20 години кајгана...
Го следам одамна форумов (една година пред да се зачленам), уште како дете... кој знае тогаш што се имам пишувано и читано. Се сеќавам дека на почетокот во мак метал темата бранев Metalcore како музички стил... Ми се ставија 10ина хиени блек металци... "детиштеееее фејкер" вака така.
Гарант 90% од муабетите на почеток да ги читам ќе кринџам у велико.
Искрено шарав низ темиве... Ама повеќе читам/пратам него што пишувам. Но не било секогаш така.
Овде научив дека постојат и други перспективи за секоја тема, научив (онлајн) дебата, и научив дека и оној кој греши, пак можеби има поента во неговата перспектива, ако ништо друго.
За жал, како и секоја онлајн дебата, или е circlejerk, или е инатење/"ти ќе ми кажеш"/ "види вака чичо да ти објасни"...
При вжештени дебати има доста луѓе кои само те цитираат на слепо, без да прочитаат ни 1 реченица од што имаш напишано, луѓе со кои едноставно нема разбирачка.
Како и да е, генерално имало и периоди кога активно сум куцал на форумов, и најбитно од се, емотивно сум се празнел овде. Нешто ќе ти засмета, ќе те повреди, доаѓаш овде и се отвараш.
Сепак, глобализмот, конкуренцијата си го направија своето (секако и по некој outage од време на време), и доста од луѓево остареа/пораснаа па се нема време да се троши на оваа дигитална платформа. Да не се лажеме, форумов денеска е бледа сенка од што некогаш бил. Но, далеку е од мртов.