Max Legend
The black swordsman
- Член од
- 27 септември 2010
- Мислења
- 4.339
- Поени од реакции
- 6.479
- Возраст
- 41
- Локација
- Somewhere in Midland
Каков социјален канибализам?
Можеби малку претерано, но колку што ја следам кризата со примањето на 1,5 милиони лица од Блиски Исток/Северна Африка и следствено порастот на криминал, растење на етнички/верски тензии и цензурата од државни медиуми за се што е поврзано со тоа - додуша не е само државата вмешана во тоа, порастот на АФД, конфликтите и фракционерството во партијата на Меркел, се позачестените изјави за проруско пријателство после санкциите кон Русија, плус нов бран на мигранти кои ќе се упатат кон Германија (да не бидеме наивни, Турција нема да одигра чесно со новиот договор, другите ЕУ членки кои се на трасата нема ни да помислат да примаат или да почитуваат наредби од повисоки инстанци за примање мигранти). Разјадувањето само ќе расте, од една страна јавно изразен револт, од друга страна негов обид за прикривање и потиснување од страв да нема жигосување со наци етикета поради принципите на алтруизам кај денешните германци. А криење на работите под тепих не вродуваат со плод.