констатација претходно и јас споменав дека е точна. Но муабетот на министерот не е дали државата треба или да обезбеди работа за граѓаните туку дека премногу се пребира...што во никој случај не е точно. Се пребира онолку колку што човек смета дека со приходите, постојаноста на работното место и тертипот на самиот работодавец ќе може да обезбеди човечко животарење.
За волја на вистината индиректно нејзината улога освен за прибирање даноци е и создавање услови за живот на граѓаните и делање на фирмите. Како пример ќе го посочам потегот од поранешна циглана (топаана) до крстосницата накај патот за Косово. Цел тој потег покрај Словенечка е замрен, затемнет како да човек се наоѓа среде планина, а може да се испарцелизира, да се доведе соодветна инфраструктура и да се овозможи на деловни субјекти (посебно помали погони најголем % за производство) да вложат со минимални давачки барем во првите 2-3 години, како и стимулација за обука на кадар и понатамошно вработување. Покрај тие погони ќе заживеат и помалите бизниси во тој крај (колонијал, кафеана, сендвичара, превоз...). Никој жив нема да вложи во предел од бога заборавен, без улици, осветлување и друга инфраструктура.
Затоа што огласите во моментов се такви да се бараат целосно искусни лица во струките, граѓаните без искуство буквално немаат никакви шанси за вработување.
- Многу млади луѓе се многу крути во своето барање. Бараат место во својот образовен профил иако за тоа немаат соодветно работно искуство кое би го покажале кај работодавачите - рече Поповски.
Чудно е да си дозволи еден министер во Влада (и неговиот колега) на држава со најголема формална (најверојатно и неформална) невработеност во Европа (а по млади невработени втори или трети во светот), најчесто без никакви работнички права ниту ефикасен судски систем, без регулирано работно и исплатено време, да даде ваква изјава. Министер во Влада која на голема врата го промовираше "успешниот дисперзиран систем на високо образование", факултет за секое дете, а од друга страна да стои на ставот дека истите тие млади да не треба да пребираат работа. Сигурно е свесен колку чини еден студент, како за државата така и за семејството, сигурно е свесен колку е исплатливо и за државата и за семејството да еден агроном или економист работи во кафуле. Или не е свесен.

Да сме начисто, во старт ги елиминирам од дискусијата оние кои се запослиле со татини и/или партиски врски. Зборам за регуларно јавување на конкурси и барање работа.
 
Има работа точно де ама има неколку проблеми тука прво е платата која е прашање и дали ќе ја земеш кој ти гарантира дека ќе бидеш пријавен и ќе ја добиеш ветената плата? Второ денес секој втор кај нас има факултет , па нормално ќе си отидам на дисперзии во Кочани и ќе зеам докторат по право! Една од огромните грешки ние создаваме кадри со дипломи , а не со знаење. Секаде во светот универзитетите и школите се натпреваруват во квалитет што го нудат , а кај нас каде најлесно ќе завршиш! Што е најјакото некој таков ќе стане министер или директор па чуди се зашто државата е таму кај што е. Идејата за сопствен бизнис со неповратни средства е ок ама условите се ко да зимаш кредит од банка! Еве јас имам лично искуство со аплицирање над 1000 огласи без бирање од дистрибуција до она што ми е струка и што?! Или огласот е веќе наместен или пак ќе дојде некој со работно искуство и ќе ти ја земе работата , а младите кој ги ферма во државава подобро поминуваат пензионерите од младите! Околу изборите не сум за никој апсолутно никој не ги застапува моите интереси една од идеите коај стално на сите ја зборам на следни парламентарни сите да бидат неважечки и да се состави експертска влада која се надевам ќе смени нешто!
 
Многу ме интересира дали Ристовски кога беше помлад не бираше работа или затоа се пикна во партија за да не има земја под нокти и да изиграва господин?Ме интересира зошто истиот не се занимавал со земјоделство или бурек да прави, туку отишол политичар да биде?

Дека имаме неспособна, невредна, неморална младина тоа имаме во голем број, но многу е смешно некој што е банкар, политичар, директор да зборува дека младите премногу бирале работа, затоа што истите тие ако не бирале што работат зошто отишле да работат професии коишто се “угледни“ и не бараат никаков физички напор?

Кај нас сите млади овде размислуваат по една иста матрица. Стана фенси и хипстерски сите жени да се адвокатки или банкарки демек тоа е ’кариера’ и сите девојчиња како овци само на правен и економски факултет, затоа што себеси така се доживувале трендовски и секси исто како на сликите во “Теа модерна“.

Кај нас тотално изумреа занаетите, пошто нели демек било “ срамно“ и “селски“ да се занимаваш со тоа, а каде и да одиш во свет со тие професии ќе работиш секаде.

Како една просечна девојка кај нас гледа на едно момче што се занимава со земјоделие , молер, шнајдер и други слични професии? Сите овие принцези тука што се фолираат дека се би работеле лажат, затоа и трчаат по такви банкари, директори и слично дека ги има на ковер страница на “Теа модерна“ или “ Тин шема“. Дебилизам!
 
Како една просечна девојка кај нас гледа на едно момче што се занимава со земјоделие , молер, шнајдер и други слични професии? Сите овие принцези тука што се фолираат дека се би работеле лажат, затоа и трчаат по такви банкари, директори и слично дека ги има на ковер страница на “Теа модерна“ или “ Тин шема“. Дебилизам!

Засмрден испотен простак со опинци шо само за мотика е способен, и толку заслужува.....

И овија са најблагите зборове... :)
 
Што знам, многу млади отидоа во Америка и не се жалат од работата таму, а работеле, келнери, кувари, судопери и останати работи што овдека ниту на сон некој со факултет нема да му текне да ги работи.
Исто се фалеа, дека плата редовна, почитување од газдите односно како си оди редот на работодавач-работник и си доаѓаат со 5000-6000$ заработка, посебно оние поштедливите и тоа за 3 месеци работа.
Исто и овие популарно наречените гастербајтери, што работат во Швајцарија, Германија и останати земји, најголем дел од нив си работат градежништво, кулинарство и слично и они задоволни.
А замисли ги оние што одат во Авганистан и Ирак, што пребиливи луѓе се тие, пак ?
Јас незнам што е разликата во келнер во Америка и келнер во Македонија, што толку пребираат младите да бидат келнери во Македонија, а обожаваат во Америка, генерално истата работа е, треба да го услужиш муштеријата не е нешто страшно.
Проблемот не е во младите што пребираат, проблемот е во две работи, прво платата (и ти потенцираат дека и таа ти е многу) и второ односот (знам дека некои газди на колонијали ги подредуваат наутро вработените и ќе им одржат лекција).
 
Chemical Angel, како не знаеш што е разликата... разликата меѓу келнер во Америка и келнер тука за три месеци изнесува 6.000 долари.
 
Chemical Angel, како не знаеш што е разликата... разликата меѓу келнер во Америка и келнер тука за три месеци изнесува 6.000 долари.
Да, ама да живееш во Македонија со тие пари, а не во Америка(y)
Тие пари во Америка ти вредат ништо ако сакаш поголем луксуз.
 
Господине Неделковски, ве молам ебете се.
Не ми се верува со колкав простотилак и пропаанда без аргументи ги ширате вашите средновековни верувања. Ќе студирам кај сакам, тоа што сакам и колку сакам затоа што напорно сум работел за тоа и сум го заслужил потполно. Моите верувања и сексуална ориентација немаат врска со моите студии и географска местоположба за разлика од вашата простота која е правопропорционална со вашата грдотија и простотилак.
 
Да, ама да живееш во Македонија со тие пари, а не во Америка(y)
Тие пари во Америка ти вредат ништо ако сакаш поголем луксуз.
Па во случајов зборуваме за тие што одат на три месеци во Америка, сигурно не ги трошат (сите) пари таму.
 
Chemical Angel, како не знаеш што е разликата... разликата меѓу келнер во Америка и келнер тука за три месеци изнесува 6.000 долари.
Не ми е тоа муабетот, луѓе живеат таму со тие пари, ама тоа што ми го кажуваат е дека е многу по релаксирано, односот кон него како вработен е одличен, нема страв да праша за некои работи (покачување на плата, зошто касни плата и слично) без притоа да биде казнет, едноставно таму газдата не се поставува со величина на господ што е случај кај нас, кај им работат за мали пари кај нас, па и треба да го трпат господ егото на газдите (секоја чест на исклучоците) демек он е газда се знае со овој, оној има ваков грб и слично.
Или како што во една од емисија на Јанко Јади Бурек, кога имаше упад на УЈП во А1, еден се јави и вика дека Велија требало да се остави оти од него многу луѓе плата земале фамилии зависат и слично
 
Таа констатација претходно и јас споменав дека е точна. Но муабетот на министерот не е дали државата треба или да обезбеди работа за граѓаните туку дека премногу се пребира...што во никој случај не е точно. Се пребира онолку колку што човек смета дека со приходите, постојаноста на работното место и тертипот на самиот работодавец ќе може да обезбеди човечко животарење.
За волја на вистината индиректно нејзината улога освен за прибирање даноци е и создавање услови за живот на граѓаните и делање на фирмите.

Точно е тоа, ама пребирањето, односно изборот започнува многу порано. За системот веќе се изјаснив каде не чини, добар дел од цитатот ти избришав бидејќи се сложувам со него и немам што да додадам, па сега ќе „удрам„ малку по студентите. И тоа само од еден аспект, инаку има многу за „удирање„:D:

Да речеме дека ја разбирам (не и оправдувам) незаинтересираноста на системот за граѓанинот. Да речеме дека ја разбирам (не и оправдувам) и незаинтересираноста на граѓанинот за останатите граѓани. Јбг, тешки времиња, нови вредности ова она. Ама да ме утепаш не можам да ја разберам незаинтересираноста за сам себе и за својата иднина.
Еве еден банален пример - пред многу години, потајна желба на моите, т.е. на мајка ми беше да терам кариера во медицина (нормално, тоа ни тогаш ни сега за мене не доаѓаше во предвид:D). Ова не е ни толку важно, важно е дека во тоа време статусот на здравството беше „не го бива, ама ќе се среди додека да запишеш средно„. Нормално, не ни пробав да се запишам, и уште понормално состојбата „не се среди„. А за запишување таму беше лудница (Случајно имав чест да присуствувам на тој чин бидејќи игравме фудбал во Кочо Рацин и отидовме по сендвич :pos:). После беше муабетот дека додека мојата генерација заврши средно „ќе се среди„ (Се разбира, мојата кариера во медицина заврши одамна:D, сега веќе станува збор за некои нови клинци). Средното го завршивме, здравството „не се среди„а летото ПАК беше митинг пред медицинско, како и секоја година потоа.
Да скратам - избери било која година наваму, за секоја од нив ова што го напишав ќе важи од а до ш. Смени го средно медицинско со ЈБТ или Корчагин, медицина со право или економски, пак ќе важи истото.

И како сега јас, ти или било кој да реагираме кога ќе излезе девојче со завршено средно медицинско на пример, и ќе се пожали дека за неа нема работа како сестра, или дека се вработила а мала и е платата? Дете, немаше работа а платата беше средно жалосна и кога се запишуваше, немаше работа а платата беше жалосна и кога нашите генерации се запишуваа пред 20 години, пред некоја година во медиуми беше некоја сестра ми се чини од Делчево која исполнила услови за старосна пензија без ден работа по струка, и држава и медиуми години наназад трубат дека има вишок на овие кадри...

Што да кажеш на ова? Да речеш така ти треба кај ти беше паметот гревота е, да речеш „ќе се среди„ ќе излажеш... Ова важи и за правници и за економисти...
 
Ај Бога Ви, не стаајте линкови до сајтови, блогови, фејсбуци на свињине дебели....
За морал да фати криминалец и улична курва да ти збори и ти да седиш пред ТВ и да ги слушаш!? Не сме до толку очајни....
Дај имајте малку повисоки критериуми во животот и вакви ликови ќе ги снема.....Мики лажеше напатени луѓе (скриени „педери“) што сакаа да си одат од распаднатава држава во Америка - не им кажа дека ќе се попедерчат таму, туку им ги собра парите и сега ако длабински не го излиже шупакот на секој владин мајмун ќе треба да чисти клозети во Идризово......

Такви да ми кројат политики? Такви да ми кажуваат што да мислам? Си се вреѓате самите себе што воопшто ви се во видно поле....

.....а на Спире, бар да ни покаже како има толку кондиција да дава константно фелацио во партиската организација и на што друго се должи неговиот животен успех, пошо на интелигенција очигледно не....која е неговата тајна?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom