Религиите ги имаат монополизирано моралните вредности

  • Креатор на темата Креатор на темата trte_mrte99
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Веќе ми е преку глава да слушам од религиозните дека ако немало религии ќе било глобален хаос и сите ќе се убивале меѓу себе и незнам такви некои глупости, дека моралот започнал со религиите, и преку глава ми е да гледам како религиите вршат пропаганда за некој извртен морал и тоа врз база на ништо друго туку страв,. И тоа страв од што? Од најглупавите фантастични концепти што можело да им текне на средовековните хастлери кои ги имаат пишувано религиските текстови.

За среќа има луѓе кои активно се обидуваат да го разбијат тој монопол со наука, еволутивни факти, факти од неврологијата и логика како база за човечките морални вредности, а не средовековни плашила и приказни, кои религиите си ги имаат извртено секоја во нивна корист.

"Бидејќи нема христијанска физика или муслиманска математика, така не може да има ни христијански или муслимански морални вредности" - Сем Харис


http://en.wikipedia.org/wiki/Empathy Емпатијата е еволутивен развиток, и нема врска со религии или богови.

Моралните вредности се последната причина поради која сеуште постојат религиозни луѓе. Но полека се менува тоа. Видете само колку има кои не sе религиозни па sепак имаат морални вредности и дури и поголема емпатија од некои религиозни. Само видете какви вистински неморални работи правеле и сеуште прават религиозните во името на "нивниот" морал.

“The greatest tragedy in mankind's entire history may be
the hijacking of morality by religion.” Arthur C. Clarke
 
Религијата има помогнато многу во градењето на човечкиот и опшествениот морал , ама мислам дека и без неа можеме. Сеа да не серам дека само слабокарактерни личности се религиозни,ама единствени за кои мислам дека би крахирале морално ако нема религии , се баш тие групи на луѓе, луѓе со слаб карактер.
Инаку се си е индивидуално,може да биде верски фанатик и пак да го скрши моралниот закон или пак може да биде неверник и да го направи истото. Се зависи од самиот човек.

Порано луѓето можат да се контролират оти голем процент беа неписмени. Сеа тој процент е се помал и помал со појавата на Интернетот и достапноста на литература. Затоа и опаѓа мислам популарноста на религијата.

Али дека Исус,Алах,Анубис,Секмет,Тор,Хефест итн се главни причинители на појава на морал кај човекот не се слагам.
 
Порано луѓето немале современи начини како да ги откријат злосторниците и морале да измислат некоја семоќна, виша, сила наречена Бог која гледала се, за луѓето да имаат страв и да се дисциплинираат.
Одрекувај ја религијата колку сакаш ама историски гледано има одиграно голема улога во воспоставувањето и владеењето на редот и мирот.
И исто така преку практицирање и изучување религија се совладуваат вештините на човечност и морал.
И не заборавај дека писменоста доаѓала преку религиските школи.
Немора ти да бидеш религиозен,биди си тоа што сакаш да си. И имај предвид дека пропагирајќи НЕРЕЛИГИЈА всушност си ист како религија...ги тераш луѓето да ги прифатат твојте ставови а тие што одрекуваат се...ај да кажам ИНФИДЕЛС :)
 
Религиите се најголемиот хендикеп на човештвото.
Затоа сме толку заостанати.
Поради нивната ебана репресија и ограничување.
Не е вистина. Не знам какво би било општеството без религијата, но знам дека вака, со неа, сосем е добро.
Што точно те ограничува религијата? Ама реално нафрли некој пример.
 
Не е вистина. Не знам какво би било општеството без религијата, но знам дека вака, со неа, сосем е добро.
Што точно те ограничува религијата? Ама реално нафрли некој пример.

Па незнаеш зошто цел живот си опкружен само со религија и незнеш ништо друго. Еве јас комплетно сум отфрлил како ретардирано се што е религиозно па сепак не одам да убивам луѓе, да крадам или да правам штети. Знаеш колку нерелигизони луѓе има на светов? 95 % од научинците се атеисти, па што не убиваат, крадат палат?
Нема врска, религијата само не уназадила два милениума со развојот, ништо повеќе не направила.

@ Direct X

Редот и мирот бил одржуван од страна на властите, а не религијата. Преку изучување и практицирање на религија се учат НИВНИТЕ морални вредности, а не некои унверзални, кои се однесуваат на секој човек без разлика на нација, раса или пол.
Пример, во христијанствот морална вредност е да имаш една жена, ви исламот морална вредност е да имаш повеќе. Отвори само коран и библија и ќе видиш вредности еден куп. Се тоа се нивни толкувања, и неможе да се земат како универзални, ама за жал религиите тоа насилно го противат.
 
Не е вистина. Не знам какво би било општеството без религијата, но знам дека вака, со неа, сосем е добро.
Што точно те ограничува религијата? Ама реално нафрли некој пример.
Те ограничува на сите полиња. Го ограничува творечкиот капацитет на човекот, ја забранува креативноста, ги ограничува моралните вредности.
Почни од било кое поле. Уметност. Забрана за слободно сликање, ова би требало да ти е познато ако си муслиман.
Медицина, биологија, кога станува збор за употреба на презервативи, клонирање, ин витро оплодување, обрежување и сл. На еден или друг начин, ако религијата беше во прашање некои работи мора да се случат колку и да се погрешни (обрежување) а некои се строго забранети иако се од огромна корист.

Астрономија, центарот на вселената е Земјата, ти текнува? Стотици луѓе умреа насилно бидејќи го тврдеа спротивното - вистината. Впрочем како и се до Темното доба, кое ако имаш читано, сигурно ти е познато. Тотално ограничување на човековите способности, забрана за творење, забрана за изнесување на мислење поразлично од религиското итн. Ова денес е надминато во современиот свет, но за жал не и во муслиманскиот.

Музика? Мада тоа спаѓа под уметност (како и филм и сл)

Доволни се примери или треба да набројуваме уште? Факт е дека сите од гореспоменатите работи биле некогаш или сега забранети од различни религии.

Дали те ограничува религијата? -Апсолутно.
 
Не е вистина. Не знам какво би било општеството без религијата, но знам дека вака, со неа, сосем е добро.
Што точно те ограничува религијата? Ама реално нафрли некој пример.

Несмееш да јадеш свинско, мораш да се обрежеш и мора да земеш жена муслиманка. Ова мислам дека важи во твојот случај.
Next, please!
 
Што точно те ограничува религијата? Ама реално нафрли некој пример.

Пример, се заљубам во жена муслиманка. Уште од одма сум ограничен, и таа е ограничена со сите тие муслимански филмови. За да се земам со нејзе ќе треба да се исламизирам, инаку ќе ја избркаат од од дома. А па уште она ако отфрли ислам! Готово ја утепаа таткото и браќата. Ај кажи ми дека ова не е ограничување. И тоа поради ништо друго туку морални вредности типични за таа религија.
--- надополнето: 22 јули 2012 во 02:53 ---
Можам да ти набројам уште милион примери како христијанството го попречувало и сеуште го попречува научниот развој. Како исламот шири верска омраза базирана баш на тие вредности, кои само ограничуваат комуникација меѓу луѓето. Религијата ја ограничува човечката имагинација, и ја витка во страв од нешто невидено и непостоечко.
Сите оние догми мислиш дека не ограничуваат? Ако некој ограничува тоа е религијата, може капа да и се симне за ограничувања.
 
Религиите ги ограничуваат ограничените и мрзливите.Оној кој сака да научи религиите не му претставуваат никаков синџир кој би го оневозможил да дојде до вистината.
На светов има два типа на луѓе без кои би бил подобро место оние кои не веруваат во ништо и оние кои веруваат во се.
Ако човекот е скептик и постојано се сомнева порано или подоцна ќе дојде до вистината.
 
Пример, се заљубам во жена муслиманка. Уште од одма сум ограничен, и таа е ограничена со сите тие муслимански филмови. За да се земам со нејзе ќе треба да се исламизирам, инаку ќе ја избркаат од од дома. А па уште она ако отфрли ислам! Готово ја утепаа таткото и браќата. Ај кажи ми дека ова не е ограничување. И тоа поради ништо друго туку морални вредности типични за таа религија.
--- надополнето: 22 јули 2012 во 02:53 ---.

Тие таквите работи се екстремизми, тоа се работи за оние луѓето кои неможат да се контролираат себеси, па потребно е нешто подобро од “игла“ да ги смири. Таквите луѓе, што ги почитуваат тие “муслимански филмови“ вие што ги нарекувате, јас открив дека се луѓе без карактер. Без лични особини, со една голема силуета составена од екстремен пасивизам. Таквите се плашливи да се соочат со животот надвор од дома и ја користат сега ново-компонираната религија, поточно нејзините учења за да си се утешат..

Братучетка ми, неодамна се унесе во ваквите работи. Почна да чита книги во врска со вистинскиот ислам, како да се пронајдеш себе си (демек една книга ќе ти каже и ти на 19 години све има да знаеш што да правиш во животот) и како да имаш вечен мир.
Нејзе училиштето не и' одеше баш од рака, па кога тоа тргна она се сврте кон религијата.
Нејзе социјалниот живот не и' одеше баш од рака, па се сврте кон религијата.
Она нема свој став.
Мисли дека религијата и' претставува излез од сите работи, еден репер за однесување во животот. Искуството не сака да го добие на друг, поинаков начин...

И да, не се сите жени муслиманки такви, познавам многу кои си ја почитуваат религијата, ги вршат постите и празниците, но не одат во екстремни случаи и ДРУГИ луѓе да убедуваат (како што знам со поедини случаи) да преминат на другата страна.

Сево ова ми мириса на една нова идеологија која рапидно се шири, злоупотребувајќи ги вистинските религиски нешта. Еден вид диктатура, но од капиталистичко потекло.
Ако има пари од ова и јас ќе почнам да си водам една идеологија, па нека биде што биде..Глеам немора многу да се вложува.
 
554915_416476715057967_1908799226_n.jpg
 
Религиите ги ограничуваат ограничените и мрзливите.Оној кој сака да научи религиите не му претставуваат никаков синџир кој би го оневозможил да дојде до вистината.
На светов има два типа на луѓе без кои би бил подобро место оние кои не веруваат во ништо и оние кои веруваат во се.
Ако човекот е скептик и постојано се сомнева порано или подоцна ќе дојде до вистината.


Абе тоа е ОК, али не ми треба религијата да ми ја каже вистина. Која вистина? Нели е грев да знаеш све пред време?
 
Религиите ги ограничуваат ограничените и мрзливите.

Молам?? Ај уште еднаш формулирај што сакаш да кажеш, зошто ова нема никаква логика.

Оној кој сака да научи религиите не му претставуваат никаков синџир кој би го оневозможил да дојде до вистината.

Напротив, религиите се тие кои НИВНАТА догма ја пропагираат како апсолутна вистина. Истото го прават и со моралните вредности.


На светов има два типа на луѓе без кои би бил подобро место оние кои не веруваат во ништо и оние кои веруваат во се.
Ако човекот е скептик и постојано се сомнева порано или подоцна ќе дојде до вистината.

Епа извини ама неможам да кажам дека земјата е истовремено и рамна и тркалезна, кога знам дека е тркалезна. Незнам како светот би бил подобар со луѓе за кои земјата е малку тркалезна и малку рамна.... А и тоа го прават религиите, сите си имаат двојни стандарди за "нивните" морални вредности.
А тоа дека ако човек е скептик ќе дојде до вистината е точно. Најпаметно нешто што можеш да бидеш е да си скептик. Ама и скептицизмот си има граница, неможеш да си скептичен во врска со факт, можеш да си скептик само со недокажано тврдење.
 
Абе тоа е ОК, али не ми треба религијата да ми ја каже вистина. Која вистина? Нели е грев да знаеш све пред време?
Тебе не ти треба на некој му треба.Беспотребна е темава, јас ја сваќам целта на авторот ,но начинот на кој се обидува да го постигне е погрешен.
Може 1000 теми да отвори и пак џабе му е ако некој сака да верува не можеш ниту да го допреш ,а уште помалку премислиш.
Кај секој поединец промената мора да дојде од внатре или кажано со други зборови мора самиот/а да се смениш никој не може да те натера на тоа ако не сакаш.
Но, за да дојде таа промена мораш да сакаш да учиш и научиш и самиот да дојдеш до вистината која суштински ќе те промени тебе и начинот на кој размислуваш.
Голтање на готова вистина се надевам не мора да објаснувам зошто не е во ред. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom