Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
ц ц ц, што направи Сорос, и европска унија ја растури. Раздели, па владеј. Лошотилак, што (не)човек ќе беше.
 
Туф, туф, туф сарказам како од најлошите скечеви на Мистер Бин и британски пензионер кој мисли дека кралицата е гуштер...Не се само глупави тие што гласаа за излегување, туку беа доста и неинформирани.

Пред да почнеме да дискутрираме информирај се за тоа кои би биле придобивките и негативните работи за Британија, па да соочиме аргументи кој е глупав.
Јас на нити едно место со нити еден коментар не покажав никаква благонаклоност за резултатите од референдумот. Нити им се ситам на Британците нити ги жалам останатите. Разликата помеѓу мене и скоро сите тука е што јас референдумот го сфаќам како завршена работа. Точка, крај. Народот беше прашан и тој си го кажа своето. Неговата одлука е таква каква што е му се допаѓало тоа некому или не. Ни на крај на памет ми падна да си правам тука филмови како резултатот од истиот да се заобиколи или преиначи пошто мене не ми се допаѓал истиот. Очекувам политичарите во В. Британија како демократија до вековна традиција да ја почитуваат одлуката на нивниот народ и да ги спроведат нивните желби во дело најдобро и најбрзо што можат. Ако наместо тоа пробаат на било кој начин да ја заобиколат нивната желба искажана на референдумот тогаш толку од демократијата таму и традицијата што ја граделе со векови. Ако таму помине таква работа како поништување на вољата на граѓаните искажана на референдум тогаш ние со двајстина години демократија и супер сме.
 
Ова го видовте ли?

We must act to prevent countries from fleeing EU – Merkel

escape_from_the_EU.jpg
 
Се е исто кај нас. Како ќе ја нареди Груевски така ќе биде. Дали на референдум дали само формално, зборот на пастирот посекако ќе се исполни.
Тоа е твое мислење и став. Јас ете не мислам така, но сепак тоа не е одговор на прашањето кое јас го поставив и ти многу добро го знаеш тоа.
 
Стварно овие европскиве окупатори што прават нема смисла. На цела источна европа и ги изградија автопатите и ја обновија цела инфраструктура. Мислам срамота голема. Подитно да си земат земјоделските субвенции, да размонтираат автопатите да си ги земат енергетските проекти и да се вратат дома. Одма волксваген да ја продаде шкода и да се врати како што беше на времето.
Ispushti da kazhesh deka isto taka gi zadolzhija do koska.
 
Зар сеуште верувате во случајности и во гласот на народот?
Одлуката за брекзит е одамна донесена и нема никаква врска со британскиот народ и со референдумот. Има милион начини како се манипулира со човековото мислење. Првиот(но не и единствениот) и најочигледниот се медиумите Обичниот човек не е никаков фактор во донесувањето на ваквите крупни одлуки. Кога може во РМ багра од насилници да мести избори, рачунајте колкави се можностите на некој со неограничени средства, кој контролира 2.2 милијарди луѓе.

Дали тоа е позитивно или негативно? Зависи од ситуација до ситуација и од тоа кој те води.
Во конкретниов случај британските елити отсекогаш излегувале како победници, така што ако сум британец не би се грижел многу околу иднината.
При проценките за иднината првата работа што треба секој да ја направи е да ја разлиста историјата. А таа кажува дека британската имерија ќе си остане на врвот на светскиот поредок.
 
Излез од Европска Униjа незнам дали ќе има, ама ќе летаат од Европско првенство ако играт вака и второ полувреме. England - Iceland 1:2 :pos:
 
Тоа е твое мислење и став. Јас ете не мислам така, но сепак тоа не е одговор на прашањето кое јас го поставив и ти многу добро го знаеш тоа.

Зошто би се гласало на референдум кога политичките партии кои што сме ги избрале да ја водат државата едно од основните цели им е членство во ЕУ и НАТО.

Во Британија дојде до референдум само поради тоа што Камерон се заложи за истиот како изборно ветување оти му требаа гласовите од евроскептиците за да победи на изборите. Ама тој блеф му се удри опасно од глава и сега ќе се случува што ќе се случува.
 
Рој Хоџсон им покажа како се прави тоа во 90 минути. А не ова фејкериве чекај ова она 50то поглавје к се тресе. Фукни го Рој за прајм министер и леташ ко говно за час.
 
Зошто би се гласало на референдум кога политичките партии кои што сме ги избрале да ја водат државата едно од основните цели им е членство во ЕУ и НАТО.

Во Британија дојде до референдум само поради тоа што Камерон се заложи за истиот како изборно ветување оти му требаа гласовите од евроскептиците за да победи на изборите. Ама тој блеф му се удри опасно од глава и сега ќе се случува што ќе се случува.

Многу точен пример за фашизам, божем има неколку партии, но се тоа е една фашистичка елита и го држи на сила народот во ЕУ. Така ја организираш таа пирамида да народот неможе да направи своја партија, од организационо, финансиско и пропагандно ниво, така да никогаш неможе да излезе од ЕУ ропството.

Викаш дека вие отворените демократи на Сорос не сакате народот да одлучува дирекно на референдум, тоа не било во ред, не е демократски?

По самите отпорни точки што ви ги пуштаат шефовите е јасно дека ИСИС, ЕУ халифатот, САД, Сорос се едно исто.
 
Од друга страна во Русија пак, партии на народот секој втор понеделник искачаат. И тоа јаки партии, колена да му се тресат на царот. Ама он демократски наоѓа начин да ги победи.

Британија не излезе од ЕУ ради подобар живот, излезе ради курч моментот. На Британецот нема да му се подобри животот во никоја смисла. И надвор од ЕУ ако страда ЕУ ќе страда Британија.

ЕУ било ропство а он 10 пати на избори гласа за политика која отворено кажува дека не води во ЕУ односно ропство.
 
Од друга страна во Русија пак, партии на народот секој втор понеделник искачаат. И тоа јаки партии, колена да му се тресат на царот. Ама он демократски наоѓа начин да ги победи.

Британија не излезе од ЕУ ради подобар живот...

Тоа е делумно точно, но алтернативата е да ја загубиш државата поради насилно депортирање и населување на маси народ во твојата држава, да го загубиш суверенитетот.
Секој нормален би избрал да живее помалку богато но да си ја запази државата.

Колку до Русија, таму власта можеби е за народот, сегашната да е добра и така сто години да е на власт. Ако Путин слично на Камерон каже да правиме општа држава со Кина еден народ една голема држава, е јасно дека целиот руски народ ќе се влее во кинескиот и ќе исчезне. Тука е таа голема разлика меѓу БРИКС, ШОС, ЕАС и фашистичка ЕУ. Основните начела таму се взаемно згодни односи, без уцени, права на педерите, федерации и конфедерации, не е задолжително да се гласа и разни санкции и притисоци од рајхот.
 
Последно уредено:
Во неговата држава и натаму ќе се населуваат имигранти во идентичен број како и до сега без разлика што се надвор од ЕУ. И натаму доселувањето на мигрантите што според тебе значи губење на држава ќе постои како закана. Самите политичари кои беа на leave страната го потврдија тоа само се правдаа дека мислеле на поголема контрола. Па таа контрола и до сега ја имаа. Парите што се двале за во ЕУ искочи дека се помалку од тие во кампања односно 350 миљона неделно и плус го сменија мислењето дека тие пари нема да се преусмерат во NHS. Рекоа во кампања дек не им треба еден пазар за сега да викаат дека им треба пристап до тој пазар со редефинирани услови.

Направија страшна поделба во државата или кралството како сакаш кажи го, и тој нормалниот што ти го викаш, многу веројатно ќе остане и без таа држава или кралство во кое се колнел цел живот. Ама во ерата на Ким Кардашијан, зарем некој очекуваше поинаку да биде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom