Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Да бре, знаев дека има некој битен, а не ми текнуваше.

Не знам Ширеа што се има затерано со таа профилната со оној што личи на пејачот на „и ловец сам и рибар сам“.

џубре едно...:mad:
 
Член сум од 8-мо одделение, мислам дека се приклучив за да ги следам (и да истресам нешто на) ракометните теми затоа што тренирав во тоа време. Секојдневно го отварам форумот, се уште главно за ракомет, но како што ми се развиваше животниот тек ги следам и ИТ темите како и совети станови Скопје (хомо провинциус). Повеќе следам одошто придонесувам со мислења :).

Мора да потенцирам дека неколку мислења и разговори со членови ми биле исклучиво корисни во донесување на лични одлуки!

Не познавам членови на форумот, иако од читање постови знам за некои личности кои стојат зад одредени профили и секако тие кај што истото е очигледно (Bidik).

Немам присуствувано на собиранки, ама игравме кантер1.6 у време на короната, не знам дали тоа ќе се уважи.

Многу квалитетна содржина има форумов и искрено се надевам дека ќе продолжи да функционира уште долги години!
 
Бидик имаше една епска размена на Бадијала форумот уште 2006-та некаде. Имаше лик, што се пофали дека му ги инфицирал серверите на Бидик со .exe фајл. Бидиков му враќа дека користи Линукс. :pos:
 
@Bidikov 20 години матење. Што би изјавиле ексклузивно за Кајгана Телевизија? Кои се вашите пораки кон граѓаните на Република Кајгана?
 
20 години кајгана...
Го следам одамна форумов (една година пред да се зачленам), уште како дете... кој знае тогаш што се имам пишувано и читано. Се сеќавам дека на почетокот во мак метал темата бранев Metalcore како музички стил... Ми се ставија 10ина хиени блек металци... "детиштеееее фејкер" вака така.
Гарант 90% од муабетите на почеток да ги читам ќе кринџам у велико.
Искрено шарав низ темиве... Ама повеќе читам/пратам него што пишувам. Но не било секогаш така.
Овде научив дека постојат и други перспективи за секоја тема, научив (онлајн) дебата, и научив дека и оној кој греши, пак можеби има поента во неговата перспектива, ако ништо друго.
За жал, како и секоја онлајн дебата, или е circlejerk, или е инатење/"ти ќе ми кажеш"/ "види вака чичо да ти објасни"...
При вжештени дебати има доста луѓе кои само те цитираат на слепо, без да прочитаат ни 1 реченица од што имаш напишано, луѓе со кои едноставно нема разбирачка.

Како и да е, генерално имало и периоди кога активно сум куцал на форумов, и најбитно од се, емотивно сум се празнел овде. Нешто ќе ти засмета, ќе те повреди, доаѓаш овде и се отвараш.

Сепак, глобализмот, конкуренцијата си го направија своето (секако и по некој outage од време на време), и доста од луѓево остареа/пораснаа па се нема време да се троши на оваа дигитална платформа. Да не се лажеме, форумов денеска е бледа сенка од што некогаш бил. Но, далеку е од мртов.
 
Член сум од 2007 со овој јусер нејм, арно ама тоа ми беше златниот период, активно се дружев излегував и имав дечко со кој шетав, па така од 2004 до 2009 не го отворив форумов, дека ми беше фантазија животот, најубавите години и спомени од животот ми беа тогаш, после кога се се сруши како кула од карти отворив нов 2009 јануари Филозофка се викав, се затворив во 4 ѕида и на форум постирав нон стоп, запознав еден дечко тука, со кој си ги лечевме раните 2010 и 2011 година, локајќи пиво во парк и одејќи по журки со разни друштва, поздрав до него, иако не е веќе активен, се наљути нешто, ми фали за муабет, пиши ми знаеш кој си,;) понатаму западнав во една прилика која мислев дека ќе ми донесе зелена ус карта, да конечно побегнам, ама среќа заврши и не бев активна после 2011.

Ми текна на форум пред некоја година, арно ама од неактивност сум си го заборавила и мејлот и пасвордот и се на Филозофка профилот, па го замолив Ацид, да ми го врати но ништо, нема врска како и да е тука сум, сад ме видиш и невидиш хехе, нормално кога иам време пишнувам по некој бисер. Чао тути.:oeoeoe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom